Makita DUA300 Instruction Manual page 79

Cordless pole saw
Hide thumbs Also See for DUA300:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Електронска функција
За полесно работење, алатот е опремен со
електронски функции.
Контрола на постојаната брзина
Функцијата за контрола на постојаната брзина
обезбедува константна брзина на ротација, без
оглед на преоптовареноста.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
ВНИМАНИЕ:
Не допирајте го синџирот на
пилата со голи раце. Носете ракавици секогаш
кога ракувате со синџирот на пилата.
Монтирање или демонтирање на
синџирот на пилата
ВНИМАНИЕ:
Синџирот на пилата и
насочувачката шипка сѐ уште се жешки по
работата. Оставете ги доволно да се оладат
пред да продолжите со работење со алатот.
ВНИМАНИЕ:
Извршете ја постапката за
монтирање или демонтирање на синџирот на
пилата на чисто место, без прав и сл.
За да го извадите синџирот на пилата, извршете ги
следниве чекори:
1.
Олабавете го шрафот за нагодување на
синџирот, а потоа и задржната навртка.
► Сл.6: 1. Шраф за нагодување на синџирот
2. Задржна навртка
2.
Отстранете ја преградата на ѕвездестиот
лагер и потоа отстранете ги синџирот на пилата и
насочувачката шипка од телото на алатот.
За да го монтирате синџирот на пилата, извршете ги
следниве чекори:
1.
Проверете ја насоката на синџирот на пилата.
Изедначете ја насоката на синџирот на пилата со
онаа од ознаката на телото на алатот.
2.
Поставете еден крај од синџирот на пилата на
горната страна од насочувачката шипка. Поставете
го другиот крај од синџирот на пилата околу
ѕвездестиот лагер. Осигурете се дека синџирот на
пилата е правилно поставен на ѕвездестиот лагер и
во жлебот на насочувачката шипка.
3.
Прикачете ја насочувачката шипка на телото
на алатот, порамнувајќи го отворот на насочувачката
шипка со чепчето на телото на алатот.
► Сл.7: 1. Ѕвездест лагер 2. Отвор
4.
Вметнете го испакнатиот дел на преградата
на ѕвездестиот лагер во телото на алатот и потоа
затворете ја преградата, така што завртката и
чепчето на телото на алатот ќе се совпаднат со
нивните соодветни делови на преградата.
► Сл.8: 1. Испакнат дел 2. Преграда на
ѕвездестиот лагер 3. Завртка 4. Чепче
5.
Затегнете ја задржната навртка за да се
зацврсти преградата на запченикот, потоа малку
олабавете ја за нагодување на затегнатоста.
► Сл.9: 1. Задржна навртка
Нагодување на затегнатоста на
синџирот на пилата
ВНИМАНИЕ:
на пилата премногу. Преголема затегнатост на
синџирот на пилата може да предизвика кршење
на синџирот на пилата и абење на насочувачката
шипка.
ВНИМАНИЕ:
олабавен може да се откачи од шипката и може
да предизвика несреќа со повреда.
Синџирот на пилата може да се разлабави по многу
часови употреба. Повремено проверувајте колку е
затегната пилата пред употреба.
1.
Малку олабавете ја задржната навртка за
лесно да се олабави преградата на запченикот.
► Сл.10: 1. Задржна навртка
2.
Подигнете го малку врвот на насочувачката
шипка и нагодете ја затегнатоста на синџирот. За
затегнување, свртете го шрафот за нагодување
на синџирот налево, за олабавување свртете го
надесно.
Затегнувајте го синџирот на пилата додека долната
страна на синџирот на пилата не навлезе во шината
на насочувачката шипка како што е илустрирано.
► Сл.11: 1. Насочувачка шипка 2. Синџир на
пилата 3. Шраф за нагодување на
синџирот
3.
Држете ја лесно насочувачката шипка и
прикачете ја преградата на ѕвездестиот лагер.
Осигурете се дека синџирот на пилата не е лабав од
долната страна.
4.
Затегнете ја задржната навртка за да се
зацврсти преградата на запченикот.
► Сл.12: 1. Задржна навртка
79 МАКЕДОНСКИ
Не затегнувајте го синџирот
Синџирот што е премногу

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dua300z

Table of Contents