Makita VR001C Instruction Manual page 179

Battery powered concrete vibrator
Hide thumbs Also See for VR001C:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
безбедносни предупредувања и сите упатства.
Доколку не ги следите предупредувањата и
упатствата може да настане струен удар, пожар
и/или сериозна повреда.
Зачувајте ги сите предупредувања
и упатства за понатамошна
употреба.
Терминот „електричен алат" во предупредувањата
се однесува на вашиот електричен алат што користи
електрично напојување (жичен) или батерија
(безжичен).
Безбедност на работното место
1.
Одржувајте го работното место чисто и добро
осветлено. Несредени или темни области
привлекуваат несреќи.
2.
Не работете со електрични алати во експлозивни
атмосфери, како во присуство на запаливи
течности, гасови или прав. Електричните алати
создаваат искри кои можат да ја запалат правта
или испарувањата.
3.
Чувајте ги децата и минувачите понастрана додека
работите со електричен алат. Одвлекувањата на
вниманието може да предизвикаат да ја изгубите
контролата.
Електрична безбедност
4.
Приклучоците на електричниот алат мора да
одговараат на приклучницата. Никогаш не
менувајте го приклучокот на каков било начин.
Не користете никакви приклучоци со адаптер со
заземјени (поврзани на заземјување) електрични
алати. Немодификувани приклучоци и соодветни
приклучници ќе го намалат ризикот од струен
удар.
5.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени или
површини поврзани со заземјување како што се
цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Има
зголемен ризик од струен удар ако вашето тело
е заземјено или поврзано на заземјување.
6.
Не изложувајте ги електричните алати на дожд
или влажни услови. Вода која навлегува во
електричен алат ќе го зголеми ризикот од струен
удар.
7.
Не злоупотребувајте го кабелот. Никогаш не
користете го кабелот за носење, влечење или
исклучување на електричниот алат. Чувајте
го кабелот подалеку од топлина, масло, остри
рабови или подвижни делови. Оштетени или
заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од
струен удар.
ЕЛЕКТРИЧЕН АЛАТ
Прочитајте ги сите
179 МАКЕДОНСКИ
8.
Кога работите со електричен алат надвор,
користете продолжен кабел соодветен за
надворешно користење. Користење кабел
соодветен за надворешно користење го намалува
ризикот од струен удар.
9.
Ако работењето со електричен алат на влажно
место е неизбежно, користете електрично
напојување со заштитен уред за диференцијална
струја (ЗУДС). Користење ЗУДС го намалува
ризикот од струен удар.
Лична безбедност
10. Бидете внимателни, пазете што правите и
користете го здравиот разум кога работите со
електричен алат. Не користете електричен алат
додека сте изморени или под влијание на дроги,
алкохол или лекови. Момент на невнимание
додека работите со електрични алати може да
предизвика сериозна лична повреда.
11.
Користете лична заштитна опрема. Секогаш
носете заштита за очи. Заштитна опрема како
маска за прав, нелизгачки заштитни чевли, шлем
или заштита за слух што се користат за соодветни
услови ќе ги намалат личните повреди.
12. Спречете ненамерно стартување. Уверете се
дека прекинувачот е во положба исклучено
пред да го поврзете на извор на напојување и/
или батерија, пред да го подигнете или носите
алатот. Носењето на електричните алати со
вашиот прст на прекинувачот или на вклучени
електрични алати на кои прекинувачот им е
вклучен привлекува несреќи.
13. Извадете секаков клуч за прилагодување или
одвртување пред да го вклучите електричниот
алат. Клуч за прилагодување или одвртување
оставен прикачен на ротирачкиот дел на
електричниот алат може да доведе до лична
повреда.
14. Не пресегнувајте се. Одржувајте соодветно
газиште и рамнотежа во секое време. Ова
овозможува подобра контрола на електричниот
алат во неочекувани ситуации.
15. Облекувајте се соодветно. Не носете широка
облека или накит. Чувајте ја вашата коса, облека
и ракавици подалеку од деловите што се движат.
Широка облека, накит или долга коса може да
бидат фатени во деловите што се движат.
16. Ако уредите имаат можност за поврзување на
делови за извлекување и собирање на прав,
уверете се дека тие се поврзани и правилно се
користат. Користењето делови за собирање прав
може да ги намали опасностите поврзани со прав.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Vr002cVr003cVr004c

Table of Contents