Makita VR001C Instruction Manual page 182

Battery powered concrete vibrator
Hide thumbs Also See for VR001C:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
12. Не ставајте и не испуштајте никакви тешки
предмети на кабелот или цревото. Тоа може да
го оштети кабелот и да предизвика дефект.
13. Не нишајте го склопот на главата со држење
на цревото или кабелот. Постои можност тоа
да предизика повреда или оштетувања на
предметите во близина.
14. Прекинувачот за напојување треба да се ВКЛУЧИ/
ИСКЛУЧИ само кога склопот на главата не е
поставен во подготвениот бетон.
Ако напојувањето се ИСКЛУЧИ кога вибраторот е
во подготвениот бетон, може да не сте во можност
да го извадите склопот на главата. Насилното
извлекување може да предизвика повреда.
15. Не вклучувајте го вибраторот кога не го држите
или ако е оставен на земја. Склопот на главата
може да се заврти без контрола и да предизвика
несреќа.
16. Не применувајте сила и не поставувајте го
вибраторот помеѓу бетонското железо или
бетонската оплата со склопот на главата. Во
спротивно, склопот на главата може да се оштети
и да го прегори моторот.
17. Кога користите вибратор поврзан на преносна
батерија, уверете се дека работите сами.
Работењето на две лица, при што едното го
држи вибраторот, а другото одделно ја држи
преносната батерија, може да предизвика
несреќа или повреда.
18. Кога го пренесувате или складирате производот,
уверете се дека го пренесувате со исклучена
преносна батерија. Ако напојувањето е оставено
вклучено, тој неочекувано може да стартува,
предизвикувајќи несреќа или повреда.
19. Склопот на главата на овој производ не треба
да се користи на цврсти површини како што е
стегнат бетон или челична плоча. Постои можност
лагерите да изгорат и роторот да се расипе.
20. Не влечете го и не обесувајте го кабелот некаде
кога ставате бетон или го пренесувате бидејќи
приклучокот може да се олабави и може да
предизвика кинење на кабелот или дефект на
струјното коло.
21. Куќиштето на инверторот содржи прецизни
електронски уреди. Не пуштајте го, не фрлајте го,
не газете на него и не подложувајте го на силни
удари.
22. Кога го ставате или вадите конекторот, уверете
се дека сте ја ставиле преносната батерија на
ИСКЛУЧЕНО. Ако конекторот е вклучен или
исклучен додека напојувањето е ВКЛУЧЕНО, тоа
може да предизвика неправилно работење.
23. За да спречите слаб к онтак т, исчистете
секаква нечистотија или 'рѓа од терминалите
на приклучокот пред цврсто да ги ставите во
излезниот штекер на преносната батерија.
Слабиот контакт со приклучокот е една од
главните причини за дефект како што се
прегорување на моторот и оштетување на
струјното коло.
24. Преносната батерија што се поврзува на овој
производ користи литиум-јонска батерија.
Заштитете ја батеријата од силни удари, не
прскајте вода на батеријата и не ставајте ја
батеријата блиску до жешки места. Тоа може да
доведе до неправилно работење, струен удар
или пожар.
25. Кога ќе се појави абнормалност, веднаш запрете
со работење. Во спротивно, тоа може да
предизвика пожар, струен удар или повреда.
26. Не користете го производот во присуство на
запаливи течности, гасови или прав. Тоа може
да предизвика запалување или експлозија.
27. Не обидувајте се да го раск л опите или
модификувате овој производ. Тоа може да доведе
до струен удар, прегревање, кинење или пожар.
28. Не користете го вибраторот при дожд.
29. Не мијте го вибраторот со вода.
182 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Vr002cVr003cVr004c

Table of Contents