Makita DGA402 Instruction Manual page 47

Cordless angle grinder
Hide thumbs Also See for DGA402:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
На пример, ако абразивно тркало се заглави во
предметот на којшто се работи, работ на тркалото
што влегува во точката на заглавувањето може да
се зарие во површината на материјалот, што ќе
предизвика тркалото да излезе или да отскокне.
Тркалото може да отскокне кон или подалеку од
операторот, зависно од насоката на движење на
тркалото во точката на заглавување. Абразивните
тркала можат и да се скршат во такви услови.
Повратниот удар е резултат од неправилна употреба
на алатот или неправилни работни постапки и услови
и може да се избегне со преземање соодветни
предострожности, како што е наведено подолу.
а) Цврсто држете го алатот и наместете ги телото
и раката така што ќе можат да ги издржат силите
од повратен удар. Секогаш користете помошна
рачка, ако ја има, за максимална контрола при
повратен удар или торзиона реакција за време на
стартувањето. Операторот може да ги контролира
торзиските реакции и силите на повратниот удар ако
се преземат соодветни предострожности.
б) Не ставајте ја раката близу до вртлив додаток.
Додатокот може да ви се одбие преку раката.
в) Не поставувајте го телото во подрачјето
каде што алатот ќе се придвижи во случај
на повратен удар. Повратниот удар ќе го фрли
алатот во насока спротивна од движењето на
тркалото во точката на заглавување.
г) Бидете особено внимателни кога работите
на агли, остри рабови и сл. Избегнувајте
скокање и завлекување на додатокот. Аглите,
острите рабови и отскокнувањето можат да го
заглават вртливиот додаток и да предизвикаат
губење контрола или повратен удар.
д) Не ставајте сечила за длаборез или назабени
сечила. Таквите сечила често предизвикуваат
повратни удари и губење контрола.
Безбедносни предупредувања посебни за
брусење и абразивно сечење:
a) Користете само типови тркала што се
препорачани за вашиот алат и специфичниот
штитник конструиран за избраното тркало.
Тркала за кои алатот не е конструиран не може
да се заштитат соодветно и се небезбедни.
б) Површината што се бруси на тркалата со
влабено средиште мора да биде монтирана
под рамнината на заштитникот. Неправилно
монтираното тркало што поминува низ рамнината
на заштитникот не може адекватно да се заштити.
в) Заштитникот треба да е прицврстен за алатот
и наместен за максимална безбедност, така
што најмало количество тркало е изложено кон
операторот. Заштитникот помага да се заштити
операторот од парчиња скршено тркало, случаен контакт
со тркалото и искри што може да ја запалат облеката.
г) Тркалата треба да се користат само за
препорачаните намени. На пример: не
брусете со страната на тркало за сечење.
Тркалата за абразивно сечење се наменети за
периферно брусење, странични сили нанесени
на таквите тркала може да ги распрскаат.
д) Секогаш користете неоштетени фланши за
тркалото што се со правилни големина и облик за
избраното тркало. Соодветните фланши за тркалото
го држат и со тоа ја намалуваат можноста тоа да се
скрши. Фланшите за тркалата за сечење може да се
различни од фланшите за брусните плочи.
ѓ) Не користете изабени тркала од поголеми
електрични алати. Тркалата наменети за
поголеми алати не се погодни за поголемите
брзини на помалите алати и може да прснат.
Дополнителни безбедносни предупредувања за
абразивно сечење:
а) Не заглавувајте го тркалото за сечење и не
притискајте прекумерно. Не обидувајте се да
режете многу длабоко. Пренапрегнувањето на
тркалото го зголемува оптоварувањето и можноста
за извиткување или лепење на тркалото во резот, и
со тоа за повратен удар или кршење на тркалото.
б) Не поставувајте го телото во линија со
вртливото тркало или зад него. Кога тркалото,
на точката на работа, се движи подалеку од
вашето тело, можниот повратен удар може да ги
фрли завртеното тркало и алатот право на вас.
в) Кога тркалото се лепи или кога сечењето се
прекинува поради нешто, исклучете го алатот
и држете го неподвижен додека тркалото не
сопре целосно. Не обидувајте се да го извадите
тркалото за сечење од резот додека тркалото се
движи, инаку може да дојде до повратен удар.
Испитајте и преземете мерки за отстранување на
причините за лепење на тркалото.
г) Не почнувајте со сечењето повторно додека
тркалото е во материјалот. Оставете тркалото
да достигне полна брзина и внимателно
влезете повторно во резот. Тркалото може да се
залепи, да осцилира или да се тргне наназад ако
алатот се активира повторно во материјалот.
д) Прицврстете ги плочите или материјалите
што се преголеми за да го намалите ризикот
од заглавување на тркалото и повратен удар.
Големи парчиња материјал обично се виткаат од
сопствената тежина. Држачите треба да се стават
под материјалот, близу до линијата на сечење и до
работ на материјалот од двете страни на тркалото.
ѓ) Бидете особено внимателни кога правите засек во
постојни ѕидови или други слепи подрачја. Тркалото,
за време на навлегувањето, може да исече водоводни
или цевки за плин, електрични инсталации или
предмети што може да предизвикаат повратен удар.
Посебни безбедносни предупредувања за стругање:
a) Не користете премногу голема шмиргла.
Почитувајте ги препораките на производителот
кога бирате шмиргла. Поголема шмиргла што
штрчи надвор од подлогата за стругање е опасна
бидејќи може да ве расече, да предизвика
заглавување, кинење на дискот или повратен удар.
Посебни безбедносни предупредувања за
четкање со жица:
а) Имајте предвид дека се исфрлаат жичени
влакненца од четката дури и при нормална
работа. Не пренапнувајте ги жиците со прекумерен
притисок на четката. Влакната на жицата лесно
може да пробијат лесна облека или кожа.
б) Ако се препорачува користење штитник
за четкање со жица, не дозволувајте
допир на жиченото тркало или четката со
штитникот. Жиченото тркало или четката може
да го зголемат пречникот поради работното
оптоварување и центрифугалните сили.
Дополнителни безбедносни предупредувања:
16. Кога користите брусни плочи со вдлабнато
средиште, користете само тркала зајакнати
со фиберглас.
47 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dga450Dga452

Table of Contents