Makita DCU603 Instruction Manual page 98

Battery powered wheelbarrow
Hide thumbs Also See for DCU603:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
3.
Бидете многу внимателни на лизгав, лабав
или нестабилен терен. Влажните и лизгавите
површини како, на пример, областите со
влажна трева, снег или мраз, како и лабавиот
и нестабилниот терен, како површините со
песок или чакал, може да предизвикаат губење
на тракцијата кај машината и неповолно да
влијаат врз управувањето, сопирањето и
стабилноста.
4.
Не работете со машината на многу стрмни
падини. Ова го намалува ризикот од губење
на контролата, лизгање и паѓање, што може
да резултира со телесна повреда. Падините
поголеми од максималниот препорачан степен
и странични степени може да го зголемат
ризикот од нестабилност и неповолно да
влијаат врз способноста за безбедно запирање.
Кога работите на падини, секогаш
5.
внимавајте како газите, секогаш работете
напречно, никогаш нагоре или надолу и
бидете исклучително внимателни кога ја
менувате насоката. Ова го намалува ризикот
од губење на контролата, лизгање и паѓање,
што може да резултира со телесна повреда.
6.
Секогаш кога тоа е можно, користете
рамни области за запирање, товарање или
растоварање и никогаш не оставајте ја
машината без надзор на падина. Машината
е понестабилна кога мирува на падина отколку
кога мирува на рамна површина.
7.
Кога ја оставате машината без надзор,
поставете ја сопирачката за паркирање
штом машината се најде во област каде
што е безбедно да запре. Сопирачката
за паркирање спречува несакано движење
на предното тркало и може да ја подобри
стабилноста.
8.
Осигурете се дека платформите се чисти,
силни и прицврстени. За да се намали ризикот
од повреда, сите платформи треба да се
исчистени од лабав отпад и да бидат доволно
силни за да ја издржат тежината на предвидените
товари што ќе се движат преку нив. Тие мора да
имаат соодветно блокирање одоздола и на двете
страни за да се елиминираат скршнувањата
и движењето од една до друга страна под
оптоварување. Сите платформи треба да бидат
доволно широки за да се гази безбедно додека се
влечат товари преку нив.
Пред употреба, осигурете се дека
9.
сите шрафови за блокирање се добро
прицврстени. Шрафовите за блокирање
на задните тркала и предните носечки и
странични ѕидови од отворен тип мора да
бидат прицврстени за да се спречи несакано
движење на овие приспособливи делови од
машината.
10. Никогаш не работете со машината во
преоптоварена состојба. Осигурете се дека
машината има соодветен номинален капацитет
за предметите или материјалите што треба
да се влечат. Прекумерните оптоварувања
ќе предизвикаат потешко маневрирање и
запирање на машината, ќе го зголемат времето
и растојанието за запирање и ќе го зголемат
ризикот од нестабилност.
11.
Никогаш не работете со машината
во пренатрупана состојба. Редење на
материјалот над работ на таблата или преку
страните на таблата може да предизвика
машината неконтролирано да изгуби
рамнотежа и контрола.
12. За прицврстување на товарите, користете
контејнери и јажиња за врзување. Лабавите
и/или неприцврстените товари е поверојатно
дека ќе се поместат, што може да резултира со
губење на стабилноста и контролата.
13. Секогаш држете ги рачките цврсто. Губењето
на контролата може да го зголеми ризикот од
телесна повреда.
14. Отстранете го безбедносниот клуч кога не
се користи. Безбедносниот клуч спречува
несакано вклучување на машината, на пример
од страна на деца или други необучени или
неовластени лица. Без клучот, не може да се
„вклучи" електрично напојување.
15. Оваа машина не може да се користи на јавни
патишта. Употребата на количката на јавен пат
е незаконско и може да резултира со казни од
локалната јурисдикција, а покрај тоа може да
резултира и со телесна повреда.
16. Користете цврста плоча со функција за
спречување на лизгањето и откачувањето
кога ја товарите и/или растоварувате
машинава за транспорт или ја движите
помеѓу различни нивоа. Осигурете се дека
закосеноста на плочата не надминува 12° и
работете бавно и внимателно со машината.
Нестабилното и брзото работење може да
резултира со превртување и/или паѓање.
17. Не расклопувајте, поправајте или
модификувајте ја машинава.
Подготовка
1.
Пред да работите со машината, осигурете се
дека нема луѓе околу неа.
2.
Пред да работите со машината, извршете ги
проверките што се однесуваат на делот за
одржување.
Работење
1.
Кога работите со машината, застанете зад неа
и цврсто држете ги рачките со двете раце.
2.
Не работете со машината додека сте качени
на неа.
3.
Не дозволувајте им на други да се качуваат
на машината.
4.
Кога работите со машината во насока
наназад и се движите наназад, гледајте зад
себе и внимавајте каде одите за да не се
лизнете или сопнете.
5.
Не користете ја машината при слаба
видливост бидејќи постои ризик од
удирање пречки.
Кога работите со машината на нерамен
6.
терен или кога ја надминувате разликата
во нивоата на патот, намалете ја брзината и
внимавајте.
7.
Кога ја користите машината, избегнувајте
мека земја за да спречите превртување
поради уривање на помошната лента на
патот.
98 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dcu604Dcu605

Table of Contents