Makita DGA402 Instruction Manual page 48

Cordless angle grinder
Hide thumbs Also See for DGA402:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
17. НЕ КОРИСТЕТЕ испакнати тркала со оваа
брусилка. Брусилката не е конструирана за
такви видови тркала и користењето такви
производи може да доведе то тешки повреди.
18. Внимавајте да не ги оштетите вретеното,
фланшата (особено површината за
монтирање) или навртката за стегање.
Оштетувањето на тие делови може да
доведе до кршење на тркалото.
19. Внимавајте тркалото да не го допира
материјалот пред да се вклучи прекинувачот.
20. Пред да го користите алатот врз
материјалот, оставете го да поработи малку
напразно. Видете дали има вибрации или
осцилации што може да укажуваат на лошо
монтирање или неизбалансирано тркало.
21. Користете ја специфицираната површина на
тркалото за брусењето.
22. Не оставајте го алатот вклучен. Работете со
алатот само кога го држите в раце.
23. Не допирајте го материјалот веднаш по
работата, може да е многу жежок и да ви ја
изгори кожата.
24. Почитувајте ги упатствата на производителот
за правилно монтирање и користење на
тркалата. Бидете внимателни кога ракувате
со тркалата и кога ги одложувате.
25. Не користете посебни редукторски лежишта
или адаптери за да ставате абразивни
тркала со голем отвор.
26. Користете само фланши наменети за алатот.
27. За алатите на кои се ставаат тркала со
отвор со навои, внимавајте навојот во
тркалото да е доволно долг да ја прими
должината на вретеното.
28. Проверете дали материјалот е добро
прицврстен.
29. Внимавајте тркалото да продолжи да се
врти и откако ќе се исклучи алатот.
30. Ако работното место е крајно жешко и
влажно или многу загадено со спроводлив
прав, користете прекинувач за краток спој
(30 mA) за безбедност на операторот.
31. Не користете го алатот ако материјалот
содржи азбест.
32. Кога користите тркало за сечење, секогаш
работете со штитникот за собирање прав
што го бараат домашните прописи.
33. Дискот за сечење не смее да се притиска
странично.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: НЕ
ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или
запознаеноста со производот (стекната
со подолга употреба) да ве наведе да не
се придржувате строго до безбедносните
правила за односниот производ.
ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето
на безбедносните правила наведени
во ова упатство може да предизвикаат
тешки телесни повреди.
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
ЗА БАТЕРИЈА
1.
Пред користење на батеријата, прочитајте
ги сите упатства и ознаки за претпазливост
на (1) полначот за батеријата, (2) батеријата
и (3) производот што ја користи батеријата.
Не расклопувајте ја батеријата.
2.
Ако времето во работа станало прекумерно
3.
кратко, престанете веднаш со работа.
Тоа може да резултира со ризик од
презагревање, можни изгореници и дури и
експлозија.
4.
Ако електролит навлезе во вашите очи,
измијте ги со чиста вода и побарајте
медицинска нега веднаш. Тоа може да
резултира со губење на вашиот вид.
5.
Не расклопувајте ја касетата за батеријата.
(1)
Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2)
Избегнувајте да ја чувате батерија во
сад со други метални предмети како
што се шајки, монети и сл.
На изложувајте ја батеријата на вода
(3)
или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, презагревање, можни изгореници
и дури и пад на напојувањето.
6.
Не складирајте ги алатот и батеријата на
места каде температурата може да достигне
или надминува 50°C (122°F).
7.
Не спалувајте ја батеријата дури и кога е
многу оштетена или целосно потрошена.
Батеријата може да експлодира ако се стави
во оган.
8.
Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
9.
Не користете оштетена батерија.
10. Почитувајте ги локалните законски прописи
што се однесуваат на фрлање во отпад на
батеријата.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
Совети за одржување максимален
работен век на батеријата
1.
Заменете ја батеријата пред целосно да се
испразни.
Секогаш запирајте ја работата со алатот и
заменете ја батеријата кога ќе забележите
дека алатот дава помала моќност.
2.
Никогаш немојте да полните целосно полна
батерија.
Прекумерното полнење го скратува
работниот век на батеријата.
3.
Полнете ја батеријата на собна температура
од 10°C - 40°C (50°F - 104°F). Дозволете
загреаната батерија да се олади пред да ја
ставите на полнење.
4.
Полнете ја батеријата еднаш секои
шест месеци ако не ја користите подолг
временски период.
48 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dga450Dga452

Table of Contents