Makita DCU603 Instruction Manual page 104

Battery powered wheelbarrow
Hide thumbs Also See for DCU603:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
5.
Ставете го капакот на кабелот.
► Сл.26: 1. Капак на кабелот
6.
Држете ги долгите страни од рамната корпа
со двајца луѓе како што е прикажано на сликата и
монтирајте ја рамната корпа на рамките за држење.
► Сл.27
Вадење на рамната корпа
За да ја извадите рамната корпа, следете ја
постапката за монтирање по обратен редослед.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте
ја машината и блокирајте го лостот на
сопирачката пред да ја монтирате или
отстраните касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја касетата
за батерија целосно додека црвениот индикатор
не се изгасне. Во спротивно, може ненадејно да
испадне од машината, предизвикувајќи ви повреда
вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате касетата
за батеријата на сила. Ако касетата не може да се
лизне лесно, тоа значи дека не е поставена правилно.
ВНИМАНИЕ:
Не користите ја касетата за батерија
за висока температура. Кога се користи касета за батерија за
висока температура, машината автоматски запира пред да се
емитува краток звучен сигнал и може да предизвика повреда.
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не ги
потфатите прстите кога го отворате или
затворате капакот на батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА:
Осигурете се да го блокирате
капакот на батеријата пред употребата. Во спротивно,
калта, нечистотиите или водата може да предизвикаат
оштетување на производот или на батеријата.
Монтирање на касетата за батеријата
1.
Повлечете го лостот за блокирање нагоре и
потоа отворете го капакот од кутијата за батерии.
► Сл.28: 1. Капак 2. Лост за блокирање
2.
Порамнете ги јазичето од касетата за батерија со отворот
на кутијата за батерии, па турнете ја касетата додека не се
блокира во место при што ќе се слушне мало кликнување.
► Сл.29: 1. Касета за батерија
3.
Вметнете го клучот за блокирање во местото
покажано на сликата до крај и свртете го надесно.
► Сл.30: 1. Клуч за блокирање
НАПОМЕНА: За да го свртите клучот за
блокирање, вметнете го целосно.
4.
Затворете го капакот од кутијата за батерии.
► Сл.31: 1. Капак
Отстранување на касетата за
батеријата
1.
Повлечете го лостот за блокирање нагоре и
потоа отворете го капакот од кутијата за батерии.
2.
Повлечете ја касетата за батеријата од кутијата
за батерии додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
► Сл.32: 1. Копче
3.
Свртете го клучот за блокирање налево и
извлечете го.
4.
Затворете го капакот од кутијата за батерии.
Систем за заштита на машината/
батеријата
Машината е опремена со систем за заштита на
машината/батеријата. Овој систем автоматски
го прекинува напојувањето на моторот за да
го продолжи работниот век на машината и на
батеријата. Машината автоматски ќе запре за време
на работењето ако таа или касетата за батеријата се
најдат под еден од следниве услови.
Се емитува краток или долг звучен сигнал пред
машината автоматски да запре. Индикаторите
за батерија и ламбичките на контролниот панел
трепкаат додека се емитува звучниот сигнал.
НАПОМЕНА: За прекин на звучниот сигнал,
отпуштете го прекинувачот за стартување и
повлечете го лостот за сопирање.
Заштита од преоптоварување
Кога со машината/батеријата се ракува на начин
што предизвикува повлекување нетипично висока
струја, машината автоматски се исклучува и
ламбичката за главно напојување трепка зелено.
Во таква ситуација, исклучете ја машината и
запрете со примената што предизвикала нејзино
преоптоварување, како на пример намалувајќи
ги натоварените предмети. Потоа, вклучете ја
машината за да се рестартира.
Заштита од прегревање
Кога машината е прегреана, таа автоматски ќе запре
и ламбичката за главно напојување трепка црвено.
Во овој случај, оставете ги машината и батеријата да
се оладат пред повторно да ја вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата не е доволен,
ламбичката за главно напојување и соодветниот
индикатор за батерија трепкаат црвено. Во овој
случај, заменете ги касетите за батерии или сменете
ги истите со целосно наполнети, или, пак, извадете
ги касетите за батерии од машината и наполнете ги.
НАПОМЕНА: Ламбичката за главно напојување
трепка црвено кога батеријата е прегреана.
104 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dcu604Dcu605

Table of Contents