Makita VR001C Instruction Manual page 184

Battery powered concrete vibrator
Hide thumbs Also See for VR001C:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
10. Не користете и не расклопувајте го полначот ако
има примено силен удар, бил пуштен или на друг
начин бил оштетен; однесете го кај квалификуван
сервисер. Неправилно користење или повторно
склопување може да предизвика ризик од струен
удар или пожар.
11.
Кога ги полните батериите, правете го тоа во
внатрешна средина со амбиентална температура
од 10°C (50°F) до 40°C (104°F). Не полнете ја
батеријата кога собната температура е ПОД
10°C (50°F) или НАД 40°C (104°F). На студена
температура, полнењето може да не започне.
Важни безбедносни упатства за батерија
1.
Пред користење на батерија, прочитајте ги
сите упатства и ознаки за внимателност на
(1) полначот за батерија, (2) батеријата и (3)
преносната батерија.
2.
Не расклопувајте ја и не менувајте ја неовластено
батеријата. Тоа може да доведе до пожар,
прекумерна топлина или експлозија.
3.
Ако времето на работење станало исклучително
пократко, веднаш престанете со работење. Тоа
може да доведе до ризик од прегревање, можни
изгореници, па дури и експлозија.
4.
Под тешки услови како што е висока температура,
батеријата може да испушти течност. Немојте
невнимателно да ја допирате испуштената
течност. Таа може да предизвика иритација или
изгореници. Во случај со мала веројатност, ако
течноста од батеријата навлезе во вашите очи
или во вашата кожа, веднаш исплакнете со чиста
вода како вода од чешма, а потоа побарајте
медицинска помош.
5.
Не предизвикувајте краток спој на батеријата:
(1)
не допирајте ги терминалите со каков било
спроводлив материјал.
(2)
избегнувајте складирање на батеријата во
сад со други метални предмети како што се
шајки, парички и сл.
(3)
не изложувајте ја батеријата на вода или
дожд.
Краток спој на батерија може да предизвика
силен проток на струја, прегревање, можни
изгореници, па дури и расипување.
6.
Не внесувајте ја батеријата во спроводлив
материјал како што е вода и не ставајте
спроводлив материјал како што е вода во
внатрешноста на батеријата. Тоа може да
предизвика краток спој кој може да доведе до
прегревање, пожар, кинење или експлозија.
7.
Не полнете ги, не складирајте ги и не користете ги
вибраторот и преносната батерија и батеријата на
места каде што температурата може да достигне
или надмине 50 °C (122 °F).
8.
Не согорувајте ја батеријата дури и ако е многу
оштетена или целосно потрошена. Батеријата
може да експлодира во пожар.
12. Не обидувајте се да користите трансформатор
за зголемување напон, генератор за мотор или
приклучница за еднонасочно напојување.
13. Отворите на полначот се процепи за ладење и
не треба да се блокираат. Недоволното ладење
влијае на времето на полнење. Се препорачува
периодична проверка на процепите за ладење.
9.
Не продупчувајте ја, не сечете ја, не кршете ја,
не фрлајте ја, не испуштајте ја и не удирајте
ја батеријата од цврсти предмети. Таквото
однесување може да доведе до пожар,
прекумерна топлина или експлозија.
10. Не користете батерија што паднала или е
оштетена на кој било начин.
11.
Литиум-јонските батерии што се вклучени се
подложни на барањата на легислативата за
опасни стоки.
За комерцијални транспорти, пр. од трети страни,
шпедитерски агенти, посебните барања на
пакувањето и означувањето мора да се следат. За
подготовка на стоката што треба да се испорача,
потребно е консултирање на експерт за опасни
материјали. Исто така следете ги веројатно
подеталните национални прописи. Залепете ги
или сокријте ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на таков начин да не може да се
движи во своето пакување.
12. Кога ја вадите батеријата, извадете ја од
преносната батерија и оставете ја на безбедно
место. Следете ги вашите локални прописи во
врска со фрлањето на батеријата.
13. Користете ја батеријата само со производите
посочени од Makita. Инсталирањето на батеријата
во несоодветни производи може да доведе до
пожар, прекумерна топлина, експлозија или
истекување на електролит.
14. Ако вибраторот не се користи долг временски
период, батеријата мора да се извади од
преносната батерија.
15. Чувајте ја батеријата подалеку од деца.
16. Во текот на и по користењето, батеријата може да
е жешка што може да предизвика изгореници или
изгореници при ниска температура. Внимавајте
при ракувањето со жешки батерии.
17. Не допирајте го терминалот на батеријата веднаш
по користењето бидејќи може да стане доволно
жежок да предизвика изгореници.
18. Не дозволувајте мали парченца, прав или
нечистотија да заглават во терминалите,
отворите и жлебовите на батеријата. Тоа може
да доведе до слаби перформанси или дефект на
вибраторот или батеријата.
19. Не допирајте ги терминалите на батеријата што
се полни со метални или други предмети.
184 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Vr002cVr003cVr004c

Table of Contents