Makita DUA301 Instruction Manual page 81

Cordless telescopic pole saw
Hide thumbs Also See for DUA301:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
6.
Никогаш не користете го овој алат по
консумирање алкохол или наркотични средства
или ако се чувствувате изморени или болни.
7.
Никогаш не обидувајте се да го
модификувате алатот.
8.
Не користете го алатот при лоши временски
услови, особено кога има ризик од грмотевици.
Со тоа се намалува ризикот од удар на гром.
9.
Употребата на алатот може да е ограничена
со државни прописи. Следете ги прописите
што се однесуваат на ракувањето со алатот
во вашата држава.
Лична заштитна опрема
1.
Носете заштитен шлем, заштитни очила и
заштитни ракавици за да се заштитите од
разлетан отпад или предмети што паѓаат.
2.
Носете заштита за уши, како на пример тампони
за уши, за да спречите загуба на слухот.
3.
Носете соодветни облека и чевли за сигурна
работа, како на пример работен комбинезон
и цврсти чевли што не се лизгаат. Не носете
лабава облека или накит. Лабавата облека,
накитот или долгата коса можат да бидат
зафатени од подвижните делови.
Носете заштитни ракавици кога ракувате
4.
со синџирот на пилата или ја нагодувате
затегнатоста на пилата. Синџирот на пилата може
да нанесе сериозни исеченици врз голите раце.
Безбедност на работната област
Држете го алатот на оддалеченост од најмалку
1.
15 м од електричните водови и комуникациски
кабли (вклучително сите гранки што
ги допираат). Ако го допрете алатот до
високонапонски кабли или го приближите
до нив, може да дојде до смрт или сериозна
повреда. Пред да почнете со работа, видете
каде се каблите за напојување и електричните
огради околу работната област.
Работете со алатот само во услови на добра
2.
видливост и дневна светлина. Не работете
со алатот во темница или магла.
3.
При работењето, никогаш не стојте на
нестабилна или лизгава површина или на
стрмнина. За време на ладните годишни
времиња, внимавајте на мразот и снегот и
секогаш одржувајте стабилна положба со нозете.
4.
При работењето, држете ги луѓето или животните
што се наоѓаат во близина на растојание од
најмалку 15 м од алатот. Исклучете го алатот
веднаш штом некој се приближи.
Кога работите со двајца или повеќе луѓе,
5.
одржувајте меѓусебно растојание од најмалку
15 м или повеќе и поставете надзорник.
6.
Пред работењето, испитајте дали во
работната област има жичени огради,
ѕидови или други тврди предмети. Тие може
да го оштетат синџирот на пилата.
Подготовка
1.
Пред да го склопувате или нагодувате
алатот, исклучете го и извадете ја касетата
за батеријата.
Носете заштитни ракавици пред да ракувате
2.
со синџирот на пилата или ја нагодувате
затегнатоста на пилата.
3.
Пред да го стартувате алатот, проверете дали
на него има оштетувања, лабави шрафови/
навртки или неправилно склопување.
Наострете го тапиот синџир на пилата. Ако
синџирот на пилата е свиткан или оштетен,
заменете го. Проверете дали сите контролни
лостови и прекинувачи функционираат
исправно. Исчистете ги и исушете ги дршките.
Никогаш не обидувајте се да го вклучите алатот
4.
ако е оштетен или ако не е целосно склопен. Во
спротивно, може да настане тешка повреда.
5.
Нагодете го ременот за рамо да одговара на
големината на телото на операторот.
6.
Нагодете ја правилно затегнатоста на
синџирот. Ако е потребно, дополнете го
маслото за синџирот.
Стартување на алатот
1.
Носете лична заштитна опрема пред да го
стартувате алатот.
2.
Пред да го стартувате алатот, осигурете се дека
нема луѓе или животни во работната област.
3.
Кога ја монтирате касетата за батерија, држете
ги синџирот на пилата и насочувачката
шипка подалеку од вашето тело и другите
предмети, вклучувајќи ја земјата. Синџирот на
пилата може да се придвижи кога ќе се стартува
и може да предизвика сериозна повреда или
оштетување на синџирот на пилата и/или имотот.
Ставете го алатот на цврста земја. Одржувајте
4.
добра рамнотежа и стабилна положба на нозете.
Работење
1.
Во итен случај, веднаш исклучете го алатот.
2.
Ако забележите каква било необична состојба
(на пример бучава, вибрации) при работата,
исклучете го алатот. Не користете го алатот додека
не се открие причината и разреши дефектот.
3.
Синџирот на пилата продолжува да се движи
кратко време откако алатот ќе се исклучи. Не
брзајте да го допрете синџирот на пилата.
4.
При работењето, користете го ременот за рамо.
Држете го алатот цврсто од вашата десна страна.
5.
Држете ја предната дршка со левата рака,
а задната дршка со десната рака, без оглед
дали сте деснак или левак. Свиткајте ги
прстите и палците околу дршките.
6.
Држете го алатот само за изолираните
држачи затоа што синџирот на пилата може
да дојде во допир со скриени жици. Синџирот
за пилата што ќе допре „жива" жица може да ги
направи „живи" изложените метални делови на
алатот за кастрење со продолжен домет и да
предизвика струен удар на операторот.
7.
Никогаш не обидувајте се да работите со
алатот со една рака. Ако загубите контрола,
може да дојде до сериозна или фатална
повреда. За да го намалите ризикот од
повреди, чувајте ги рацете и стапалата
подалеку од синџирот на пилата.
Не пресегајте предалеку. Одржувајте добра
8.
стабилност и рамнотежа со нозете цело
време. Внимавајте на скриени пречки, како
на пример трупци, корења и дупки, за да
избегнете сопнување. Тргајте ги паднатите
гранки и другите предмети од патот.
81 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents