Полнење Гориво; Проверка На Подмачкувањето На Синџирот; Прилагодување На Подмачкувањето На Синџирот - Makita EA3500S Original Instruction Manual

Hide thumbs Also See for EA3500S:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
гаранцијата на производот ќе биде ништовна и нема да
важи.
Вашиот продавач ќе Ве извести за употребата на маслото
за синџирот.
отпадно масло
НИКОГАШ НЕ КОРИСТЕТЕ ОТПАДНО МАСЛО
Отпадното масло е многу штетно за животната средина.
Отпадното масло содржи високо ниво канцерогени
супстанции.
Остатоците во отпадното масло во голем степен го
забрзуваат абењето на пумпата за масло и на уредот за
сечење.
Во случај на оштетување предизвикано од употребата
на отпадно масло или несоодветно масло за синџир,
гаранцијата на производот ќе биде ништовна и нема да
важи.
Вашиот продавач ќе Ве извести за употребата на маслото
за синџирот.
ИЗБЕГНУВАЈТЕ ДОПИР СО КОЖАТА И ОЧИТЕ
Производите од минерални масла ја сушат вашата кожа.
Ако вашата кожа дојде во допир со овие супстанции
повеќе пати и подолг временски период, ќе се исуши.
Може да дојде до бројни заболувања на кожата. Исто
така, познато е дека можат да настанат и алергиски
реакции.
Очите можат да се надразнат во допир со маслото. Ако
масло ви навлезе во очите, веднаш измијте ги со чиста
вода.
Ако очите ви се уште надразнети, веднаш побарајте
помош од лекар!
6-8. Полнење гориво (Сл. 52)
СЛЕДЕТЕ ГИ БЕЗБЕДНОСНИТЕ МЕРКИ НА
ПРЕТПАЗЛИВОСТ!
Бидете внимателни и претпазливи кога ракувате со
горива.
Моторот мора да биде исклучен!
Целосно исчистете ја областа околу капачињата за да се
спречи навлегување нечистотии во резервоарот за гориво
или за масло.
Одвртете го капачето на резервоарот (ако е потребно,
употребете го универзалниот клуч, видете ја сликата) и
наполнете го резервоарот со мешавина на гориво или
масло за синџирот на пилата до долниот раб на грлото за
полнење. Внимавајте да не истурите гориво или масло за
синџир!
Масло за синџирот
Мешавина гориво/масло
Завртете го капачето на резервоарот целосно со рака.
Исчистете ги капачето на резервоарот и областа околу
резервоарот по полнењето гориво.
Подмачкување на синџирот
Во текот на работењето, секогаш мора да има доволна
количина масло за синџирот во резервоарот за масло
за синџирот за да се овозможи добро подмачкување
на синџирот. При средна стапка на проток на масло,
резервоарот за масло содржи онолку масло колку што е
доволно за работа со еден полн резервоар за гориво. Во
текот на оваа процедура, проверете дали има доволно
масло за синџир во резервоарот и ако е потребно,
дополнете. Тоа правете го само додека е исклучен
моторот! Завртете го капачето на резервоарот целосно
со рака.
6-9. Проверка на подмачкувањето на
синџирот (Сл. 53)
Никогаш не работете со синџирната пила ако нема
доволно подмачкување на синџирот. Во спротивно,
работниот век на синџирот и лентата за водење ќе се
намали. Пред да започнете со работа, проверете ги
нивото на маслото во резервоарот и прото от на маслото.
Проверете ја стапката на проток на масло како што е
опишано подолу:
Стартувајте ја синџирната пила (видете „Стартување на
моторот").
Додека синџирната пила работи, држете ја приближно
15 цм над стеблото или над земјата (користете соодветна
основа).
Ако подмачкувањето е задоволително, ќе забележите
светла трага од масло бидејќи од синџирот ќе прска
масло. Земете ја предвид насоката на дувањето на
ветрот и немојте да се излагате себе си непотребно на
распрсканото масло!
Напомена:
По исклучувањето на пилата, нормално е остатокот од
маслото за синџирот извесно време да протекува од
системот за проток на масло, од лентата за водење и од
синџирот. Ова не претставува дефект!
Ставете ја пилата на стабилна површина.
6-10. Прилагодување на подмачкувањето на
синџирот (Сл. 54)
Моторот мора да биде исклучен!
Може да ја прилагодите стапката на проток на пумпата за
масло со завртката за прилагодување (1). Завртката за
прилагодување се наоѓа на долната страна од куќиштето.
Пумпата за масло е фабрички поставена на минималната
стапка на проток. Можни се две поставки - минимална и
максимална стапка на проток.
За да ја прилагодите стапката на довод, вртете ја
завртката за прилагодување со помош на мал одвртувач:
• надесно за повисока
• налево за пониска
стапка на проток на масло.
Изберете една од двете поставки, во зависност од
должината на лентата за водење.
Додека работите, осигурете да има доволно масло за
синџирот во резервоарот. Ако е потребно, додајте масло.
(Сл. 55)
За да се обезбеди работа на пумпата за масло без
проблеми, жлебот на водичот за масло во картерот (2) и
отворот за проток на масло во лентата за водење (3) мора
да се чистат редовно.
Напомена:
По исклучувањето на пилата, нормално е остатокот од
маслото за синџирот извесно време да протекува од
системот за проток на масло, од лентата за водење и од
синџирот. Ова не претставува дефект!
Ставете ја пилата на стабилна површина.
119

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ea3501sEa3502sEa3503s

Table of Contents