Makita DUS108 Instruction Manual page 222

Cordless garden sprayer
Hide thumbs Also See for DUS108:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
5. Одржувајте ги електричните уреди
и додатоците. Проверете дали има
неусогласеност или припојување на
подвижните делови, кршење на делови и
која било друга состојба што може да влијае
на работата на електричниот уред. Ако е
оштетен, пред употреба, однесете го апаратот
на поправка. Слабо одржувани електрични
апарати многупати предизвикуваат незгоди.
6. Одржувајте ги апаратите за сечење остри и
чисти. Правилно одржуваните уреди за сечење
со остри сечила имаат помала веројатност да се
припојат и полесно се управуваат.
7. Користете го електричниот уред, додатоците
и останатите делови во согласност со овие
упатства, земајќи ги предвид работните
услови и работата што треба да се изврши.
Употребата на електричниот уред за извршување
на работи различни од оние за кои е наменет
може да доведе до опасна ситуација.
8. Држете ги рачките и површините за работа
суви, чисти и без масло и маснотии. Рачките
и површините за работа кои се лизгави не
дозволуваат безбедно ракување и контрола врз
уредот во неочекувани ситуации.
9. Кога го користите уредот, не носете платнени
ракавици што можат да се заплеткаат.
Заплеткувањето на платнените ракавици во
некој од движечките делови на уредот може да
предизвика телесна повреда.
Употреба и грижа за батериската алатка
1. Полнете ги единствено со полнач одреден
од страна на производителот. Полначот што
е погоден за еден вид на батериски пакет може
да предизвика ризик од пожар ако се користи со
некој друг батериски пакет.
2. Користете ги електричните уреди само со
специјално наменетите батерии. Користењето
на било кои други батериски пакети може да
создаде ризик од повреди или пожар.
3. Кога батерискиот пакет не е во употреба,
чувајте го подалеку од други метални објекти,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети што можат да предизвикаат
конекција на еден терминал со друг. Краткиот
спој помеѓу терминалите може да предизвика
изгореници или пожар.
4. Во услови на злоупотреба, течноста може да
излезе од батериите; избегнувајте контакт. Ако
дојде до случаен контакт, веднаш исплакнете
со вода. Ако дојде до контакт на течноста со
очите, дополнително побарајте и медицинска
помош. Течноста исфрлена од батеријата може да
предизвика иритација или изгореници.
5. Не користете батерија или уред кој е оштетен
или модифициран. Оштетените или изменети
батерии можат да покажат непредвидливо
однесување што може да резултира со пожар,
експлозија или ризик од повреда.
6. Не ја изложувајте батеријата или уредот
на пожар или превисока температура.
Изложеноста на пожар или температури што се
над 130 °C може да предизвика експлозија.
7. Следете ги сите упатства за полнење на
батеријата или уредот и не полнете ги
истите надвор од температурниот опсег
одреден во упатството. Неправилното
полнење или полнењето на температура надвор
од одредениот опсег, може да предизвика
оштетување на батеријата и да го зголеми
ризикот од пожар.
Сервисирање
1. Сервисирањето на електричниот апарат
треба да го врши квалификувано лице, со
користење исти делови за замена. Така
се гарантира одржување на безбедноста на
електричниот апарат.
2. Никогаш не сервисирајте оштетени батерии.
Сервисирањето на електричниот апарат треба
да го врши производителот или овластен сервис.
3. Следете ги упатствата за подмачкување и
менување на додатоци.
Упатства за безбедност
при работа на безжичен
распрскувач на градина
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
експлозија. Не прскајте запаливи течности како
на пример бензин. Побарајте го овој симбол во
референцата од пакувањето.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
создадени од производи што се користат со
распрскувачот содржат хемикалии за кои се
знае дека предизвикуваат рак, вродена мана и
други штети при репродукција.
Неколку примери за овие хемикалии се:
- соединенија во ѓубрива.
- соединенија во инсектициди, хербициди и пестициди;
- арсен и хром од хемиски третирана граѓа.
Следете ги упатствата на пакувањата за сите
такви производи. За да ја намалите изложеноста
на овие хемикалии, носете одобрена
безбедносна опрема, како што се маски за лице
кои се специјално дизајнирани за филтрирање
на спрејови, ракавици и друга соодветна
заштитна опрема.
■ Пред да користите било какви пестициди
или други материјали за прскање во овој
распрскувач, темелно прочитајте ја етикетата
на оригиналното пакување и следете ги
нејзините упатства. Некои материјали за
прскање се опасни и не треба да се користат во
овој распрскувач, бидејќи може да го оштетат
истиот и да предизвикаат сериозни телесни
повреди или материјална штета.
■ Опасност од електричен удар. Никогаш не
прскајте кон електричните приклучоци.
■ Не користете хемикалии за комерцијална
или индустриска намена. Користете само
потрошувачки хемикалии за тревник и градина
врз база на вода.
■ Не истурајте топла или врела течност во
резервоарот. Следниве нешта можат да го
ослабнат или оштетат цревото или резервоарот.
■ Местото за прскање мора да биде добро
проветрено.
■ Избегнувајте да прскате на ветровити денови.
Спрејот може случајно да се разнесе врз растенија
или предмети што не треба да се прскаат.
■ Чувајте го распрскувачот во безбеден, добро
проветрен и затворен простор со испразнет
резервоар.
■ Не користете кородирачки (алкални), само-
запаливи или корозивни (киселински)
течности во овој распрскувач. Следниве нешта
можат да предизвикаат корозија на металните
делови или да го ослабат резервоарот и цревото.
■ Носете респираторна заштита и соодветна
заштитна облека. Држете ги случајните
минувачи подалеку кога прскате.
222 македонски
Ризик од пожар или
Некои спрејови

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dus158Dus158z

Table of Contents