Makita DGA402 Instruction Manual page 46

Cordless angle grinder
Hide thumbs Also See for DGA402:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
28.12.2015
Yasushi Fukaya
Директор
Makita, Jan-Baptist Vinkstraat 2, 3070, Belgium
Општи упатства за безбедност за
електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања и сите упатства.
Ако не се почитуваат предупредувањата и
упатствата, може да дојде до струен удар, пожар
или тешки повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и
упатства за да можете повторно да ги
прочитате.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
БЕЗЖИЧНАТА БРУСИЛКА
Општи безбедносни предупредувања за брусење,
стругање, четкање со жица или абразивно сечење:
Овој алат е наменет да се користи за
1.
брусење, стругање, четкање со жица и
абразивно сечење. Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со овој
електричен алат.Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до
струен удар, пожар или тешки повреди.
2.
Не се препорачува да се врши полирање
со овој алат. Операциите за кои алатот не
е наменет може да предизвикат опасност и
физички повреди.
3.
Не користете додатоци што не се посебно
одредени и препорачани од производителот
на алатот. Тоа што некој додаток може да се
монтира на алатот не значи дека работата со
него ќе биде безбедна.
4.
Номиналната брзина на додатокот мора
да биде барем еднаква со максималната
брзина означена на алатот. Додатоци што се
вртат побрзо од номиналната брзина може да
се скршат и да се распрскаат.
5.
Надворешниот пречник и дебелината
на додатокот мора да се во рамките на
номалниот капацитет на алатот. Додатоци со
неправилна големина не можат соодветно да
се заштитат или контролираат.
6.
Монтажните додатоци со навој мора да
соодветствуваат на навојот на вретеното на
брусилката. За додатоци што се монтираат
со фланши, дупчето за прицвстување на
додатокот мода да одговара на дијаметарот
на фланшата. Додатоците што не одговараат
на монтираниот хардвер на алатот ќе работаат
вон рамнотежа, ќе вибрираат прекумерно и
може да предизвикаат губење на контролата.
7.
Не коритете оштетени додатоци. Пред секоја
употреба, проверете ги додатоците - абразивните
тркала да не се скршени или напукнати, подлошките
да не се напукнати, изабени или истрошени,
четките да нема откачени или искинати жици. Ако
алатот или додатокот ви падне, проверете дали
има оштетувања или ставете неоштетен додаток.
Откако ќе го проверите и ќе го наместите додатокот,
поставете се себеси и околните лица подалеку од
рамнината вртливиот додаток и ракувајте со алатот
при максимална неоптоварена брзина една минута.
Оштетени додатоци обично се распаѓаат за време на
овој пробен период.
8.
Носете заштитна опрема. Зависно од
примената, користете заштита за лицето,
безбедносни затемнети очила или заштитни
очила. Зависно од работата, носете маска за
прашина, ракавици и работна престилка што
може да сопре мали отпадоци од брусење или
стругање. Заштитата за очи треба да сопира
разлетан отпад произведен од работата. Маската
за прашина или респираторот треба да можат да
ги филтрираат честичките што ги произведува
вашата работа. Подолга изложеност на голема
бучава може да предизвика оштетување на слухот.
9.
Присутните лица треба да се на безбедна
оддалеченост од работното подрачје. Секој
што влегува во работното подрачје треба
да носи заштитна опрема. Парчиња од
обработуваниот материјал или од скршен додаток
може да одлетаат и да предизвикаат повреди
надвор од непосредното работно подрачје.
10. Држете го алатот само за изолираните
држачи кога вршите работи алатот за
сечење може да дојде во допир со скриени
жици или сопствениот кабел. Допирот со
жица под напон може да ја пренесе струјата до
металните делови на алатот и да предизвика
струен удар на операторот.
11.
Не одложувајте го алатот додека додатокот
не сопре сосема. Вртливиот додаток може да
ја зафати површината и да го извлече алатот
од контрола.
12. Алатот не смее да е вклучен додека го
пренесувате. Случаен допир со вртливиот додаток
може да ви ја зафати облеката и да ве повреди.
13. Редовно чистете ги отворите за
проветрување на алатот. Вентилаторот на
моторот привлекува прашина во куќиштето и
прекумерно насобирање метал во прав може
да предизвика опасност од струен удар.
14. Не ракувајте со алатот близу до запаливи
материјали. Искрите може да предизвикаат пожар.
15. Не користете додатоци за коишто се
потребни течности за ладење. Користењето
вода или друга течност за ладење може да
предизвика струен удар.
Повратен удар - предупредувања
Повратен удар настанува при ненадејно
заглавување или поткачување на тркало,
подлошка, четка или некој друг додаток што се врти.
Заглавувањето или поткачувањето предизвикува
нагло сопирањен а вртливиот додаток, што
предизвикува губење контрола врз алатот и негово
придвижување во насока спротивна од вртењето на
тркалото на точката на заглавувањето.
46 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dga450Dga452

Table of Contents