Makita DUS108 Instruction Manual page 225

Cordless garden sprayer
Hide thumbs Also See for DUS108:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
УПОТРЕБА И ГРИЖА НА БЕЗЖИЧЕН РАСПРСКУВАЧ ЗА ГРАДИНА
1. Безжичниот распрскувач за градина може да работи со кутија на литиум-јонски батерии Макита.
Употребата на било кои други батерии може да предизвика ризик од пожар. Полнете ги батериите само
со наведениот полнач. Полнач соодветен за еден вид батерија може да создаде ризик од пожар кога се
користи за полнење на друг вид батерија.
2. При ставање или вадење на батеријата, секогаш ставајте го безжичниот распрскувач за градина на рамна
и стабилна површина.
3. Не користете батерии или додатоци кои не се препорачани од производителот на овој апарат. Употребата
на батерии или додатоци кои не се препорачани може да резултира со сериозни телесни повреди.
НАМЕНА
Овој распрскувач на притисок е исклучиво дизајниран за прскање на следниве раствори на отворено и во
добро проветрени пластеници.
Вода
Пестициди
Против плевел
Природни масла растворени во вода (на пр. масло од ним, масло од репа).
Ѓубрива растворени во вода.
Течностите што треба да се прскаат, особено природните масла растворени во вода, мора да бидат во течна
форма слична на вода. Течностите со поголем вискозитет не можат да бидат прскани, или само со помала
моќност.
Може да се прскаат само течни ѓубрива, средства против плевел и пестициди кои се одобрени од локалниот
орган за лиценцирање во земјата каде што се користи. За време на производство, не е утврдено дека штетни
ефекти се предизвикани на употребените материјали од овие одобрени супстанци или од природните масла
растворени во вода. Ѓубривата, пестицидите и средствата против плевел е дозволено да се прскаат само во
концентратите наведени од производителот на растворите за прскање. Доколку имате некакво сомневање, ве
молиме контактирајте го релевантниот произведувач.
Распрскувачот на притисок не е дизајниран да се користи со храна или да прска течности што ја надминуваат
максимално дозволената работна температура од 40 °C. Слично на тоа, забрането е прскање на кисели,
кородирачки и запаливи течности чија точка на палење е под 55 °C, како и средства за оплодување, средства
за дезинфекција, бои, лакови, маснотии, глазури и синтетички произведени масла.
Важно! Атомизираните запаливи течности со точка на инфламација над 55 °C се исто така многу
запаливи.
Никогаш не го користите распрскувачот на притисок
Како пиштол со пламен.
За складирање на течности.
За супстанци чии ризик е непознат.
Опремата е наменета да се користи само за пропишаната намена. Секоја друга намена ќе се смета за случај
на злоупотреба. Корисникот / операторот, а не производителот ќе се сметаат за одговорни за било каква
штета или повреди предизвикани како резултат на ова.
225 македонски

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dus158Dus158z

Table of Contents