Чистење На Филтерот За Воздух; Замена На Свеќичката; Проверка На Искрата За Палење; Проверка На Завртките На Издувникот - Makita EA3500S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3500S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Проверете го синџирникот пред да монтирате нов синџир.
Изабените синџирници (8) може да го оштетат новиот
синџир и затоа, мора да се заменат.
Извадете го штитникот за синџирникот (видете го делот
„СТАРТУВАЊЕ").
Извадете ги синџирот и лентата за водење.
Извадете го сегер прстенот (9).
ВНИМАНИЕ: Сегер прстенот ќе излезе од жлебот. Кога го
вадите, држете го вашиот палец врз него за да спречите
да излезе надвор.
Извадете ја шајбната (11).
Ако синџирникот (8) е изабен, целокупната корпа за
квачилото (12) ќе треба да се замени.
Монтирајте целосно нова корпа за квачило (12), шајбна
(11) и нов сегер прстен (9).
За замена на лентата за водење, синџирот и синџирникот,
видете го делот „СТАРТУВАЊЕ".
НАПОМЕНА:
Не користете нов синџир на изабен синџирник. Откако ќе
се изабат 2 синџири, синџирникот ќе се изаби исто така,
затоа, треба да се заменува најмалку на секое второ
заменување на синџирот. За подеднакво распределување
на маслото за синџирот, оставете го новиот синџир
да поработи на половина гас неколку минути пред да
започнете со употребата.
Новите синџири се растегнуваат, затоа, често
проверувајте ја затегнатоста на синџирот (видете го делот
„Проверка на затегнатоста на синџирот").
7-5. Чистење на филтерот за воздух (Сл. 69)
ВНИМАНИЕ: За да спречите повреда на очите,
секогаш носете заштита за очи кога го чистите
филтерот со компресиран воздух!
Не користете гориво за чистење на филтерот за
воздух.
Вметнете го универзалниот клуч вертикално низ
назабениот отвор (*).
Олабавете ја завртката (1) вртејќи ја налево и извадете го
капакот (2).
Поместете го комбинираниот прекинувач (3) нагоре
(положба на саух) за да спречите честичките од
нечистотијата да паднат во карбураторот.
Повлечете го малку јазичето на капакот на филтерот за
воздух (4) во насока на стрелката и извадете го капакот на
филтерот за воздух.
Извадете го филтерот за воздух (5).
ВАЖНО: Покријте го отворот со чиста крпа за да спречите
честичките од нечистотијата да навлезат во карбураторот.
Ако филтерот е многу нечист, исчистете го во млака вода
со детергент за миење чинии.
Оставете го филтерот за воздух целосно да се исуши.
Ако филтерот е многу нечист, чистете го често (неколку
пати на ден) бидејќи само чистот филтер обезбедува
целосна моќност на моторот.
ВНИМАНИЕ:
Веднаш заменувајте ги оштетените филтри.
Парчињата облека или големите честички нечистотија
може да го уништат моторот!
(Сл. 70)
Вметнете го филтерот за воздух (5).
Поставете го капакот на филтерот за воздух.
Напомена: Јазичето на капакот на филтерот за воздух
(4) автоматски ќе се зафати ако капакот на филтерот за
воздух е правилно поставен.
Турнете го комбинираниот прекинувач (3) надолу и
122
притиснете го гасот (6) еднаш до крај надолу за да ја
деактивирате блокадата на гасот.
Поставете го капакот (2). Кога го правите тоа, осигурете
долните чепови (7), од двете страни на капакот, правилно
да влезат (кога е правилно склопен, чеповите треба да не
се гледаат).
Стегнете ја завртката (1) вртејќи ја надесно.
7-6. Замена на свеќичката (Сл. 71)
ВНИМАНИЕ:
Не допирајте ја свеќичката или спојката ако работи
моторот (висок напон).
Исклучете го моторот пред да започнете со каква
било работа за одржување. Жешкиот мотор може да
предизвика изгореници. Носете заштитни ракавици!
Свеќичката мора да се замени во случај на оштетување
на изолацијата, ерозија на електродата (горење), или ако
електродите се многу нечисти или замастени.
Извадете го капакот на филтерот (видете го делот
„Чистење на филтерот за воздух").
Извадете ја спојката на свеќичката (8) од свеќичката. За
вадење на свеќичката, користете го само комбинираниот
клуч што се испорачува со пилата.
Растојание на електродата
Растојанието на електродата мора да е 0,6 мм.
ВНИМАНИЕ: Користете ги само следниве свеќички: NGK
CMR6A.
7-7. Проверка на искрата за палење (Сл. 72)
Притиснете ја олабавената свеќичка (9) со кабелот
за палење цврсто поврзан во цилиндарот со помош
на изолирани клешти (не во близина на отворот за
свеќичката).
Поставете го комбинираниот прекинувач (10) во
положбата „ON" (ВКЛУЧЕНО).
Силно повлечете ја сајлата за стартување.
Ако работи правилно, во близина на електродите, мора да
биде видлива искра за палење.
7-8. Проверка на завртките на издувникот
(Сл. 73)
Одвртете ги трите завртки (11) и извадете ја горната
половина од издувникот (12).
Напомена: За модели на пили со каталитички конвертори
(EA3500S, EA3501S), извадете го конверторот заедно со
горната половина од издувникот.
Завртките на долната половина од издувникот (13) сега се
пристапни и може да се провери дали се стегнати. Ако се
лабави, стегнете ги со рака (Внимание: не престегнувајте
ги).
7-9. Замена/чистење на преградата за
гаснење на искрата (конкретно за држава)
(Сл. 74)
Преградата за гаснење на искрата треба редовно да се
проверува и чисти.
Одвртете ги трите завртки (11) и извадете ја горната
половина од издувникот (12), а потоа, преградата за
гаснење на искрата (14).
Внимание: Не користете остри или зашилени предмети
за чистење на преградата. Може да дојде до оштетување
или разобличување на жиците на преградата.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3501sEa3502sEa3503s

Table of Contents