Замена На Сајлата За Стартување/Замена На Пакетот Повратни Пружини/Замена На Пружината За Стартување; Чистење На Преградниот Простор За Филтерот За Воздух/Преградниот Простор За Вентилаторот; Чистење На Решетката На Цилиндарот; Замена На Главата За Всмукување - Makita EA3500S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3500S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Повторно склопете ја преградата за гаснење на искрата
заедно со горната половина од издувникот и стегнете ги
завртките.
7-10. Замена на сајлата за стартување/
Замена на пакетот повратни пружини/
Замена на пружината за стартување (Сл. 75)
Одвртете ги трите завртки (1).
Извадете го куќиштето на вентилаторот (2).
Извадете го водичот за воздух (3) од куќиштето на
вентилаторот.
ВНИМАТЕЛНО! Опасност од повреда! Не одвртувајте
ја завртката (7) ако повратната пружина е под
напрегнатост.
Ако треба да се замени сајлата за стартување, а
не е скината, ќе биде потребно прво да се олабави
затегнатоста на повратната пружина на корпата на
сајлата (13).
За таа цел, употребете ја рачката за повлекување на
сајлата надвор од куќиштето на вентилаторот.
Држете ја корпата на сајлата со едната рака, а со другата,
турнете ја сајлата во просторот (14).
Внимателно оставете корпата да се врти додека
повратната пружина веќе нема да биде под напрегнатост.
Одвртете ја завртката (7) и извадете ги погонското тркало
(8) и пружината (6).
Внимателно извадете ја корпата на сајлата.
Извадете ги сите парчиња од сајлата ако има такви.
Протнете нова сајла (со дијаметар од 3 мм, должина од
900 мм), како што е покажано на сликата, (не заборавајте
ја шајбната (10)) и заврзете ги двата краја како што е
покажано.
Повлечете го чворот (11) во корпата на сајлата (5).
Повлечете го чворот (12) во рачката за стартување (9).
Поставете ја корпата на нејзиното вретено и малку
завртете ја за да се затегне пружината.
Поставете ја пружината (6) во погонското тркало (8) и
поставете ги заедно во корпата на сајлата (5) вртејќи по
малку налево. Вметнете ја завртката (7) и стегнете ја.
Наведете ја сајлата во отворот (14) на корпата на сајлата
и завртете ја корпата со сајлата три пати надесно.
Држете ја корпата на сајлата со вашата лева рака, а со
вашата десна рака, одмотајте ја сајлата, повлечете ја
цврсто и задржете.
Внимателно отпуштете ја корпата на сајлата. Пружината
ќе ја намота сајлата околу корпата.
Уште еднаш повторете ја постапката. Рачката за
стартување, сега, стои исправено на куќиштето на
вентилаторот.
НАПОМЕНА: Кога сајлата е целосно извлечена надвор,
калемот треба да може да се сврти за уште 1/4 круг
спротивно од отпорот на пружината.
ВНИМАНИЕ: Опасност од повреда! Прицврстете
ја рачката на сајлата кога е извлечена надвор! Ако
сајлата се ослободи несакајќи, нагло ќе се собере.
Замена на пакетот повратни пружини
Расклопете ги куќиштето на вентилаторот и корпата на
сајлата (видете погоре).
ВНИМАТЕЛНО! Опасност од повреда! Повратната
пружина може да отскокне нанадвор! Секогаш носете
заштита за очи и заштитни ракавици!
Нежно допрете го куќиштето на вентилаторот на
дрвена површина со целата површина на страната со
празнина, и задржете го. Сега, подигнете го куќиштето на
вентилаторот внимателно и во мали чекори. Со тоа, ќе
се овозможи пакетот повратни пружини (13), што до сега
би требало да е испаднат, да се опушти од напрегнатоста
на контролиран начин ако повратната пружина отскокнала
надвор од пластичното пакување.
Внимателно вметнете нова касета со повратни пружини и
притиснете надолу да се затегне.
Поставете ја корпата на сајлата на неа и малку завртете
ја за да се затегне повратната пружина.
Монтирајте ги пружината (6) и погонското тркало (8), и
цврсто стегнете ја завртката (7).
Затегнете ја пружината (видете погоре).
Замена на пружината за стартување
НАПОМЕНА: Ако пружината (6) во Системот за ултра-
лесно палење е скршена, ќе биде потребен поголем
напор за да се стартува моторот и ќе забележите одреден
отпор при влечење на сајлата за стартување. Ако го
забележите тоа, проверете ја пружината (6) и заменете ја
ако е потребно.
Монтирање на куќиштето на вентилаторот
Вметнете го водичот за воздух (3) во куќиштето на
вентилаторот така што трите издадени делови (4) да
влезат на место.
Поставете го куќиштето на вентилаторот на куќиштето,
притиснете го малку кон него и повлекувајте ја рачката за
стартување додека не зафати стартерот.
Стегнете ги завртките (1).
7-11. Чистење на преградниот простор за
филтерот за воздух/преградниот простор за
вентилаторот (Сл. 76)
Извадете го капакот.
Извадете го куќиштето на вентилаторот.
ВНИМАНИЕ: За да спречите повреда на очите,
секогаш носете заштита за очи кога го чистите
филтерот со компресиран воздух!
Сега, целата површина (15) може да се исчисти со четка
или со компресиран воздух.
7-12. Чистење на решетката на цилиндарот
(Сл. 77)
За чистење на решетката на цилиндарот, може да се
користи четка за чистење чаши.
7-13. Замена на главата за всмукување
(Сл. 78)
Филтерот од филц (16) на главата за всмукување може
да се затне. Препорачливо е главата за всмукување да се
заменува секои три месеци со цел да се осигура непречен
проток на гориво во карбураторот.
За да ја извадите главата за всмукување за да ја
замените, извлечете ја надвор преку грлото за полнење
на резервоарот со помош на парче жица свитката на
едниот крај во вид на кука.
123

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3501sEa3502sEa3503s

Table of Contents