Makita PM001G Instruction Manual page 82

Cordless backpack mist blower
Hide thumbs Also See for PM001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на машината/
батеријата
Машината е опремена со систем за заштита на
машината/батеријата. Овој систем автоматски
го прекинува напојувањето на моторот за да
го продолжи работниот век на машината и на
батеријата. Машината автоматски ќе се исклучи
за време на работењето ако тој или батеријата се
најдат под еден од следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со машината или батеријата се ракува на
начин што предизвикува повлекување нетипично
висока струја, машината автоматски се исклучува
и ламбичката за главно напојување трепка зелено.
Во таква ситуација, исклучете ја машината и
запрете со примената што предизвикала нејзино
преоптоварување. Потоа, вклучете ја машината за
да се рестартира.
Заштита од прегревање
Кога машината е прегреана, таа автоматски ќе запре
и ламбичката за главно напојување трепка црвено.
Во овој случај, оставете ги машината и батеријата да
се оладат пред повторно да ја вклучите.
НАПОМЕНА: Ламбичката за главно напојување
трепка црвено кога батеријата е прегреана.
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
82 МАКЕДОНСКИ
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата не е доволен,
машината автоматски ќе запре и ламбичката за
главно напојување трепка црвено. Во овој случај,
извадете ја батеријата од машината и наполнете
ја батеријата или сменете ја батеријата со целосно
наполнета.
Заштита од други причини
Системот за заштита исто така е дизајниран и за
други причини што може да ја оштетат машината и
овозможува таа да запре автоматски. Преземете ги
сите следни чекори за да ги отстраните причините
кога машината е доведена до привремено запирање
или престанување на работата.
1.
Исклучете ја машината и потоа повторно
вклучете ја за да се рестартира.
2.
Наполнете ја батеријата(ите) или заменете ја/
ги со наполнета батерија(и).
3.
Оставете ги машината и батеријата(ите) да се
оладат.
Доколку не дојде до подобрување со враќање на
системот за заштита, контактирајте со локалниот
сервисен центар на Makita.
ЗАБЕЛЕШКА:
Ако машината сопре поради
причина што не е опишана погоре, погледнете
го делот за решавање проблеми.
Прекинувач за главно напојување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
исклучувајте го прекинувачот за главно
напојување кога не се користи.
За да ја вклучите машината, притиснете го
прекинувачот за главно напојување. Ламбичката
светнува зелено. За да исклучите, притиснете го
и задржете го прекинувачот за главно напојување
додека не се исклучи ламбичката.
► Сл.19: 1. Индикатор за брзина 2. Прекинувач за
главно напојување
Брзина може да се менува во три нивоа. За да
го смените режимот за брзина, притиснете го
прекинувачот за главно напојување. Кога ќе го
смените режимот за брзина, ќе светне ламбичката
за соодветната брзина.
НАПОМЕНА: Машината има вградена функција
за автоматско исклучување. За избегнување
на ненамерното стартување, прекинувачот за
главно напојување автоматски ќе се исклучи
кога машината не работи определено време
по вклучување на прекинувачот за главно
напојување.
НАПОМЕНА: Доколку ламбичката за главно
напојување свети црвено или трепка црвено или
зелено, погледнете ги упатствата за системот за
заштита на машината/батеријата.
Секогаш

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Pm001gz01Pm001gt202

Table of Contents