Makita DUA301 Instruction Manual page 85

Cordless telescopic pole saw
Hide thumbs Also See for DUA301:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на алатот/батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со батеријата се ракува на начин што
предизвикува повлекување нетипично висока струја,
алатот автоматски се исклучува и ламбичката за
главно напојување трепка зелено. Во таква ситуација,
исклучете го алатот и запрете со примената што
предизвикала негово преоптоварување. Потоа,
повторно вклучете го алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот или батеријата се прегреани, алатот
автоматски ќе запре и ламбичката за главно
напојување трепка црвено. Во овој случај, оставете
ги алатот и батеријата да се оладат пред повторно
да го вклучите алатот.
НАПОМЕНА: Во средина со висока температура,
веројатно е дека заштитата од прегревање ќе
работи и дека алатот автоматски ќе запре.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата не е доволен,
алатот автоматски ќе запре и ламбичката за главно
напојување трепка црвено. Во овој случај, извадете
ја батеријата од алатот и наполнете ја.
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
85 МАКЕДОНСКИ
Прекинувач за главно напојување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
исклучувајте го прекинувачот за главно
напојување кога не се користи.
За да го вклучите алатот, притискајте го копчето за
главно напојување додека ламбичката за главно
напојување не светне зелено. За исклучување, повторно
притиснете го прекинувачот за главно напојување.
► Сл.4: 1. Ламбичка за главно напојување
2. Индикатор за режим 3. Прекинувач за
главно напојување
НАПОМЕНА: Ламбичката за главно напојување
трепка зелено кога ќе го вклучите прекинувачот
за главно напојување додека го држите лостот
за одблокирање и прекинувачот за стартување.
Во овој случај, отпуштете ги прекинувачот за
стартување и лостот за одблокирање, па потоа
вклучете го прекинувачот за главно напојување.
НАПОМЕНА: Овој алат има вградена функција
за автоматско исклучување. За избегнување
на ненамерното стартување, прекинувачот за
главно напојување автоматски ќе се исклучи кога
прекинувачот за стартување не се повлекува
определено време по вклучување на прекинувачот
за главно напојување.
Алатот може да го користите за сечење дебели
или тврди гранки во режим на зголемување на
вртежниот момент. За да го користите алатот во
режим на зголемување на вртежниот момент, кога
алатот е исклучен, притиснете го прекинувачот
за главно напојување неколку секунди додека
индикаторот за режим не светне зелено.
НАПОМЕНА: Алатот може да го користите во
режим на зголемување на вртежниот момент
најмногу 60 секунди. Зависно од условите на
користење, овој режим се префрлува во нормален
режим за помалку од 60 секунди.
НАПОМЕНА: Доколку индикаторот за режим
трепка зелено кога ќе го притиснете прекинувачот
за главно напојување неколку секунди, режимот на
зголемување на вртежниот момент не е достапен.
Во овој случај, следете ги чекорите подолу.
Режимот на зголемување на вртежниот
момент не е достапен веднаш по сечењето.
Почекајте повеќе од 10 секунди и потоа
повторно притиснете го прекинувачот за
главно напојување неколку секунди.
Доколку режимот на зголемување на
вртежниот момент го користите повеќепати,
неговото користење се ограничува за да
се заштити батеријата. Доколку режимот
за зголемување на вртежниот момент не е
достапен по чекање подолго од 10 секунди,
заменете ја касетата за батеријата со
целосно наполнета или повторно наполнете
ја касетата за батеријата.
НАПОМЕНА: Доколку ламбичката за главно
напојување свети црвено или трепка црвено или
зелено, погледнете ги упатствата за системот за
заштита на алатот/батеријата.
Секогаш

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents