Makita DCU603 Instruction Manual page 109

Battery powered wheelbarrow
Hide thumbs Also See for DCU603:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ВНИМАНИЕ:
По исфрлање на товарите,
осигурете се дека сте ја блокирале единицата
за исфрлање со нејзино враќање на
првобитната позиција.
Празнење на течноста
ВНИМАНИЕ:
Пред празнење на течноста,
бидете сигурни дека сте го блокирале лостот
на сопирачката.
За да ја испразните течноста во внатрешноста
на рамната корпа, олабавете го и извадете го
капачето на рамната корпа. Затегнете го капачето по
празнењето.
► Сл.60: 1. Капаче
НАПОМЕНА: Кога ќе го вадите капачето, бидете
внимателни бидејќи тоа може да се истурка
надвор од притисокот на течноста. Внимавајте
да не дојде течност на вашето лице или другите
делови од телото.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Секогаш паркирајте ја
машината на рамен терен и блокирајте го
лостот на сопирачката пред складирање или
обид за вршење проверки или одржување.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш осигурувајте
се клучот за блокирање и касетата за
батеријата да се отстранети од машината пред
складирање, проверки или одржување.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш отстранувајте го
клучот за блокирање кога машината не е во
употреба. Складирајте го клучот за блокирање
на сигурно место надвор од дофат на деца.
Проверка пред работата
Извршете ги следниве проверки пред работата на
машината.
Проверете дали завртките, навртките и
копчињата се цврсто затегнати.
► Сл.61
Проверете дали сопирачката работи правилно.
Доколку сметате дека сопирачката не работи
доволно, извршете чистење на сопирачката.
Ако не дојде до подобрување, побарајте
поправка од овластените сервисни центри на
Makita.
Проверете дали единицата за исфрлање
е блокирана кога рачката на единицата за
исфрлање е целосно повлечена надолу.
► Сл.62: 1. Рачка
Проверете дали гумите на предните и задните
тркала се оштетени и дали се доволно
напумпани гумите.
Проверете дали предните ламби, задната
ламба и рефлекторот се чисти. Исчистете ги
ако е потребно.
Проверете дали стругалките се во правилна
положба. Ако стругалката е свртена
нагоре, нагодете ја нејзината ориентација
со олабавување на завртките. Кога ќе
ги затегнувате завртките, не туркајте ја
стругалката кон предниот дел од машината.
► Сл.63: 1. Стругалка
Чистење на машината
ЗАБЕЛЕШКА:
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
ЗАБЕЛЕШКА:
под висок притисок за чистење.
ЗАБЕЛЕШКА:
осигурете се дека сте го затвориле капакот на
кутијата за батерии. Во спротивно, во кутијата за
батерии може да навлезе вода и да предизвика
дефект на машината.
Отстранувајте ги калта, правот и слично од
машината. Чистете ја машината со млаз вода. По
чистењето, избришете ја машината со сува крпа.
Складирање
Блокирајте го лостот на сопирачката и извадете
ги касетите за батерии и клучот за блокирање.
Складирајте ја машината на безбедно место надвор
од дофат на деца.
Повторно пумпање на гумата
Проверете дали гумата на предното и задното
тркало е подиздишана. Ако не е, повторно
напумпајте ја гумата со воздух користејќи
компресор. Воздушниот притисока е следниов:
Гума за предно тркало: 280 kPa (40 PSI)
Гума за задно тркало: 525 kPa (75 PSI)
Предно тркало
► Сл.64
Задно тркало
► Сл.65
109 МАКЕДОНСКИ
За чистење, не користете
Не користите апарат за миење
Кога ја чистите машината,

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dcu604Dcu605

Table of Contents