Makita VR001C Instruction Manual page 181

Battery powered concrete vibrator
Hide thumbs Also See for VR001C:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
8.
Ракувајте и одржувајте го овој производ
соодветно за да осигурите безбедно работење.
9.
Кога ќе го позајмите овој производ на друго
лице, уверете се дека сте му ги обезбедиле и
упатствата и целосно објаснете му го безбедното
и правилното користење на производот.
10. Спецификациите во овој документ се подложни на
промена без известување поради модификација.
Безбедносни предупредувања за вибратор за бетон
1.
Ставете заштитен шлем, ракавици против
вибрација, заштитни чизми, заштита за слух,
заштита за лице (заштитни очила и маска)
и безбедносен појас пред да го користите
вибраторот.
2.
Кога работите, носете долги ракави и долги
панталони и изложеноста на кожата сведете ја на
минимум за да избегнете оштетување на кожата
предизвикани од летечки остатоци од бетон кои
се прилепуваат на кожата.
3.
Кога го користите вибраторот во близина на
стапалата или на места кои не се многу длабоки,
бетонот може да се распрска наоколу. Користете
заштита за лице (заштитни очила и маска) да ги
заштитите вашите очи и уста. Носете заштита за
слух кога работите на бучни места.
4.
Уверете се дека е поставена подлога за газење
кога работите во подрачја со лошо газиште како
што е бетонско железо.
5.
Бидејќи производот има долго црево, постои
ризик од повреда поради сопнување или
правење погрешен чекор ако цревото се закачи
на бетонско железо во текот на работењето или
движењето, или ако движењето е ограничено
со ставање нешто врз цревото. Исто така, ако
производот е оставен на места каде минуваат
луѓе кога работата е запрена, тоа може да
предизвика потфаќање на нечија нога и да доведе
до тоа некој да падне или да биде повреден.
Внимавајте кога ракувате со црева и кабли.
6.
Долготрајното користење на вибраторот или
работење со вибраторот при невообичаена
положба на телото може да доведе до напор
на телото. Уверете се дека правите соодветни
паузи за да избегнете замор или повреда. Исто
така, доколку чувствувате болка или отрпнатост
во вашите дланки, раце, рамења или грб додека
го користите производот, веднаш престанете со
користење и добијте соодветен третман.
11.
Овој производ соодветствува со овие EMC
стандарди: EN61000-6-2 / EN61000-6-4.
Овој производ не соодветствува со овие EMC
стандарди: EN61000-6-3 / EN55014-1.
12. Кога го користите овој производ во близина на
други електрични уреди, тој може да предизвика
радиоинтерференција.
Тогаш, корисниците на овој производ може ќе
биде потребно да преземат соодветни мерки.
7.
Деловниот субјект што го користи овој вибратор
за бетон мора да определи работно време и
мора да направи напори да спречи нарушување
на здравјето на работниците кое би произлегло
од вибрацијата.
Погледнете го делот „ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА
ВИБРАЦИЈА" за детали за силата на вибрација
на вибраторот.
Следете ги релевантните законски барања
и упатства на земјата каде што се користи
вибраторот.
8.
Кога привремено ќе запрете с о работа,
складирајте го производот на безбедно место.
Ако е оставен во некој премин, може да ве
сопне и да предизвика да паднете или да се
повредите. Ако се појави некаква абнормалност
или неправилно работење, веднаш исклучете ги
сите електрични извори, запрете со користење
и извадете ја преносната батерија. За проверка
и поправки, контактирајте го вашиот локален
oвластен сервисен центар на Makita.
9.
Склопот на главата на овој производ се лади
така што се става во подготвен бетон. Затоа, не
користете го надвор од подготвениот бетон (на пр.
во воздух). Постои можност моторот да прегори.
10. Не работете со склопот на главата во воздух. Кога
работи во воздух, вибраторот достигнува 100°C
(212°F) или повеќе за неколку минути и вие може
да добиете изгореница откако ќе го допрете.
11.
Склопот на главата станува жежок при работење.
По користење, внимавајте да не го допрете.
Постои ризик од изгореници.
181 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Vr002cVr003cVr004c

Table of Contents