Makita DCU603 Instruction Manual page 107

Battery powered wheelbarrow
Hide thumbs Also See for DCU603:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вклучување на ламбите
Притиснете го копчето за ламба на кутијата за
батерии за да ги вклучите предната и задната
ламба. За да ги исклучите ламбите, повторно
притиснете го копчето за ламба.
► Сл.39: 1. Копче за ламба 2. Предна ламба
► Сл.40: 1. Задна ламба
НАПОМЕНА: Ламбите се исклучуваат доколку
машината не работи определено време.
НАПОМЕНА: Ламбите се исклучуваат кога се
исклучува напојувањето.
НАПОМЕНА: Може да ги вклучите ламбите дури и
кога клучот за блокирање не е вметнат.
Прекинувач за стартување и лост
на сопирачката
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја вметнете касетата
за батерија во машината, секогаш проверувајте
дали прекинувачот за стартување
функционира правилно и дали се враќа во
положбата ИСКЛУЧЕНО кога ќе се отпушти.
За стартување на машината, повлечете го
прекинувачот за стартување. Со користење на
прекинувачот за стартување може да се нагоди
брзината во рамките на поставениот опсег на
брзини. За запирање на машината, отпуштете го
прекинувачот за стартување и повлечете го лостот
за сопирање.
За да го блокирате лостот на сопирачката,
повлечете го и задржете го истиот, потоа повлечете
го лостот за блокирање и отпуштете го лостот
на сопирачката кога ќе го повлечете лостот
за блокирање. За да ја отпуштите блокадата,
повлечете го лостот на сопирачката.
► Сл.41: 1. Прекинувач за стартување
► Сл.42: 1. Лост на сопирачката 2. Лост за
блокирање
Нагодување на ширината на
носачот
ЗАБЕЛЕШКА:
Осигурете се дека страничните
шини и предната шина се безбедно фиксирани
по затегнување на рачните навртки.
Олабавете ги 6-те рачни навртки и потоа лизгајте
ги страничните шини и предната шина. Затегнете
ги рачните навртки за да ги фиксирате страничните
шини и предната шина.
► Сл.43: 1. Рачна навртка 2. Шина
ВНИМАНИЕ:
Не лизгајте ги шините повеќе
од граничната ознака.
► Сл.44
Нагодување на висината на
рачката
ЗАБЕЛЕШКА:
рачка на иста висина.
Висината на рачката може да се нагоди на 7
нивоа. За нагодување на висината на рачката,
олабавете ги 2-те копчиња, нагодете ја висината
на рачката порамнувајќи го отворот на рачката со
испакнувањето на задната рамка, а потоа цврсто
затегнете ги 2-те копчиња. Нагодете ја висината на
другата рачка на истиот начин.
► Сл.45: 1. Копче
Блокада за задното тркало
Може да ја фиксирате насоката на задните тркала
со блокадата за задното тркало.
1.
Малку придвижете ја машината нанапред, така
што задните тркала ќе бидат свртени кон насоката
што е прикажана на сликата.
► Сл.46: 1. Задно тркало
2.
Ротирајте ја блокадата за задното тркало кон
задниот дел.
► Сл.47: 1. Блокада за задното тркало
3.
Блокирајте го другото задно тркало на истиот
начин.
4.
Придвижете го задното тркало малку нанапред
и наназад или налево и надесно за да се осигурите
дека е блокирано.
За отпуштање на блокадата за задното тркало,
ротирајте ја блокадата за задното тркало 90°, како
што е прикажано на сликата.
► Сл.48: 1. Блокада за задното тркало
НАПОМЕНА: Задните тркала може да се
фиксираат во 4 различни насоки како што е
прикажано на сликата.
► Сл.49
Користење на нивото
Со користење на нивото може да проверите дали
теренот е рамен.
► Сл.50: 1. Ниво
107 МАКЕДОНСКИ
Фиксирајте ја левата и десната

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dcu604Dcu605

Table of Contents