Download Print this page

Makita HW001GZ Instruction Manual page 90

Cordless high pressure washer
Hide thumbs Also See for HW001GZ:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
4.
Оваа машина не е наменета за употреба
од лица (вклучувајќи деца) со намалени
физички, сетилни или психички
способности или од лица кои немаат
доволно искуство и знаење.
5.
Децата треба да се под надзор за да се
осигури дека нема да си играат со уредот.
6.
Не прскајте запаливи и/или токсични течности.
Ова може да предизвика експлозија, труење
или да ја оштети машината.
7.
Не насочувајте го млазот кон вас или кон
другите за да ја чистите облеката или
обувките.
Цревата, приклучоците и спојките под
8.
висок притисок се важни за безбедноста на
машината. Користете ги само оние црева,
приклучоци и спојки што ги препорачува
производителот.
Следете ги упатствата кога ги менувате
9.
додатоците.
10. Рачките треба да бидат суви, чисти и без
масло или маснотии.
11.
Бидете претпазливи – внимавајте што
правите.
12. Не ракувајте со производот кога сте
изморени или под влијание на алкохол или
лекови.
13. Не оставајте го апаратот за миење под
висок притисок да работи без вода подолго
од една минута. Ќе се оштети моторот и ќе
предизвика дефект.
14. Секогаш исклучувајте ги напојувањето и главниот
довод на вода кога го оставате апаратот за миење
под висок притисок без надзор.
15. Внимавајте на повратниот удар. Пушката
за миење отскокнува кога ќе излезе млазот
под висок притисок од млазницата. Држете
ја пушката за миење цврсто за да се спречат
случајни повреди.
16. Проверете дали има оштетени или изабени
делови пред употреба. Исто така, осигурете
се дека цревото е прикачено правилно и
дека нема истекување за време на работата.
Работење со машината со функционални
дефекти може да предизвика несреќа.
17. Машината е направена за употреба со
средствата за чистење што ги доставува
или препорачува производителот.
Користењето други средства за чистење
или хемикалии може да влијае неповолно
врз безбедноста на машината.
18. Не влечете го цревото за да го поместувате
главниот дел од апаратот за миење под
висок притисок. Така ќе се оштетат цревото
и деловите за поврзување и ќе дојде до
краток спој или функционални дефекти.
19. Не поставувајте тешки објекти врз цревото и
не дозволувајте возилата да го прегазуваат.
20. Секогаш испуштајте го преостанатиот
притисок во пушката за миење пред да го
исклучите цревото.
21. Кога го прикачувате цревото за главниот
довод, следете ги упатствата на локалното
претпријатие или компанија за водовод.
22. Доколку апаратот за миење под висок
притисок се испушти или удри во
тврд предмет, проверете ги штетата и
пукнатината. Користењето оштетен апарат за
миење под висок притисок може да создаде
чад, оган или да предизвика струен удар, што
ќе резултира со телесна повреда.
23. При користењето чистачи под висок
притисок, може да се формираат аеросоли.
Вдишувањето аеросоли може да биде
опасно по здравјето.
24. Во зависност од примената, за чистење
под висок притисок може да се користат
заштитени млазници, со што значително ќе се
намали емисијата на водени аеросоли. Сепак,
таквиот уред не може да се користи за сите
примени. Ако заштитените млазници не може
да се применуваат за заштита од аеросоли,
можеби ќе биде потребна респираторна
маска од класата FFP 2 или еквивалентна, во
зависност од средината на чистење.
25. Работодавачот треба да изврши процена
на ризикот за да се наведат неопходните
заштитни мерки во однос на аеросолите,
зависно од површината што треба да се
чисти и нејзината околина. Респираторни
маски од класата FFP 2, еквивалентни или
повисока класа, се соодветни за заштита од
водени аеросоли.
26. Спречете ненамерно стартување. Уверете се
дека прекинувачот е во исклучена положба
пред поврзување со батеријата, подигање
или носење на уредот. Носењето на уредот
со прстот на прекинувачот или приклучувањето
на уредот во извор на електрична енергија со
вклучен прекинувач се причина за несреќи.
27. Извадете ја батеријата од уредот пред
вршење нагодувања, промена на
додатоци или складирање на уредот. Овие
превентивни безбедносни мерки го намалуваат
ризикот од случајно стартување на уредот.
28. Не модификувајте ги, ниту обидувајте се
да ги поправате уредот или батеријата,
освен како што е наведено во упатството за
користење и грижа.
29. Не насочувајте го млазот од вода на истата
област подолго време. Предметот може да се
скрши и да предизвика повреда.
30. Не мијте ја машината со млазот од вода од
оваа машина. Машината може да се скрши
или делови од машината може да испаднат и
да предизвикаат повреда.
31. За да избегнете ризик од струен удар, не
насочувајте го млазот од вода кон машината
додека машината е вклучена.
Користење и грижа за алатот на батерии
1.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
2.
Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда или пожар.
90 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Hw001g