Makita DUA300 Instruction Manual page 74

Cordless pole saw
Hide thumbs Also See for DUA300:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
2.
Работете со алатот само во услови на добра
видливост и дневна светлина. Не работете
со алатот во темница или магла.
3.
При работењето, никогаш не стојте на
нестабилна или лизгава површина или на
стрмнина. За време на ладните годишни
времиња, внимавајте на мразот и снегот и
секогаш одржувајте стабилна положба со
нозете.
4.
При работењето, држете ги луѓето или
животните што се наоѓаат во близина на
растојание од најмалку 15 м од алатот.
Исклучете го алатот веднаш штом некој се
приближи.
5.
Кога работите со двајца или повеќе луѓе,
одржувајте меѓусебно растојание од
најмалку 15 м или повеќе и поставете
надзорник.
6.
Пред работењето, испитајте дали во
работната област има жичени огради,
ѕидови или други тврди предмети. Тие може
да го оштетат синџирот на пилата.
Подготовка
1.
Пред да го склопувате или нагодувате
алатот, исклучете го и извадете ја касетата
за батеријата.
Носете заштитни ракавици пред да ракувате
2.
со синџирот на пилата или ја нагодувате
затегнатоста на пилата.
3.
Пред да го стартувате алатот, проверете
дали на него има оштетувања, лабави
шрафови/навртки или неправилно
склопување. Наострете го тапиот синџир на
пилата. Ако синџирот на пилата е свиткан
или оштетен, заменете го. Проверете дали
сите контролни лостови и прекинувачи
функционираат исправно. Исчистете ги и
исушете ги дршките.
4.
Никогаш не обидувајте се да го вклучите
алатот ако е оштетен или ако не е целосно
склопен. Во спротивно, може да настане
тешка повреда.
Нагодете го ременот за рамо да одговара на
5.
големината на телото на операторот.
6.
Нагодете ја правилно затегнатоста на
синџирот. Ако е потребно, дополнете го
маслото за синџирот.
Стартување на алатот
Носете лична заштитна опрема пред да го
1.
стартувате алатот.
2.
Пред да го стартувате алатот, осигурете се
дека нема луѓе или животни во работната
област.
3.
Кога ја монтирате касетата за батерија,
држете ги синџирот на пилата и
насочувачката шипка подалеку од вашето
тело и другите предмети, вклучувајќи
ја земјата. Синџирот на пилата може да
се придвижи кога ќе се стартува и може да
предизвика сериозна повреда или оштетување
на синџирот на пилата и/или имотот.
4.
Ставете го алатот на цврста земја.
Одржувајте добра рамнотежа и стабилна
положба на нозете.
Работење
1.
Во итен случај, веднаш исклучете го алатот.
Ако забележите каква било необична
2.
состојба (на пример бучава, вибрации) при
работата, исклучете го алатот. Не користете
го алатот додека не се открие причината и
разреши дефектот.
Синџирот на пилата продолжува да се
3.
движи кратко време откако алатот ќе се
исклучи. Не брзајте да го допрете синџирот
на пилата.
4.
При работењето, користете го ременот за
рамо. Држете го алатот цврсто од вашата
десна страна.
Држете ја предната дршка со левата рака,
5.
а задната дршка со десната рака, без оглед
дали сте деснак или левак. Свиткајте ги
прстите и палците околу дршките.
6.
Држете го алатот само за изолираните
држачи затоа што синџирот на пилата
може да дојде во допир со скриени жици.
Синџирот за пилата што ќе допре „жива"
жица може да ги направи „живи" изложените
метални делови на алатот за кастрење со
продолжен домет и да предизвика струен удар
на операторот.
7.
Никогаш не обидувајте се да работите со
алатот со една рака. Ако загубите контрола,
може да дојде до сериозна или фатална
повреда. За да го намалите ризикот од
повреди, чувајте ги рацете и стапалата
подалеку од синџирот на пилата.
8.
Не пресегајте предалеку. Одржувајте добра
стабилност и рамнотежа со нозете цело
време. Внимавајте на скриени пречки, како
на пример трупци, корења и дупки, за да
избегнете сопнување. Тргајте ги паднатите
гранки и другите предмети од патот.
Никогаш не работете качени на скала или на
9.
дрво за да избегнете губење на контролата.
10. Ако алатот се здобие со тежок удар или
пад, проверете ја неговата состојба пред
да продолжите со работа. Доколку има
какво било оштетување или сомнеж за
тоа, побарајте проверка и поправка од
овластениот сервисен центар на Makita.
11.
Не допирајте ја главата на алатот. Главата на
алатот се вжештува за време на работата.
12. Одморајте се за да спречите губење на
контролата заради замор. Препорачуваме да
правите паузи за одмор од по 10 до 20 минути
на секој час.
13. Кога го оставате алатот, дури и за кратко
време, секогаш исклучувајте го и вадете ја
касетата за батеријата. Алатот што работи,
а е без надзор, може да биде употребен од
неовластено лице и да предизвика сериозна
несреќа.
14. Кога работите со алатот, не дигајте ја
десната рака над висината на рамената.
15. За време на работењето, никогаш не
удирајте го синџирот на пилата од тврди
пречки како камења и шајки. Особено
внимавајте кога сечете гранки до ѕидови,
жичени огради или слично.
74 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dua300z

Table of Contents