Makita DCU180 Instruction Manual page 75

Battery powered wheelbarrow
Hide thumbs Also See for DCU180:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Пред да ракувате со машината, проверете дали
лостот на сопирачката работи правилно.
► Сл.39: 1. Лост на сопирачката
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
на сопирачката ја достигнува рачката кога
целосно ќе го повлечете лостот, тогаш
сопирачката не работи правилно. Нагодете ја
сопирачката или однесете ја на поправка во
вашиот локален сервисен центар на Makita.
1.
Изберете ја касетата за батерија со
прекинувачот за избор на батерија.
2.
Задржете го копчето за напојување на
контролниот панел притиснато неколку секунди за
да го вклучите напојувањето.
► Сл.40: 1. Копче за напојување
3.
Повлечете го лостот на сопирачката за да го
отпуштите неговиот блокатор.
► Сл.41: 1. Копче за блокирање 2. Лост на
сопирачката
НАПОМЕНА: Отпуштете ја сопирачката за
задните тркала доколку тие се монтирани.
4.
Цврсто држете ги рачките со двете раце.
► Сл.42
5.
Повлечете го прекинувачот за стартување.
► Сл.43: 1. Прекинувач за стартување
Товарање со предмети
ВНИМАНИЕ:
Пред да ги натоварите
предметите на машината, проверете дали е
исклучено напојувањето и дали е блокиран
лостот на сопирачката.
ВНИМАНИЕ:
Доколку се монтирани
задните тркала, проверете дали сопирачката
на задното тркало е блокирана пред да ги
натоварите предметите на машината.
ВНИМАНИЕ:
Пред да ги натоварите
предметите на машината, проверете дали е
блокиран носачот или корпата.
ВНИМАНИЕ:
Товарајте ги предметите на
носачот или во корпата. Доколку предметите
излегуваат од носачот или корпата, тие може да
паднат или да се урнат ако допрат пречки.
► Сл.44
ВНИМАНИЕ:
Товарајте ги предметите под
нивото на очите. Доколку товарот е превисок,
тоа е опасно бидејќи погледот е попречен.
Исто така, постои опасност од превртување
и повреда бидејќи е веројатно дека товарот е
неурамнотежен.
► Сл.45
Кога товарате предмети на носачот, обезбедете ги со
јажиња и врзете ги на куката од јажето.
► Сл.46
Доколку лостот
75 МАКЕДОНСКИ
Исфрлање предмети
ВНИМАНИЕ:
Подигнувајте го носачот или
корпата на рамен и стабилен терен. Работата
на нестабилен терен може да предизвика несреќа
или повреда.
Со подигање и навалување на носачот или корпата
може да се исфрлаат предмети.
1.
Запрете ја машината, а потоа блокирајте ги
сопирачките.
ЗАБЕЛЕШКА:
Се препорачува блокирање
на предното тркало за да се стабилизира
машината.
2.
Отпуштете го лостот за блокирање.
3.
Застанете од страна на машината, држете
ја рачката со една рака и потоа подигнете ги и
навалете ги носачот или корпата туркајќи ја рамката
на носачот со другата рака.
► Сл.47
ВНИМАНИЕ:
Држете ги цврсто рачката и
носачот и работете со стабилно држење на
телото.
ВНИМАНИЕ:
Одржувајте го
оптоварувањето на минимум. Доколку
оптоварувањето е големо, не обидувајте
се да го подигнете носачот. Намалете го
оптоварувањето и потоа подигнете го носачот.
ВНИМАНИЕ:
По исфрлање на предметите,
осигурете се дека сте ги блокирале носачот
или корпата.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Секогаш паркирајте ја
машината на рамен терен и блокирајте го
лостот на сопирачката пред складирање или
обид за вршење проверки или одржување.
ВНИМАНИЕ:
Доколку се монтирани
задните тркала, проверете дали сопирачката
на задното тркало е блокирана пред
складирање, проверки или одржување.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш осигурувајте
се клучот за блокирање и касетата за
батеријата да се отстранети од машината пред
складирање, проверки или одржување.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш отстранувајте го
клучот за блокирање кога машината не е во
употреба. Складирајте го клучот за блокирање
на сигурно место надвор од дофат на деца.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dcu180z

Table of Contents