Масло За Синџирот - Makita EA3500S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3500S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За да добиете оптимална работа на моторот, и за
ги заштитите вашето здравје и животната средина,
користете само безоловно гориво.
За подмачкување на моторот, користете синтетичко масло
за дво-тактни мотори со воздушно ладење (степен на
квалитет JASO FD или ISO EGD), кое мора да се додаде
во горивото. Моторот е конструиран да користи високо-
перформансно масло за дво-тактни мотори MAKITA
и мешавина во сооднос од само 50:1 заради заштита
на животната средина. Со тоа, исто така, се гарантира
долготраен работен век и сигурно функционирање со
минимални испуштања на издувни гасови.
Високо-перформансното масло за дво-тактни
мотори MAKITA е достапно во следниве количини за
задоволување на вашите конкретни потреби:
1 л
100 мл
Во случај да не е достапно високо-перформансно масло
за дво-тактни мотори MAKITA, итно се препорачува
корситење на мешавина со сооднос 50:1 употребувајќи
друг вид масла за дво-тактни мотори, бидејќи во
спротивно, не може да се гарантира оптимално работење
на моторот.
Внимание: Не користете однапред измешано
гориво од бензински станици.
Правилен сооднос на мешавина:
50:1
кога се користи високо-перформансно масло за
дво-тактни мотори MAKITA, т.е. мешавина од 50
удела бензин со 1 удел масло.
50:1
кога се користат други синтетички масла за дво-
тактни мотори (степен на квалитет JASO FD или
ISO EGD), т.е. мешавина од 50 удела бензин со 1
удел масло.
Бензин
1.000 мл
(1 литар)
5.000 мл
(5 литри)
10.000 мл (10 литри)
НАПОМЕНА:
За подготовка на мешавината гориво-масло, прво
измешајте ја целата количина масло со половина од
потребното гориво, потоа додајте го преостанатиот дел
од горивото. Добро протресете ја мешавината пред да ја
наполните во резервоарот на синџирната пила.
Не е паметно да се додава повеќе моторно масло
отколку што е назначено за да се осигура безбедно
работење. Тоа само ќе резултира со покачено
производство на остатоци од согорувањето кои ќе
ја загадат животната средина и ќе го затнат каналот
за испуштање издувни гасови во цилиндарот како и
издувникот. Освен тоа, ќе се покачи потрошувачката
на гориво и ќе се намали изведбата.
Складирање на горивото
Горивата имаат ограничен век на траење. Горивата и
мешавините од горива застаруваат преку испарување
со текот на времето, особено при високи температури.
118
50:1
+
20 мл
100 мл
200 мл
Застарените горива и мешавини од горива може да
предизвикаат проблеми при стартувањето и да го оштетат
моторот. Купувајте само онолкави количини гориво колку
што ќе се потроши со работата во следните два месеци.
При високи температури, штом горивото се измеша, мора
да се искористи во рок од 6-8 седмици.
Чувајте го горивото само во соодветни садови, на
суви, ладни и сигурни места!
ИЗБЕГНУВАЈТЕ ДОПИР СО КОЖАТА И ОЧИТЕ
Производите од минерални масла ја сушат вашата кожа.
Ако вашата кожа дојде во допир со овие супстанции
повеќе пати и подолг временски период, ќе се исуши.
Може да дојде до бројни заболувања на кожата. Исто
така, познато е дека можат да настанат и алергиски
реакции.
Очите можат да се надразнат во допир со маслото. Ако
масло ви навлезе во очите, веднаш измијте ги со чиста
вода.
Ако очите ви се уште надразнети, веднаш побарајте
помош од лекар!
6-7. Масло за синџирот
Користете масло со адхезивен адитив за подмачкување
на синџирот и лентата за водење. Адхезивниот адитив
спречува маслото да испадне од синџирот пребрзо.
Препорачуваме да се користи масло за синџир, што
е биолошки разградливо, за да се заштити животната
средина. Употребата на биолошки разградливо масло
може дури и да биде пропишана со одредени локални
прописи.
Маслото за синџир BIOTOP, кое се продава од страна на
MAKITA, е направено од специјални растителни масла и е
100% биолошки разградливо. На BIOTOP му е доделена
наградата „синиот ангел" (Blauer Umweltschutz-Engel)
заради неговите особени еколошки својства (RAL UZ 48).
Маслото за синџир BIOTOP е достапно во следниве
количини:
1 л
5 л
Биолошки разградливото масло е стабилно само
ограничен временски период. Треба да се искористи во
рок од 2 години од датумот на производство (отпечатен на
садот).
Важна напомена за биолошки разградливите масла за
синџир
Ако не планирате да ја користите пилата подолго
време, испразнете го резервоарот за масло и сипете
мало количество обично моторно масло (SAE 30), а
потоа вклучете ја пилата и оставете ја да поработи
извесно време. Тоа е неопходно заради исфрлање
на преостанатото биолошки разградливо масло од
резервоарот за масло, од системот за напојување со
масло, од синџирот и лентата за водење, бидејќи многу
од биолошки разградливите масла со текот на времето
оставаат талог кој може да предизвика оштетување на
пумпата за масло или на други делови.
Следниот пат кога ќе ја користите пилата, повторно
наполнете го резервоарот со масло за синџир BIOTOP.
Во случај на оштетување предизвикано од употребата
на отпадно масло или несоодветно масло за синџир,

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3501sEa3502sEa3503s

Table of Contents