Makita DCU180 Instruction Manual page 74

Battery powered wheelbarrow
Hide thumbs Also See for DCU180:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
Контролен панел
► Сл.31: 1. Копче за напојување 2. Копче за
нанапред/наназад 3. Копче за брзина
За вклучување на напојувањето, задржете го копчето
за напојување притиснато неколку секунди. Притиснете
го копчето за нанапред/наназад за да менувате помеѓу
режимите за нанапред и наназад. Притиснете го копчето за
брзина за да менувате помеѓу мала и голема брзина. Кога
напојувањето е вклучено, поставени се режимот за нанапред
и мала брзина. За исклучување на напојувањето, задржете го
копчето за напојување притиснато неколку секунди.
НАПОМЕНА: Копчето за нанапред/наназад не е
достапно додека се повлекува прекинувачот за
стартување.
НАПОМЕНА: Кога работите со машината наназад,
излегува краток звучен сигнал.
НАПОМЕНА: Копчето за брзина не е достапно
кога работите со машината наназад.
Дејство на прекинувачот и
сопирачката
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
вметнете касетата за батерија во машината,
секогаш проверувајте дали прекинувачот за
стартување функционира правилно и дали
се враќа во положбата ИСКЛУЧЕНО кога ќе се
отпушти.
За стартување на машината, повлечете го
прекинувачот за стартување. За запирање
на машината, отпуштете го прекинувачот за
стартување и повлечете го лостот за сопирање. За
да го блокирате лостот за сопирање, притиснете
го копчето за блокирање додека го повлекувате
лостот за сопирање. За да ја отпуштите блокадата,
повлечете го лостот на сопирачката.
► Сл.32: 1. Прекинувач за стартување
► Сл.33: 1. Копче за блокирање 2. Лост на
сопирачката
Сопирачка за задното тркало
Задните тркала се опремени со сопирачки.
Притиснете ги педалите на сопирачката кон
предниот дел за да ги блокирате сопирачките. За
отпуштање на сопирачките, притиснете го педалите
на сопирачката кон задниот дел.
► Сл.34: 1. Педал
Вклучување на предните ламби
Притиснете го копчето за ламба на кутијата за
батерии за да ги вклучите ламбите. За да ги
исклучите ламбите, повторно притиснете го копчето
за ламба.
► Сл.35: 1. Копче за ламба 2. Ламба
Пред да ја
74 МАКЕДОНСКИ
НАПОМЕНА: Ламбите се исклучуваат доколку
машината се остави без надзор околу 10 минути.
НАПОМЕНА: Ламбите се исклучуваат кога се
исклучува напојувањето.
НАПОМЕНА: Може да ги вклучите ламбите дури и
кога клучот за блокирање не е вметнат.
Нагодување на висината на
рачката
Отстранете ги кратките шестаголни завртки и
завртките со половина навој користејќи го клучот
што е вклучен во пакувањето, а потоа нагодете ја
висината на рачката. Висината може да се нагоди на
три нивоа. Затегнете ги завртките со половина навој
и кратките шестаголни завртки за да ја фиксирате
рачката.
► Сл.36: 1. Кратка шестаголна завртка 2. Завртка
со половина навој
ЗАБЕЛЕШКА:
Фиксирајте ја левата и десната
рачка на иста висина.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не затегнувајте ги кратките
шестаголни завртки со прекумерна сила.
Затегнувајте ги со соодветна сила, така што
рачките ќе се фиксираат стабилно.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не приклештувајте ги каблите
со завртките.
Нагодување на ширината на
носачот
Олабавете ги 4-те рачни навртки и потоа лизгајте ги
страничните шини. Зацврстете ги рачните навртки
за да ги фиксирате страничните шини.
► Сл.37: 1. Рачна навртка 2. Шина
ВНИМАНИЕ:
Не лизгајте ги шините повеќе
од граничната ознака.
► Сл.38
РАБОТЕЊЕ
Работа со машината
ЗАБЕЛЕШКА:
Предното тркало се
придвижува со батериското напојување во
машината. Користете ја машинава како помош
при носење.
ЗАБЕЛЕШКА:
Пред работата, осигурете се
дека сте го вметнале клучот за блокирање
во кутијата за батерии. Доколку клучот за
блокирање не е вметнат, се емитува краток
звучен сигнал кога ќе го повлечете прекинувачот
за стартување. Звучниот сигнал запира со
отпуштање на прекинувачот за стартување и
повлекување на лостот на сопирачката.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dcu180z

Table of Contents