Безбедносни Мерки На Претпазливост; Предвидена Намена; Општи Мерки На Претпазливост; Заштитна Опрема - Makita EA3500S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3500S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
3. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ НА
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
3-1. Предвидена намена
Моторни синџирни пили
Оваа моторна синџирна пила може да се користи само за
сечење дрво на отворено. Предвидено е да се наменува
за следниве употреби во зависност од нејзината класа:
-
Професионална и средна класа: Употреба кај мали,
средни и големи дрвја: поткастрување, отстранување
гранки, надолжно сечење, ослабнување.
-
Хоби-класа: Повремена употреба кај мали дрвја,
грижа за овошни дрвја, поткастрување, отстранување
гранки, надолжно сечење.
Неовластени корисници:
Лицата кои што не се запознаени со Упатството за
употреба, децата, младите луѓе и лицата под влијание
на наркотици, алкохол или лекарства, не смеат да ја
користат оваа пила.
Употребата на уредот може да е ограничена со државни
прописи!
3-2. Општи мерки на претпазливост
-
За да се осигура правилна работа, корисникот
мора да го прочита ова упатство за употреба
(Сл. 2) за да се запознае со карактеристиките
на синџирната пила. Недоволно информираните
корисници се доведуваат себе си и другите во
опасност заради неправилно ракување.
-
Се препорачува да ја позајмувате синџирната пила
само на луѓе кои имаат искуство со работење со
синџирни пили. Секогаш предавајте го и упатството за
употреба.
-
Лицата кои ја употребуваат пилата прв пат, треба
да побараат од продавачот основни упатства за да
се запознаат со карактеристиките на сечењето со
моторна пила или дури да посетат признат курс за
обука.
-
На деца и млади лица под 18-годишна возраст им е
забрането ракувањето со синџирната пила. Лица над
16-годишна возраст се изземени од оваа забрана ако
ја користат синџирната пила заради обука и се под
надзор на стручно лице.
-
За работа со синџирни пили, секогаш се потребни
исклучителна грижа и внимание.
-
Работете со синџирната пила само ако сте во добра
физичка состојба. Ако сте изморени, вашето внимание
ќе биде намалено. Бидете особено внимателни при
крајот на работниот ден. Сите работи изведувајте
ги смирено и внимателно. Корисникот мора да ја
прифати одговорноста што ја има за другите.
-
Никогаш не користете ја синџирната пила по
конзумирање алкохол, наркотици или лекарства.
(Сл. 3)
-
Во непосредна близина мора да има достапен
противпожарен апарат кога работите во лесно
запалива вегетација или кога не заврнало дожд подолг
период (опасност од пожар).
3-3. Заштитна опрема (Сл. 4 и 5)
За да се спречат повреди на главата, очите, рацете
-
или стапалата, како и за да го заштитите својот
слух, мора да се користи следната заштитна
опрема кога се работи со синџирната пила:
-
Видот на облеката треба да биде соодветен, односно
треба тесно да прилега, но да не пречи во работата.
Не носете накит ниту облека кои можат да се
заплеткаат во грмушки или џбунови. Ако имате долга
коса, секогаш носете мрежичка за коса!
110
-
Неопходно е да се носи заштитен шлем секогаш кога
се работи со синџирната пила. Заштитниот шлем
(1) треба да се проверува на редовни временски
интервали дали има оштетувања и треба да се замени
најдоцна по 5 години. Користете само одобрени
заштитни шлемови.
-
Штитникот за лице (2) на заштитниот шлем
(или очила) штити од прав од сечењето и дрвени
струганици. За време на работењето со синџирната
пила, секогаш носете заштитни очила или штитник за
лице, за да спречите повреди на очите.
-
Носете адекватна опрема за заштита од бучава
(наушници (3), тампони за уши итн). На барање,
приложуваме анализа на октавниот спектар.
-
Безбедносната јакна (4) има специјални прерамки со
сигнална боја и е удобна и лесна за одржување.
-
Заштитното работно одело со прерамки (5) е
направено од најлонски влакна со повеќе слоја и
штити од исекотини. Нивната примена цврсто ја
препорачуваме.
-
Заштитните ракавици (6) направени од дебела кожа
се дел од пропишаната опрема и мора да се носат
секогаш кога се користи синџирната пила.
-
При работењето со синџирната пила, секогаш треба
да се носат заштитни чевли или заштитни чизми (7)
со ѓон што не се лизга, со челична влошка во пределот
на прстите и со штиник за нозе. Безбедносните чевли
опремени со заштитен слој обезбедуваат заштита од
исекотини и осигуруваат сигурна положба со нозете.
-
Сечењето суво дрво може да создаде прав. Користете
соодветна маска за заштита од прав.
3-4. Гориво/полнење гориво
-
Запрете го моторот пред да полните гориво во
синџирната пила.
-
Не пушете и не работете во близина на оган (Сл. 6).
-
Оставете моторот да се олади пред да почнете со
полнење гориво.
-
Горивото може да содржи супстанции слични на
раствори. Треба да избегнувате очите и кожата да
дојдат во допир со производи од минерални масла.
Секогаш носете заштитни ракавици кога полните
гориво. Често чистете ја и заменувајте ја заштитната
облека. Не вдишувајте од испарувањата од горивото.
Вдишувањето испарувања од гориво може да биде
опасно по вашето здравје.
-
Не излевајте гориво ниту масло за синџирот. Кога ќе
ви се истури гориво или масло, веднаш исчистете ја
синџирната пила. Горивото не треба да дојде во допир
со облеката. Ако вашата облека дошла во допир со
гориво, веднаш пресоблечете се и заменете ја.
-
Осигурете да не дојде до навлегување на горивото или
масло за синџирот во почвата (заштита на животната
средина). Користете соодветна подлога.
-
Не е дозволено полнењето гориво да се врши во
затворени простории. Испарувањата од горивото
ќе се насоберат во близина на подот (опасност од
експлозија).
-
Цврсто стегнете ги капачињата со винт на резервоарот
за гориво и резервоарот за масло.
-
Променете го местото пред да го стартувате моторот
(барем 3 м подалеку од местото каде сте полнеле
гориво) (Сл. 7).
-
Горивото не смее да се чува неограничен временски
период. Треба да се само чува онолкава количина
колку што ќе се употреби во блиска иднина.
-
Користете само одобрени и означени садови за
транспортирање и складирање гориво и масло за
синџир. Осигурете децата да немаат пристап до
горивото ниту маслото за синџирот.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3501sEa3502sEa3503s

Table of Contents