Download Print this page

Makita HW001GZ Instruction Manual page 101

Cordless high pressure washer
Hide thumbs Also See for HW001GZ:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Ротациска четка
► Сл.51
Кога се исфрла млазот, три четки внатре ротираат
полека. Соодветно за чистење помали нечистотии
на надворешен ѕид, каросерија, када итн.
Цевка за прскање под каросерија
ВНИМАНИЕ:
Не користете ја цевката за
прскање под каросерија со продолжетокот на
цевката.
► Сл.52
Екстра долга цевка со млазница под агол. Најдобра
за чистење тешко достапни области како што се под
каросерија на автомобил и олуци на кров.
Црево за чистење цевки (10 м/15 м)
ВНИМАНИЕ:
Особено внимавајте на
млазот вода кога го користите цревото за
чистење цевки. Ако млазот е премногу силен,
се враќа наназад. Активирајте го млазот вода
само кога млазницата е вметната во цевката
што треба да се чисти барем до црвената
ознака.
► Сл.53
За чистење и одзатнување водоводни цевки и олуци.
Поврзувачка спојка
► Сл.54
Спојка што се поврзува со млазница од друг модел.
За некои изборни млазници потребна е поврзувачка
спојка (изборен додаток) за да се поврзат со
пушката за миење. Поврзете ја поврзувачката
спојка со пушката за миење на истиот начин како и
млазницата.
► Сл.55: 1. Млазница 2. Поврзувачка спојка
3. Пушка за миење
Продолжеток на цевката
► Сл.56
Цевки што ќе ја зголемат должината на пушката
за миење. Достапни се три различни должини со
менување на бројот на цевки што се користат.
Продолжеток на црево за висок
притисок (5 м/8 м/10 м)
► Сл.57
Продолжеток на црево за да се поврзе главниот
дел на апаратот за миење под висок притисок со
пушката за миење.
Вртлива спојка
► Сл.58
Спречува свиткување на цревото за висок притисок.
► Сл.59: 1. Копче 2. Навртка
За да го поврзете или да го откачите цревото за
висок притисок на или од вртливата спојка, свртете
ја навртката на цревото за висок притисок додека го
притискате копчето на вртливата спојка.
Склоп на црево
► Сл.60
Склоп на црево за да се поврзе чешма со
производот или склопот на филтерот со производот.
Склоп на филтер
► Сл.61
Склоп на филтер за да се доведе вода од цистерна
или резервоар. Користете го склопот на цревото за
да го поврзете со производот.
101 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Hw001g