Makita PM001G Instruction Manual page 84

Cordless backpack mist blower
Hide thumbs Also See for PM001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
5.
Ставете ја машината на грбот, па заклучете ја
токата на ременот за појасот.
6.
Свртете ја рачката на млазницата така што ќе
биде во отворена позиција.
► Сл.30: 1. Рачка на млазницата
7.
Вклучете ја машината, па потоа цврсто држете
ја контролната рачка и извршете го прскањето.
По работењето, свртете ја рачката на млазницата
така што ќе биде во затворена позиција.
Кога ќе ја спуштате машината, отклучете ја токата
на ременот за појас, а потоа полека спуштете ја
машината.
► Сл.31: 1. Тока
НАПОМЕНА: Може да ја промешувате течноста во
резервоарот така што ќе го вртите филтерот како
што е прикажано на сликата.
► Сл.32: 1. Филтер
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте дали се
извадени сите касети за батерии од машината
пред да ја складирате, пренесувате или пред
да вршите проверка или одржување.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Празнење на течноста
Кога ја испуштате течноста од резервоарот, извадете
го цревото од главната единица, а потоа испуштете
ја течноста од резервоарот во сад со отворање на
рачката за испуштање. По испуштање на течноста,
осигурете дека ја затворате рачката за испуштање и
прикачете го цревото со главната единица.
► Сл.33: 1. Рачка за испуштање 2. Црево
НАПОМЕНА: За целосно испуштање на
резервоарот, навалете ја малку главната единица
кон испустот на цревото.
Чистење на машината
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Чистете ја машината така што ќе ја бришете
прашината со сува крпа или крпа натопена во
сапуница, па исцедена.
Отстранете ги правот или нечистотијата од отворот
за смукање.
► Сл.34: 1. Отвор за смукање
Чистење на филтерот
Редовно чистете го филтерот. За да го исчистете
филтерот, следете ги чекорите подолу.
1.
Извадете ги касетите за батериите, па потоа
затворете ја рачката за резервоарот.
2.
Извадете го капакот на филтерот преку негово
вртење налево, па потоа отстранете го филтерот.
► Сл.35: 1. Капак на филтерот 2. Филтер
3.
Исчистете го филтерот со млаз вода.
4.
Монтирајте го филтерот во главната единица, а
потоа затегнете го капакот на филтерот.
5.
Отворете ја рачка за резервоарот.
Чување
Пред да ја складирате машината, извршете целосно
одржување. Складирајте ја машината на место
подалеку од дофат на деца и неизложена на влага,
дожд или директна сончева светлина.
Може да ја поврзете лентата на цевката со
машината како што е прикажано на сликата за да ја
поддржите цевката.
► Сл.36: 1. Опсег
Менување на млазницата
Може да ја смените стандардната млазница во
ULV-млазница (ULV - ултра-ниско количество).
ULV-млазницата може да распрскува поситни
честички од стандардната млазница. За да смените
млазницата, следете ги чекорите подолу.
1.
Олабавете го шрафот и извадете ја, па
отстранете го предниот дел на млазница на крајот.
► Сл.37: 1. Шраф 2. Млазница на крајот
2.
Извадете ја стандардната млазница преку
вртење на млазницата налево користејќи рачвест
клуч.
► Сл.38: 1. Рачвест клуч 2. Стандардна млазница
3.
Извадете го О-прстенот од стандардната
млазница, па монтирајте го на ULV-млазницата.
► Сл.39: 1. О-прстен 2. Стандардна млазница
3. ULV-млазница
4.
Монтирајте ја ULV-млазницата преку вртење на
млазницата надесно користејќи рачвест клуч.
► Сл.40: 1. Рачвест клуч 2. ULV-млазница
ЗАБЕЛЕШКА:
затегнете млазницата. Препорачаниот вртежен
момент на затегнување е 1,0 N•m. Ако премногу
ја затегнете млазницата, тоа може да го оштети
делот за монтирање на млазницата.
5.
Монтирајте ја млазница на крајот, па затегнете
ги шрафовите.
► Сл.41: 1. Шраф 2. Млазница на крајот
84 МАКЕДОНСКИ
Немојте премногу да ја

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Pm001gz01Pm001gt202

Table of Contents