Makita PM001G Instruction Manual page 75

Cordless backpack mist blower
Hide thumbs Also See for PM001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
5.
Сите лица што работат и вршат
сервисирање треба да бидат обучени и
запознаени со постапките за соодветно
ракување со хемиските производи што се
користат, како и со прописите за фрлање
течни хемикалии.
6.
За да се намали ризикот од повреда при
користењето хемиски производи, носете
соодветна заштитна опрема при полнење,
користење или чистење на прскалката.
Секогаш следете ги сите упатства од
производителот на хемискиот производ
во поглед на соодветна заштита за очите,
кожата и дишните патишта.
7.
Кога користите токсични хемикалии, ракувачот
и сите случајни минувачи можеби треба да
носат соодветно опремен респираторен уред
за хемикалијата што се користи. Повикајте
се на етикетата на хемискиот производ.
Дишењето токсични хемикалии може да
предизвика сериозна или фатална повреда.
Наменета употреба на машината
Машината е наменета единствено за
1.
прскање течни хемикалии и други течности
за контрола на штетници и плевел кај
градини со овошје, цвеќиња и зеленчук,
кај дрвја и грмушки и кај други растенија,
како што се кафе, тутун и памук. Исто така
е корисна и за одржување на млади дрвја
за контрола на бумбар-поткорник и други
штетници и болести на растенијата. Никогаш
не користете за други цели.
Обука
1.
Прочитајте ги упатствата внимателно.
Запознајте се со контролите и правилната
употреба на машината.
2.
Никогаш не дозволувајте деца и лица со
намален физички, сензорен или ментален
капацитет или без искуство и знаење
или, пак, лица кои не се запознаени со
овие упатства да ја користат машината.
Локалните прописи може да ја ограничуваат
возраста на операторот.
3.
Никогаш не работете со машината кога има
луѓе, особено деца, или домашни животни
во близина.
4.
Имајте предвид дека ракувачот или
корисникот е одговорен за каква било
несреќите или опасностите што може да им
се случат на другите лица или нивниот имот.
Подготовка
1.
Секогаш носете цврсти обувки и долги
панталони додека работите со машината.
2.
Не носете лабава облека, ниту накит, кои
можат да бидат вовлечени во отворот за
воздух. Држете ја долгата коса подалеку од
отворите за воздух.
За спречување надразнување од прав, се
3.
препорачува да се носи маска за лице.
4.
Додека работите со машината, секогаш
носете заштитни обувки што не се лизгаат.
Нелизгавите безбедносни чизми и чевли со
затворени прсти ќе го намалат ризикот од
повреда.
5.
Кога работите со машината, секогаш
носете ракавици што се гумени/отпорни на
хемикалии и чизми што се гумени/отпорни
на хемикалии.
Ракување со хемикалии
1.
Некои хемикалии може да содржат
токсични и/или нагризувачки супстанции.
Таквите хемикалии може да бидат опасни
и да предизвикаат сериозна или фатална
повреда на луѓето и животните и/или
сериозно оштетување на растенијата
и животната средина. Избегнувајте
директен контакт со хемикалии. Следете
ги упатствата од производителот на
хемикалиите во поглед на каков било
контакт со производот.
Прочитајте ја етикетата од производителот
2.
и упатството за употреба секој пат пред да
ја мешате или да ја користите хемикалијата
и пред нејзино складирање или фрлање.
Невнимателна или неправилна употреба
може да предизвика сериозна или фатална
повреда.
3.
Пред употреба, внимателно прочитајте
ги етикетите на садовите со хемикалии.
Хемикалиите се категоризираат
во категории според токсичноста.
Секоја категорија има уникатни
карактеристики за ракување. Запознајте
се со карактеристиките за категоријата на
хемикалијата што ја користите. Хемикалиите
може да се користат единствено од
лица обучени за нивно ракување и со
соодветните мерки за прва помош.
Ако не се користат соодветно, хемикалиите
4.
може да бидат штетни на луѓето, животните
и животната средина. Се препорачува
со машината да не користите одредени
хемикалии што се нагризувачки, корозивни
или отровни.
5.
Мешајте само компатибилни пестициди.
Погрешните мешавини може да создадат
токсични испарувања. Кога ракувате и
прскате хемикалии, осигурете дека работите
во согласност со вашите локални правила и
насоки за заштита на животната средина. Не
прскајте кога има ветар. За да помогнете да
се заштити животната средина, користете ја
единствено препорачаната доза.
6.
Додека ракувате хемикалии или прскате,
избегнувајте да ја отворате устата, на
пример, да јадете, пиете или пушите.
Никогаш со устата не дувајте низ
млазниците, цевките, каналите и која било
друга компонента. Секогаш ракувајте со
хемикалиите во добро проветрена област
додека носите соодветна заштитна облека и
безбедносна опрема.
7.
Не ги складирајте или транспортирајте
хемикалиите заедно со храна, пијалаци
или лекарства и никогаш не употребувајте
ги повторно хемиските садови за друга
намена. Не префрлувајте течни хемикалии
во други садови, особено во садови за
храна и/или пијалаци.
75 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Pm001gz01Pm001gt202

Table of Contents