Download Print this page

Makita HW001GZ Instruction Manual page 94

Cordless high pressure washer
Hide thumbs Also See for HW001GZ:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата не е доволен,
машината автоматски ќе запре и индикаторот за
брзина трепка црвено. Во овој случај, извадете ја
батеријата од машината и наполнете ја батеријата
или сменете ја батеријата со целосно наполнета.
Заштита од други причини
Системот за заштита исто така е дизајниран и за
други причини што може да ја оштетат машината и
овозможува таа да запре автоматски. Преземете ги
сите следни чекори за да ги отстраните причините
кога машината е доведена до привремено запирање
или престанување на работата.
1.
Исклучете ја машината и потоа повторно
вклучете ја за да се рестартира.
2.
Наполнете ја батеријата(ите) или заменете ја/
ги со наполнета батерија(и).
3.
Оставете ги машината и батеријата(ите) да се
оладат.
Доколку не дојде до подобрување со враќање на
системот за заштита, контактирајте со локалниот
сервисен центар на Makita.
ЗАБЕЛЕШКА:
Ако машината сопре поради
причина што не е опишана погоре, погледнете
го делот за решавање проблеми.
Копче за промена на режимот
Брзина може да се менува во три нивоа. За да го
смените режимот за брзина, притиснете го копчето
за промена на режимот. Кога ќе го смените режимот
за брзина, ќе светне ламбичката за соодветната
брзина.
► Сл.5: 1. Копче за промена на режимот
НАПОМЕНА: Не може да го промените режимот
додека е вклучена машината. Променете го
режимот кога машината е исклучена и батеријата
е монтирана на машината.
НАПОМЕНА: Ако индикаторот за брзина свети
црвено или трепка црвено или зелено, погледнете
ги упатствата за системот за заштита на
машината/батеријата.
Прекинувач за напојување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
исклучувајте го прекинувачот за главно
напојување кога не се користи.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не вклучувајте го прекинувачот
за напојување со сила. Ова може да предизвика
дефект на прекинувачот.
За да ја вклучите машината, свртете го прекинувачот
за напојување надесно, а за да ја исклучите
машината, свртете го прекинувачот за напојување
налево.
► Сл.6: 1. Прекинувач за напојување
Секогаш
94 МАКЕДОНСКИ
НАПОМЕНА: Индикаторите за батерија ќе светнат
неколку секунди веднаш откако ќе ја вклучите
машината.
НАПОМЕНА: Ако ја монтирате касетата за
батеријата на машината кога прекинувачот за
напојување е во вклучена положба, индикаторот
за брзина трепка зелено. Свртете го прекинувачот
за напојување во исклучена положба, па
монтирајте ја касетата за батеријата на машината.
Функции на млазницата
НАПОМЕНА: Стандардните млазници може да
варираат во зависност од земјата. Погледнете
го делот за незадолжителни додатоци за други
млазници.
Млазница за циклонски млаз
Зависно од земјата
ЗАБЕЛЕШКА:
Не користете ја млазницата
за циклонски млаз за чистење кршливи
површини како што се прозорци или шасии на
автомобили.
► Сл.7
Се исфрла спирален млаз. Соодветен за
отстранување закоравени нечистотии.
Приспособлива млазница за
прскање и продолжеток
Зависно од земјата
ВНИМАНИЕ:
Монтирајте ја само
приспособливата млазница за прскање на
продолжетокот. Не поврзувајте ги останатите
изборни продолжетоци на оригиналниот
продолжеток. Користење додатоци кои не се
препорачани од производителот може да предизвика
ризик од оштетување или повреда на лица.
ВНИМАНИЕ:
Кога го нагодувате
притисокот на млазот, не ротирајте ја
млазницата додека ја влечете кон пушката за
миење. Млазницата може да испадне од пушката
за миење и да предизвика телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Кога го вртите врвот од
млазницата за да го приспособите млазот на вода,
не вртете го со примена на сила. Во спротивно,
млазницата може да се скрши и да предизвика повреда.
► Сл.8: 1. Приспособлива млазница за прскање
2. Продолжеток
Притисокот на млазот може да се нагодува со
ротирање на млазницата.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога ја вртите млазницата, не
држете го врвот од млазницата, туку коренот
на млазницата како што е прикажано на
сликата.
► Сл.9
НАПОМЕНА: Исто така, приспособливата
млазница за прскање може да се прицврсти
директно на пушката за миење.

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Hw001g