Makita DUS108 Instruction Manual page 234

Cordless garden sprayer
Hide thumbs Also See for DUS108:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ЦЕДЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ
Доколку во резервоарот остане течност по прскањето, резервоарот треба прво да се исцеди пред да се
исчисти.
• Отстранете ја батериската кутија.
• Исцедете ја содржината низ местото наменето за полнење и место за течност.
ЗАБЕЛЕШКА: Осигурете се дека О-прстенот е сместен во внатрешноста на капачето токму на своето место.
ЗАБЕЛЕШКА: Исцедете ја течноста назад во оригиналниот сад. Не чувајте хемиска течност во резервоарот.
ЧИСТЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ
• Наполнете го резервоарот една третина со чиста вода. Може да се додаде мало количество на детергент за
домаќинство.
ЗАБЕЛЕШКА: Никогаш не користете запаливи хемикалии или абразивни средства при чистење на резервоарот.
• Исчистете го надворешниот дел на резервоарот со чиста и сува крпа.
• Ре-инсталирајте ја батериската кутија. Прскајте додека резервоарот не се испразни. Осигурете се дека го
насочувате спрејот кон место што нема да биде оштетено од растворот за прскање.
• Наполнете и повторете ја постапката со чиста вода. Можеби ќе биде потребно да се исплакне резервоарот
повеќе од еднаш, а потоа повторно да се исцеди како што е наведено погоре.
• Оставете ги сите делови целосно да се исушат пред повторно да ги наместите и да го складирате уредот.
ЧИСТЕЊЕ НА МЛАЗНИЦА
Ако млазницата се вклучува, користете ги чекорите наведени подолу за чистење.
• Отстранете ја батериската кутија.
• Олабавете ја и извадете ја млазницата од стапчето наменето за прскање.
• Употребете мала жичка низ отворените дупки за да ги исчистите остатоците. Потоа исплакнете со чиста вода.
Погледнете на Слика 14.
ЧИСТЕЊЕ НА ПУМПАТА
Ако распрскувачот не може да ја извлече течноста од резервоарот или не може да прска течност при првата
употреба или по долгорочно складирање. Следете ја процедурата наведена подолу за чистење на пумпата:
1. Исклучете ја машината и извадете ја батеријата.
2. Извадете го стапчето за прскање од рачката.
3. Исцедете ја преостанатата течност или складирајте ја истата во друг сад за да бидете сигурни дека
резервоарот е празен.
4. Одвртете го црвеното капаче за да се отвори дупката за влез на вода, а потоа поврзете ја истата дупка со славината
за вода. Осигурете се дека О-прстенот е поставен внатре во црвеното капаче. Погледнете на Слика 15.
5. Отворете ја славината за вода полека и истовремено притиснете ја рачката за да дозволите водата да ги
исфрли сите остатоци што се залепени на пумпата. Погледнете на Слика 16.
6. Затворете ја славината за вода и повторно затегнете го црвеното капаче. Осигурете се дека О-прстенот е
сместен во внатрешноста на капачето токму на своето место.
1
2
1 Црвено капаче
Слика 15
Слика 14
2 О-прстен
234 македонски
Слика 16

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dus158Dus158z

Table of Contents