Makita DUA300 Instruction Manual page 81

Cordless pole saw
Hide thumbs Also See for DUA300:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Работење со алатот
ВНИМАНИЕ:
Чувајте ги сите делови на
телото подалеку од синџирот на пилата кога
работи моторот.
ВНИМАНИЕ:
Држете го алатот цврсто со
двете раце кога работи моторот.
ВНИМАНИЕ:
Не пресегајте предалеку.
Одржувајте добра стабилност и рамнотежа со
нозете цело време.
ВНИМАНИЕ:
Кога сечете гранки,
внимавајте да не ја изгубите рамнотежата
поради тежината на главата на алатот.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш одржувајте ја рутата
за бегање во случај кога ќе падне гранка кон
операторот.
ВНИМАНИЕ:
Никогаш не користете го
врвот на насочувачката шипка за сечење. Во
спротивно, може да дојде до опасен повратен
удар, а тоа може да резултира со телесна
повреда.
ЗАБЕЛЕШКА:
Никогаш не фрлајте го или не
испуштајте го алатот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не покривајте ги отворите за
вентилација на алатот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не форсирајте го алатот. Во
спротивно, тоа може да го оштети алатот.
Стојте на стабилна површина и држете го алатот
подалеку од гранките така што аголот на алатот ќе биде
60° или помал во однос на хоризонталната подлога.
► Сл.21: 1. 60° или помалку
Стартувајте го алатот и потоа лесно притиснете го
синџирот на пилата врз гранката.
Кога сечете долги гранки, за да се контролира
позицијата на паѓањето на исечените гранки, поделете
ја гранката на делови и сечете ја од врвот. Внимавајте
на гранките што паѓаат бидејќи може да отскокнат во
насока на операторот откако ќе удрат во земјата.
► Сл.22
Кога сечете дебели гранки, прво направете плиток
засек од долната страна, а потоа, извршете го
завршното сечење од горната страна.
► Сл.23
Ако се обидете да сечете дебели гранки од долната
страна, гранката може да се превитка и да го
заглави синџирот на пилата во засекот. Ако се
обидете да сечете дебели гранки од горната страна
без плитко засекување од долната, гранката може
да пукне.
► Сл.24
Носење на алатот
Пред да го носите алатот, секогаш вадете ја касетата
за батеријата од алатот и пота прикачете го капакот
на насочувачката шипка. Исто така, покријте ја
касетата за батерија со капакот на батеријата.
► Сл.25: 1. Капак на насочувачката шипка 2. Капак
на батеријата
Користење на алатот со адаптер
за батерија
Опционален додаток
Користете ја лентата за закачување кога го
користете алатот со адаптер за батерија.
Прикачување на лентата за
закачување
1.
Прикачете ги куките од лентата за закачување
на прстените од ременот за рамо или ременот за
појас како што е прикажано на сликата. Изберете
го типот лента и начинот на поврзување што се
соодветни за вашата употреба.
► Сл.26: 1. Прстен 2. Кука
► Сл.27: 1. Прстен 2. Кука
2.
Прицврстете ја куката на алатот.
► Сл.28: 1. Кука
Откачување на алатот
Кога го спуштате алатот, отклучете ја токата на
лентата за закачување со една рака додека го
држите алатот со другата рака.
► Сл.29: 1. Тока
НАПОМЕНА: Токата не е опремена зависно од
типот на лентата.
Доколку треба брзо да го отпуштите алатот, следете
ги чекорите подолу.
1.
Притиснете ги лостовите на токата од ременот
за појас за да ја одблокирате токата.
► Сл.30: 1. Тока 2. Лост
2.
Извадете го ременот за рамо за да ги
отпуштите алатот и уредот.
► Сл.31: 1. Ремен за рамо
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ВНИМАНИЕ:
проверувате или одржувате.
ЗАБЕЛЕШКА:
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
81 МАКЕДОНСКИ
Пред секоја проверка или
Секогаш носете ракавици кога
За чистење, не користете

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dua300z

Table of Contents