Makita DUS108 Instruction Manual page 221

Cordless garden sprayer
Hide thumbs Also See for DUS108:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Мерки за заштита при ракување со електрична
струја
1. Приклучокот на електричните апарати мора
да одговара на излезот. Не модификувајте го
приклучокот. Не користете приклучоци со адаптер
со електрични апарати кои имаат заземјување.
Немодифицираните приклучоци и соодветните излези
ја намалуваат опасноста од електричен удар.
2. Избегнувајте контакт со заземјени површини
како што се цевки, радијатори, шпорети и
фрижидери. Опасноста од електричен удар е
поголема ако телото ви е заземјено.
3. Не изложувајте ги електричните апарати на дожд
или на влага. Навлегување на вода во електричен
апарат го зголемува ризикот од електричен шок.
4. Не користете го кабелот на несоодветен
начин. Не користете го кабелот за носење,
влечење или исклучувањето на апаратот.
Држете го кабелот подалеку од топлина,
масло, остри рабови или подвижни делови.
Оштетениот или заплеткан кабел ја зголемува
опасноста од електричен удар.
5. При ракување со електричен уред на отворено,
користете продолжителен кабел соодветен
за употреба на отворено. Употребата на кабел
соодветен за употреба на отворено, ја намалува
опасноста од електричен удар.
6. Ако ракувањето со електричен апарат на
влажно место е неизбежен, користете заштитен
уред со диференцијална струја. Употреба
на заштитен уред со диференцијална струја ја
намалува опасноста од електричен удар.
7. Електричните уреди можат да произведат
електромагнетни полиња (ЕМП) кои не се
штетни за корисникот. Сепак, корисниците
кои имаат пејсмејкери или употребуваат други
слични медицински помагала треба да го
контактираат производителот на нивниот уред
и/или да се советуваат со лекар пред да го
управуваат овој електричен апарат.
Мерки за лична заштита
1. Бидете претпазливи, внимавајте што
правите и бидете разумни при ракување со
електрични апарати. Не користете електрични
апарати кога сте уморни или под влијание
на дрога, алкохол или лекови. Моментот на
невнимание додека ракувате со електричен
апарат може да предизвика сериозна повреда.
2. Користете опрема за лична заштита. Секогаш
носете заштита за очи. Користење на заштитна
опрема како што е маската за заштита од
прашина, кондури против лизгање, заштитен
шлем, или апарат за заштита при бучава кои се
користат соодветно на условите ги намалуваат
шансите за телесни повреди.
3. Спречете ненамерно стартување на апаратот.
Осигурете се дека прекинувачот на апаратот
е исклучен пред да го поврзете со струја/
батерија и пред да го подигнете или носите
самиот апарат. Носењето на електричниот апарат
така што ќе го држите прстот на прекинувачот или
полнење на уредот додека е вклучен прекинувачот
може да предизвика незгода.
4. Отстранете ги клучевите за приспособување
пред да го вклучите апаратот. Ако клучот
остане прикачен за делот кој се врти, тоа може
да предизвика повреда.
5. Не затегнувајте премногу. Секогаш одржувајте
соодветно растојание и рамнотежа. Тоа ви
овозможува подобра контрола врз електричниот
уред во неочекувани ситуации.
6. Облечете се соодветно. Не носете широка
облека или накит. Држете ја косата и облеката
подалеку од подвижните делови. Подвижните
делови може да ги зафатат широката облека,
накитот и долгата коса.
7. Ако уредите се наменети за поврзување
за уреди за извлекување или собирање
прашина, проверете дали се правилно
поврзани и дали правилно се користат.
Употребата на уреди за собирање прашина
може да ги намали опасностите предизвикани од
прашината.
8. Не дозволувајте знаењето стекнато со честа
употреба на уредите да ви овозможи да
станете невнимателни и да ги игнорирате
правилата за безбедност при работа. Мало
невнимание може да предизвика сериозни
повреди во рок од дел од секундата.
9. Секогаш носете заштитни очила за да ги
заштитите очите од повреди при користење
на електрични уреди. Заштитните очилата
мора да бидат во согласност со ANSI Z87.1
во САД, EN 166 во Европа или AS / NZS 1336
во Австралија/Нов Зеланд. Во Австралија/
Нов Зеланд обврзувачки е со закон да се носи
визир со цел да се заштити лицето.
Одговорност на работодавачот е да
спроведе употреба на соодветна
безбедносна и заштитна опрема за
корисниците на уредите и за други лица во
непосредната работна околина.
Користење на електричен апарат и водење грижа
1. Не оптоварувајте го електричниот апарат.
Користете соодветен електричен апарат.
Соодветниот електричен уред ќе ја заврши
работата подобро и побезбедно доколку се
користи со брзината за која е дизајниран.
2. Не користете го апаратот ако копчето за
вклучување и исклучување не работи. Секој
електричен апарат кој не може да се контролира
со копче е опасен и мора да се поправи.
3. Исклучете го приклучокот од изворот на
напојување и/или извадете ја батеријата,
доколку се одвојува, од електричниот
апарат пред да направите било какви
прилагодувања, менување додатоци или
складирање на електричните уреди. Овие
превентивни безбедносни мерки ја намалуваат
опасноста од случајно вклучување на апаратот.
4. Чувајте ги електричните уреди во исклучена
состојба далеку од дофат на деца и не
дозволувајте лица кои не се запознаени со
упатствата за ракување да управуваат со
истите. Електричните апарати се опасни кога со
нив ракуваат необучени лица.
221 македонски

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dus158Dus158z

Table of Contents