Makita VR001C Instruction Manual page 180

Battery powered concrete vibrator
Hide thumbs Also See for VR001C:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Користење и грижа за електричниот алат
17. Не применувајте сила врз електричниот алат.
Користете го вистинскиот електричен алат за
вашата примена. Вистинскиот електричен алат
ќе ја изврши работата подобро и побезбедно со
брзината за која е дизајниран.
18. Не к ористете го елек тричниот алат ак о
прекинувачот не се вклучува и исклучува. Секој
електричен алат што не може да се контролира
со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
19. Исклучете го прекинувачот од електричниот
извор и/или батеријата од електричниот алат
пред да правите какви било прилагодувања, да
менувате прибор или да складирате електрични
алати. Таквите превентивни безбедносни мерки
го намалуваат ризикот од случајно активирање
на електричниот алат.
20. Складирајте ги електричните алати во мирување
подалеку од дофат на деца и не дозволувајте
лица незапознаени со електричниот алат или
со овие упатства да работат со електричниот
алат. Електричните алати се опасни во рацете
на необучени корисници.
21. Одржувајте ги електричните алати. Проверете
за неусогласеност или споеност на подвижните
делови, кршење на делови или кои било други
состојби што може да влијаат на работењето на
електричниот алат. Ако е оштетен, поправете
го електричниот алат пред користење. Многу
несреќи се случуваат поради лошо одржувани
електрични алати.
22. Одржувајте ги алатите за сечење остри и чисти.
Соодветно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење имаат помала веројатност да
се заглават и се полесни за контрола.
23. Користете го електричниот алат, приборот и
бургиите за алатот и сл. во согласност со овие
упатства, земајќи ги во предвид работните услови
и работата што треба да се изврши. Користењето
на електричниот алат за операции поинакви од
оние за кои е наменет може да доведе до опасни
ситуации.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ПРОИЗВОД
1.
Овој производ е вибратор за набивање бетон. Не
користете го вибраторот за која било друга цел.
2.
Уверете се дека внимателно сте го прочитале
и разбрале ова упатство за работа пред да го
користите производот за да можете со истиот
да работите безбедно и ефикасно. Несоодветно
користење на машината може да доведе до
повреда или дефект на машината. Чувајте го ова
упатство за идно користење.
3.
Овој производ треба да се користи со поврзување
на истиот на преносната Makita батерија
„PDC01" или „PDC1200". Исто така, прочитајте
го упатството за работа за преносната батерија
и полначот за батерија.
Користење и грижа за батериски алат
24. П ол н ете с а м о с о п ол н ач от н а вед е н од
производителот. Полнач кој е соодветен за еден
тип на батерија може да создаде ризик од пожар
кога се користи со друга батерија.
25. Користете електрични алати само со конкретно
назначени батерии. Користење на поинакви
батерии може да доведе до ризик од повреда и
пожар.
26. Кога батеријата не се користи, чувајте ја
понастрана од други метални предмети, како што
се спојувалки за хартија, парички, клучеви, шајки,
шрафови или други мали метални предмети кои
може да направат спој од едниот електричен
пол на другиот. Предизвикувањето краток спој
на електричните полови на батеријата може да
предизвика изгореници или пожар.
27. Под несоодветни услови, од батеријата може
да истече течност; избегнувајте контакт. Ако
случајно дојде до контакт, измијте со вода. Ако
течноста стапи во контакт со очите, дополнително
побарајте медицинска помош. Течноста истечена
од батеријата може да предизвика иритација или
изгореници.
Сервис
28. Сервисирајте го вашиот електричен алат кај
квалификуван механичар со користење само
на идентични резервни делови. Ова ќе осигури
безбедноста на електричниот алат да биде
зачувана.
29. Следете ги упатствата за подмачкување и
менување прибор.
30. Одржувајте ги рачките суви, чисти и без масло и
маст.
4.
Никогаш не користете го овој производ додека
е поврзан на кој било друг уред за електрично
напојување. Ако направите така, може да настане
штета на струјното коло или прегорување на
моторот. Оштетувањето или прегорувањето на
моторот може да ја уништи изолацијата и да
предизвика струен удар.
5.
Не користете никаква батерија поинаква од
наменетата батерија наведена од Makita за
преносната батерија. Исто така, не користете
батерии кои се модификувани (вклучувајќи
батерии кои се расклопени и на кои ќелиите или
други внатрешни делови им се заменети).
6.
Не полнете ја батеријата со ништо друго освен
со испорачаниот полнач.
7.
Терминот „касета за батерија" во ова упатство
понатаму се споменува како „батерија".
180 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Vr002cVr003cVr004c

Table of Contents