Makita DUA300 Instruction Manual page 75

Cordless pole saw
Hide thumbs Also See for DUA300:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
16. Доколку во алатот се зафатат гранки, секогаш
запрете го алатот и извадете ја касетата
за батеријата. Во спротивно, ненамерното
стартување може да предизвика сериозна повреда.
17. Доколку синџирот на пилата се затне,
секогаш исклучете го алатот и извадете ја
касетата за батерија пред чистење.
18. Забрзувањето на алатот кога е блокиран
синџирот на пилата го зголемува
оптоварувањето и ќе го оштети алатот.
19. Пред да сечете израстоци, чувајте
ја областа за бегање подалеку од
израстокот што паѓа. Прво, расчистете ги
попречувањата како израстоци и гранки од
работната област. Преместете ги алатите и
предметите од областа за бегање на друго
безбедно место.
20. Пред да сечете гранки и израстоци,
проверете ја насоката на нивното паѓање,
земајќи ја предвид состојбата на гранките и
израстоците, дрвата во близина, насоката на
ветрот итн. Целосно внимавајте на насоката
на паѓањето, како и отскокнувањето на
гранките што паѓаат на земјата.
21. Никогаш не држете го алатот под агол од
повеќе од 60°. Во спротивно, предметите
што паѓаат може да го удрат операторот и да
предизвикаат сериозна повреда. Никогаш
не стојте под израсток што се сече.
22. Внимавајте на скршените и свитканите
гранки. Тие може да отскокнат при сечењето,
предизвикувајќи неочекувана повреда.
23. Пред да сечете израстоци што имате намера
да ги исечете, отстранете ги гранките и
лисјата околу нив. Во спротивно, тие може да
го зафатат синџирот на пилата.
24. За да се спречи синџирот на пилата да се
зафати во засек, не отпуштајте го лостот пред
да го повлечете синџирот на пилата од засекот.
25. Доколку синџирот на пилата е заглавен
во засекот, веднаш запрете го алатот,
внимателно тргнете ја гранката за да го
отворите засекот и отпуштете го синџирот
на пилата.
26. Избегнувајте повратен удар (сила на
реакција од ротацијата кон операторот). За
спречување на повратниот удар, никогаш не
користете го врвот од насочувачката шипка,
ниту, пак, изведувајте сечење со пробивање.
Секогаш внимавајте на позицијата на врвот
од насочувачката шипка.
27. Проверувајте често ја затегнатоста на
синџирот. Кога ќе ја проверувате или
нагодувате затегнатоста на синџирот,
исклучете го алатот и извадете ја касетата
за батеријата. Доколку затегнатоста е
лабава, стегнете ја.
Транспортирање
Пред да го транспортирате алатот, исклучете
1.
го алатот и извадете ја касетата за батеријата.
При транспорт, секогаш наместете го капакот
на насочувачката шипка.
2.
Кога го транспортирате алатот, носете го
во хоризонтална положба држејќи го за
дршката.
Одржување
Сервисирајте ја опремата во еден од нашите
1.
овластени сервисни центри и секогаш
користете само оригинални резервни
делови. Неправилната поправка и лошото
одржување може да го скратат работниот век
на алатот и да го зголемат ризикот од незгоди.
2.
Пред да извршувате какви било работи за
одржување или поправка, или пред да го
чистите, секогаш исклучувајте го и вадете
ја касетата за батеријата. Почекајте додека
алатот се излади.
3.
Носете заштитни ракавици секогаш кога
ракувате со синџирот на пилата.
4.
По секоја употреба, стегнете ги сите
шрафови и навртки, освен шрафовите за
нагодување.
5.
Одржувајте го синџирот на пилата остар.
Ако синџирот на пилата се истапи и
сечењето е лошо, побарајте острење од
овластениот сервисен центар на Makita или
заменете го со нов.
6.
Не обидувајте се да извршувате какво
било одржување или поправка што не се
опишани во ова упатство за употреба. За
такви работи, обратете се кај овластениот
сервисен центар на Makita.
7.
Секогаш користете исклучиво оригинални
резервни делови и прибор на Makita.
Употребата на резервни делови или прибор
од трета страна може да резултира со кршење
на алатот, оштетување на имотот и/или тешка
повреда.
Складирање
1.
Пред да го складирате алатот, извршете
целосно чистење и одржување. Ставете го
капакот на насочувачката шипка. Извадете ја
касетата за батеријата. Исцедете го маслото
за синџирот откако алатот ќе се излади.
2.
Складирајте го алатот на суво и високо или
заклучено место надвор од дофат на деца.
3.
Не потпирајте го алатот на што било, како на
пример на ѕид. Во спротивно, може ненадејно
да падне и да предизвика повреда.
Безбедност на електричните делови и батеријата
1.
Не фрлајте ги батериите во оган. Ќелијата
може да експлодира. Проверете ги локалните
прописи за можни упатства за специјален
отпад.
Не отворајте ги и не уништувајте ги
2.
батериите. Електролитот што се ослободува е
корозивен и може да предизвика оштетување
на очите или кожата. Може да е токсичен ако се
голтне.
Не полнете ја батеријата на дожд или на
3.
влажни места.
Не полнете ја батеријата надвор.
4.
Не држете го полначот, вклучувајќи го и
5.
приклучокот за полначот и терминалите на
полначот со влажни раце.
6.
Избегнувајте опасни средини. Не користете
го алатот на влажни места и не изложувајте
го на дожд. Ако навлезе вода во алатот, тоа
може да го зголеми ризикот од струен удар.
75 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dua300z

Table of Contents