Makita DGA402 Instruction Manual page 50

Cordless angle grinder
Hide thumbs Also See for DGA402:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Вклучување
► Сл.5: 1. Клизен прекинувач
ВНИМАНИЕ:
Пред да ги ставите батериите во алатот,
секогаш проверувајте дали функционира
правилно клизниот прекинувач и дали се
враќа во положбата „OFF" кога ќе се отпушти
задниот дел од лизгачкиот прекинувач.
За да го стартувате алатот, клизнете го прекинувачот во
положба „I (ON)". За непрекината работа, притиснете го
предниот дел на клизниот прекинувач за да го забравите.
За да го исклучите алатот, притиснете го задниот дел од
клизниот прекинувач, потоа клизнете го во положба „O (OFF)".
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или проверка
на алатот, секогаш проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Местење на страничниот држач
(рачка)
► Сл.6
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте дали страничниот
држач е наместен цврсто пред да работите.
Завртете го страничниот држач цврсто во положбата
на алатот како што е прикажано на сликата.
Ставање или вадење на
штитникот за тркалото (За тркало
со вдлабнато средиште, мулти-
диск/тркало за абразивно сечење,
дијамантско тркало)
За алат со штитник за тркалото со
завртка
► Сл.7: 1. Штитник за тркалото 2. Кутија на
лежиштето 3. Шраф
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Кога користите тркало за брусење со вдлабнато
средиште/мулти-диск, флекси-тркало, тркало со
жичена четка, тркало за сечење и дијамантско
тркало, штитникот за тркалото треба да се
монтира на алатот така што затворената страна
на штитникот ќе биде свртена кон операторот.
Кога користите тркало за абразивно сечење /
дијамантско тркало, внимавајте да го користите само
специјалниот заштитник конструиран за тркалата за
сечење. (Во европските земји може да се користи и
обичниот штитник со дијамантските тркала.)
Монтирајте го штитникот за тркалото со
испакнатината на лентата на штитникот порамнета
со жлебот на кутијата на лежиштето. Потоа свртете
го штитникот до агол што ќе го заштити операторот
зависно од работата. Внимавајте доволно да ја
затегнете завртката.
За да го извадите штитникот, следете ја постапката
за местење по обратен редослед.
Ставање или вадење на тркало за
брусење со вдлабнато средиште/
Мулти-диск
► Сл.8: 1. Навртка за стегање 2. Брусно тркало
со вдлабнато средиште / Мулти-диск
3. Внатрешна фланша
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Секогаш користете го испорачаниот
заштитник кога на алатот е монтирано тркало
за брусење со вдлабнато средиште/Мулти-
диск. Тркалото може да се распрсне за време
на употребата и заштитникот помага во
намалување на шансите за телесна повреда.
Монтирајте ја внатрешната фланша на вретеното.
Наместете го тркалото/дискот на внатрешната
фланша и завртете ја завртката на вретеното.
За да ја затегнете завртката, притиснете го
забравникот на вретеното цврсто, така што
вретеното може да се врти, па со клучот за стегање
затегнете ја надесно.
► Сл.9: 1. Клуч за стегање 2. Забравник на
вретеното
За да го извадите тркалото, следете ја постапката за
местење по обратен редослед.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
блокаторот кога вретеното се движи.
РАБОТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не би требало да се применува сила врз
алатот. Тежината на алатот нанесува
доволно притисок. Додавањето сила и
прекумерен притисок може да предизвикаат
опасно кршење на тркалото.
СЕКОГАШ заменувајте го тркалото ако
алатот ви падне при брусење.
НИКОГАШ не удирајте ја плочата или
тркалото за брусење на материјалот.
Избегнувајте отскокнување и заглавување
на тркалото, особено кога работите на агли,
остри рабови и сл. Така може да изгубите
контрола и да дојде до повратен удар.
НЕ КОРИСТЕТЕ ГО алатот со сечила за
длаборез и други пили за дрво. Таквите
сечила, кога се користат со брусилка, често
удираат и предизвикуваат губење контрола,
што може да доведе до телесни повреди.
50 МАКЕДОНСКИ
Не затегнувајте го

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dga450Dga452

Table of Contents