Стартување На Моторот; Ладно Стартување; Загреано Стартување; Запирање На Моторот - Makita EA3500S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3500S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
6-11. Стартување на моторот (Сл. 56)
Не стартувајте ја синџирната пила додека целосно не
ја склопите и проверите!
Преместете се најмалку 3 метри/10 стапки од местото
каде сте полнеле гориво во синџирната пила.
Осигурете стабилна потпора со нозете и поставете ја
пилата на земја така што да нема ништо во близина на
лентата за водење и синџирот.
Активирајте ја сопирачката на синџирот (блокирајте го).
Цврсто држете ја предната рачка со едната рака и
притиснете ја пилата на земјата.
Држете го задниот штитник за рака со вашето десно
стапало како што е прикажано.
Напомена: Системот за ултра-лесно палење ви
овозможува да ја стартувате пилата без напор. Поминете
ја постапката за стартување лесно и рамномерно.
6-12. Ладно стартување: (Сл. 57)
Ладно стартување (саух)
ON
Загреано стартување (ON) (ВКЛУЧЕНО)
Исклучи мотор
Комбиниран прекинувач во сигурносна
положба
(прекин на напојувањето за стартување,
неопходно за сите работи за одржување,
поправки и монтажа)
Наполнете ја пумпата за гориво (5) притискајќи ја неколку
пати додека не видите гориво во пумпата.
Поместете го комбинираниот прекинувач (1) нагоре
(позиција на саух). Со тоа, исто така, се активира
блокадата на половина гас.
Повлечете ја рачката за стартување (2) полека и
рамномерно.
ВНИМАНИЕ: Не повлекувајте ја сајлата за стартување
повеќе од приближно 50 цм/20" и оставајте ја да се
собере полека враќајќи ја со раката.
Повторете ја постапката за стартување два пати.
Поместете го комбинираниот прекинувач (1) во
централната положба „ON" (ВКЛУЧЕНО). Повторно
повлечете ја рачката за стартување полека и
рамномерно. Штом моторот почне да работи, фатете
ја задната рачка (копчето за сигурносно блокирање (3)
се активира со дланката на раката) и притиснете го
прекинувачот за гас (4).
ВНИМАНИЕ: Моторот, веднаш по стартувањето, мора да
се стави да работи во празен од. Ако тоа не се направи,
може да се оштети квачилото.
Сега, отпуштете ја сопирачката на синџирот.
6-13. Загреано стартување:
Како што е опишано погоре за ладното стартување, но
пред стартувањето, турнете го комбинираниот прекинувач
(1) нагоре (положба на саух) и
потоа, веднаш вратете го во средната положба „ON"
(ВКЛУЧЕНО). Тоа се прави само за да се активира
блокадата на половина гас. Ако моторот не се стартува
по 2 или 3 повлекувања, повторете ја целата постапка за
стартување како што е опишано за ладното стартување.
НАПОМЕНА: Ако моторот бил исклучен само кратко
време, пилата може да се стартува без да се користи
комбинираниот прекинувач.
Важно: Ако резервоарот за гориво бил целосно испразнет
и моторот бил запрен заради недостаток на гориво,
наполнете ја пумпата за гориво (5) притискајќи ја неколку
120
пати додека не видите гориво во пумпата.
6-14. Запирање на моторот
Притиснете го комбинираниот прекинувач
НАПОМЕНА: Откако бил притиснат, комбинираниот
прекинувач повторно ќе се врати во положбата ON
(ВКЛУЧЕНО). Моторот е исклучен, но може повторно
да се вклучи без поместување на комбинираниот
прекинувач.
ВАЖНО: За да ја исклучите струјата за палење, турнете
го комбинираниот прекинувач најдолу после точката на
отпор во сигурносната положба (
6-15. Проверка на сопирачката на синџирот
(Сл. 58)
Сопирачката на синџирот мора да се проверува пред
секоја употреба на пилата!
Стартувајте го моторот како што е опишано погоре
(заземете безбеден став со нозете, поставете ја
синџирната пила на земја така што да нема ништо во
близина на синџирот и лентата за водење).
Цврсто држете ја предната рачка, а со другата рака,
држете ја задната дршка.
Оставете го моторот да работи на средна брзина и
туркајте го штитникот за рака (6) во насока на стрелката
со задниот дел од вашата рака додека не се активира
сопирачката на синџирот. Синџирот, сега, треба веднаш
да запре.
Вратете го моторот во празен од и отпуштете ја
сопирачката на синџирот.
Внимание: Ако синџирот не запре веднаш при
ова тестирање, веднаш исклучете го моторот. НЕ
користете ја синџирната пила во оваа состојба!
Стапете во контакт со сервисен центар на MAKITA.
6-16. Прилагодување на карбураторот
(Сл. 59)
ВНИМАНИЕ: Прилагодувањето на карбураторот смее
да се извршува само од страна на специјализиран
сервисен центар на MAKITA!
СЕРВИС
Корисникот може да ја прилагодува само завртката за
прилагодување (T). Ако синџирот на пилата работи во
празен од (т.е. без да биде притиснат гасот), императив
е да се коригира брзината во празен од!
Не прилагодувајте ја брзината во празен од додека
целосно не ја склопите и тестирате пилата!
Прилагодувањето на брзината во празен од смее
да се извршува само кога моторот е топол, со чист
филтер за воздух и правилно монтирани лента за
водење и синџир.
За прилагодувања на празниот од, користете одвртувач
(со врв од 4 мм).
Прилагодување на брзината во празен од
Вртете ја завртката за прилагодување (T) налево
(одвртувајте ја): Брзината во празен од се намалува.
Вртете ја завртката за прилагодување (T) надесно
(завртувајте ја): Брзината во празен од се зголемува.
Важно: Ако синџирот на пилата се движи во празен од
дури и откако ќе ја прилагодите брзината во празен
од, НЕ користете ја пилата. Однесете ја во сервисен
центар на MAKITA!
(1).
).

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3501sEa3502sEa3503s

Table of Contents