Чистење На Лентата За Водење; Замена На Синџирот На Пилата; Чистење На Филтерот За Воздух - Makita EA3200S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3200S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За да ги монтирате лентата за водење, синџирот
на пилата и штитникот на синџирникот, видете 6
„СТАРТУВАЊЕ" за точниот модел.
НАПОМЕНА:
Сопирачката на синџирот е многу важен безбедносен
уред и, како и секој друг компонент, подложен е на
нормално абење.
Извршувањето редовни проверки и одржување е
важно за ваша сопствена безбедност и мора да се
извршува од страна на сервисен центар на MAKITA.
7-3. Чистење на лентата за водење
ВНИМАНИЕ: Мора да носите заштитни ракавици.
(Сл. 66)
Проверувајте редовно дали се оштетени површините по
кои се движи лентата за водење (7) и исчистете ги со
соодветен алат.
Одржувајте ги двете дупчиња за масло (6) и целата лента
за водење чисти, без надворешни материи!
7-4. Замена на синџирот на пилата
ВНИМАНИЕ: Користете само синџири и ленти за
водење конструирани за оваа пила!
(Сл. 67)
Проверете го синџирникот пред да монтирате нов синџир.
Изабените синџирници (8) може да го оштетат новиот
синџир и затоа мора да се заменат.
Извадете го штитникот на синџирникот (видете 6
„СТАРТУВАЊЕ").
Извадете ги синџирот и лентата за водење.
Извадете го осигурувачот(9).
ВНИМАНИЕ: Осигурувачот ќе подизлезе од жлебот. Кога
го вадите, држете го вашиот палец на него за да спречите
да отскокне.
Извадете ја шајбната (11).
Ако синџирникот (8) е изабен, ќе треба да се замени
целосниот добош на квачилото (12).
Монтирајте целосно нов добош за квачилото (12), шајбна
(11) и нов осигурувач (9).
За замена на лентата за водење, синџирот и синџирникот,
видете 6 „СТАРТУВАЊЕ".
НАПОМЕНА:
Не употребувајте нов синџир на изабен синџирник. Кога
ќе се изабат 2 синџири, ќе се изаби и синџирникот и
затоа треба да се заменува најмалку на секое второ
заменување на синџирот. За рамномерно распоредување
на маслото за синџир, оставете го новиот синџир
да поработи на половина гас неколку минути пред
употребата.
Новите синџири имаат тенденција да се растегнуваат,
затоа често проверувајте ја затегнатоста на синџирор
(видете 6‑3 „Проверка на затегнатоста на синџирот").
СЕРВИС
7-5. Чистење на филтерот за воздух
ВНИМАНИЕ: За да спречите повреда на очите,
секогаш носете заштита за очи кога го чистите
филтерот со компресиран воздух!
Не користете гориво за чистење на филтерот за
воздух.
(Сл. 68)
Извадете го капачето на капакот (1).
Олабавете ја завртката (2) вртејќи ја налево и извадете го
капакот (3).
Поместете го нагоре комбинираниот прекинувач (4)
(положба на саух) за да спречите честички прав да паднат
во карбураторот.
Повлечете го малку јазичето на капакот на филтерот за
воздух (5) во насока на стрелката и извадете го капакот
на филтерот за воздух.
Извадете го филтерот за воздух (6).
ВАЖНО: Покриете го отворот за довод со чиста крпа за
да спречите честички прав да навлезат во карбураторот.
Ако филтерот е многу нечист, исчистете го во млака вода
со средство за миење садови.
Оставете филтерот за воздух целосно да се исуши.
Ако филтерот е многу нечист, чистете го често (неколку
пати на ден) бидејќи само чистиот филтер за воздух
обезбедува полна моќност на моторот.
ВНИМАНИЕ:
Веднаш заменете ги оштетените филтри за воздух.
Парчињата облека или големи честички прав може а
го уништат моторот!
Вметнете го филтерот за воздух (6) во насока како што е
покажано на сликата.
ВНИМАНИЕ:
Не вметнувајте го филтерот за воздух наопкаку,
дури и по чистењето. Во спротивно, честичките
прав на надворешната површина од филтерот за
воздух навлегуваат во карбураторот и може да
предзивикаат проблеми со моторот.
Поставете го капакот на филтерот за воздух.
Напомена: Јазичето на капакот на филтерот за воздух
(5) автоматски ќе се активира ако капакот на филтерот за
воздух е правилно поставен.
Поместете го надолу комбинираниот прекинувач (4) и
притиснете ја рачката на гасот (7) еднаш целосно за да ја
деактивирате блокадата на гасот.
Поставете го капакот (3). Притоа, осигурете ниските
чепчиња (8) од двете страни на капакот правилно да
навлезат (кога се склопени правилно, чепчињата не треба
да се видливи).
Стегнете ја завртката (2) надесно.
Повторно поставете го капачето на капакот (1).
135

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3201sEa3202sEa3203s

Table of Contents