Makita DUA301 Instruction Manual page 82

Cordless telescopic pole saw
Hide thumbs Also See for DUA301:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
9.
Никогаш не работете качени на скала или на
дрво за да избегнете губење на контролата.
10. Ако алатот се здобие со тежок удар или
пад, проверете ја неговата состојба пред
да продолжите со работа. Доколку има
какво било оштетување или сомнеж за
тоа, побарајте проверка и поправка од
овластениот сервисен центар на Makita.
11.
Не допирајте ја главата на алатот. Главата на
алатот се вжештува за време на работата.
12. Одморајте се за да спречите губење на
контролата заради замор. Препорачуваме да
правите паузи за одмор од по 10 до 20 минути
на секој час.
13. Кога го оставате алатот, дури и за кратко
време, секогаш исклучувајте го и вадете ја
касетата за батеријата. Алатот што работи,
а е без надзор, може да биде употребен од
неовластено лице и да предизвика сериозна
несреќа.
14. Кога работите со алатот, не дигајте ја
десната рака над висината на рамената.
15. За време на работењето, никогаш не
удирајте го синџирот на пилата од тврди
пречки како камења и шајки. Особено
внимавајте кога сечете гранки до ѕидови,
жичени огради или слично.
16. Доколку во алатот се зафатат гранки,
секогаш запрете го алатот и извадете
ја касетата за батеријата. Во спротивно,
ненамерното стартување може да предизвика
сериозна повреда.
17. Доколку синџирот на пилата се затне,
секогаш исклучете го алатот и извадете ја
касетата за батерија пред чистење.
18. Забрзувањето на алатот кога е блокиран
синџирот на пилата го зголемува
оптоварувањето и ќе го оштети алатот.
19. Пред да сечете израстоци, чувајте
ја областа за бегање подалеку од
израстокот што паѓа. Прво, расчистете ги
попречувањата како израстоци и гранки од
работната област. Преместете ги алатите и
предметите од областа за бегање на друго
безбедно место.
20. Пред да сечете гранки и израстоци,
проверете ја насоката на нивното
паѓање, земајќи ја предвид состојбата
на гранките и израстоците, дрвата во
близина, насоката на ветрот итн. Целосно
внимавајте на насоката на паѓањето, како и
отскокнувањето на гранките што паѓаат на
земјата.
21. Никогаш не држете го алатот под агол од
повеќе од 60°. Во спротивно, предметите
што паѓаат може да го удрат операторот и да
предизвикаат сериозна повреда. Никогаш
не стојте под израсток што се сече.
22. Внимавајте на скршените и свитканите
гранки. Тие може да отскокнат при сечењето,
предизвикувајќи неочекувана повреда.
23. Пред да сечете израстоци што имате намера
да ги исечете, отстранете ги гранките и
лисјата околу нив. Во спротивно, тие може да
го зафатат синџирот на пилата.
24. За да се спречи синџирот на пилата да се
зафати во засек, не отпуштајте го лостот пред
да го повлечете синџирот на пилата од засекот.
25. Доколку синџирот на пилата е заглавен во
засекот, веднаш запрете го алатот, внимателно
тргнете ја гранката за да го отворите засекот и
отпуштете го синџирот на пилата.
26. Избегнувајте повратен удар (сила на
реакција од ротацијата кон операторот). За
спречување на повратниот удар, никогаш не
користете го врвот од насочувачката шипка,
ниту, пак, изведувајте сечење со пробивање.
Секогаш внимавајте на позицијата на врвот
од насочувачката шипка.
27. Проверувајте често ја затегнатоста на синџирот.
Кога ќе ја проверувате или нагодувате
затегнатоста на синџирот, исклучете го алатот
и извадете ја касетата за батеријата. Доколку
затегнатоста е лабава, стегнете ја.
Транспортирање
1.
Пред да го транспортирате алатот, исклучете
го алатот и извадете ја касетата за батеријата.
При транспорт, секогаш наместете го капакот
на насочувачката шипка.
2.
Кога го транспортирате алатот, носете го
во хоризонтална положба држејќи го за
дршката.
Одржување
1.
Сервисирајте ја опремата во еден од нашите
овластени сервисни центри и секогаш
користете само оригинални резервни
делови. Неправилната поправка и лошото
одржување може да го скратат работниот век
на алатот и да го зголемат ризикот од незгоди.
Пред да извршувате какви било работи за
2.
одржување или поправка, или пред да го
чистите, секогаш исклучувајте го и вадете
ја касетата за батеријата. Почекајте додека
алатот се излади.
3.
Носете заштитни ракавици секогаш кога
ракувате со синџирот на пилата.
По секоја употреба, стегнете ги сите шрафови
4.
и навртки, освен шрафовите за нагодување.
Одржувајте го синџирот на пилата остар.
5.
Ако синџирот на пилата се истапи и
сечењето е лошо, побарајте острење од
овластениот сервисен центар на Makita или
заменете го со нов.
Не обидувајте се да извршувате какво
6.
било одржување или поправка што не се
опишани во ова упатство за употреба. За
такви работи, обратете се кај овластениот
сервисен центар на Makita.
Секогаш користете исклучиво оригинални
7.
резервни делови и прибор на Makita. Употребата
на резервни делови или прибор од трета страна
може да резултира со кршење на алатот,
оштетување на имотот и/или тешка повреда.
Складирање
1.
Пред да го складирате алатот, извршете
целосно чистење и одржување. Ставете го
капакот на насочувачката шипка. Извадете ја
касетата за батеријата. Исцедете го маслото
за синџирот откако алатот ќе се излади.
82 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents