Makita UT001G Instruction Manual page 45

Hide thumbs Also See for UT001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Работи што треба да ги знаете
пред употреба
Држете ја рачката кога го носите или користите
алатот.
► Сл.4
ВНИМАНИЕ:
Не држете го лимениот дел.
Острите делови може да предизвикаат повреда.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот/батеријата се работи на начин
што предизвикува повлекување прекумерно
висока струја, алатот автоматски се исклучува.
Во таква ситуација, исклучете го алатот и
запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот/батеријата се прегреани, алатот
автоматски запира. Во оваа ситуација, оставете
алатот/батеријата да се олади пред повторно да го
вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата ќе падне на
ниско ниво, алатот автоматски се исклучува. Ако
производот не работи дури ни кога прекинувачите ќе
се вклучат или исклучат, извадете ги батериите од
алатот и наполнете ги.
КАКО СЕ КОРИСТИ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога не ја користите, оставете
ја машината на земја и складирајте ја.
► Сл.5
Склопување
Монтирање на оската
Опционален додаток
За UT001G
1.
Стегнете ја оската во држачот на оската.
► Сл.6: 1. Оска 2. Држач на оска
2.
Држете ги рамните делови на држачот на
оската со клуч бр. 19 така што држачот на оската
да не може да се врти. Додека ги држите рамните
делови на тој начин, зацврстете ја шестаголната
навртка со друг клуч бр. 19 во насока на стрелката.
► Сл.7: 1. Оска 2. Држач на оска
За UT002G
1.
Вметнете ја оската во главата докрај.
► Сл.8: 1. Оска 2. Глава
2.
Стегнете ја главата со рака, а потоа ставете
го клучот за главата во секоја од трите дупки и
затегнете надесно. Стегнете го клучот за главата во
сите три дупки подеднакво.
► Сл.9: 1. Клуч за главата 2. Глава
3.
За ја извадите оската, вртете го клучот за
главата налево во само едно од дупчињата, а потоа
олабавете ја главата со рака.
4.
Кога не се користи, складирајте го клучот за
главата како што е прикажано на сликата за да не го
изгубите.
► Сл.10: 1. Клуч за главата
Монтирање на лопатката за
мешање
Опционален додаток
Вметнете ја лопатката за мешање во оската и
зацврстете ја со шестаголната завртка. Во тој
момент, поставете ја така што горниот крај на
шестаголната завртка секогаш да одговара на
рамната површина на оската и зацврстете ја
шестаголната завртка со клучот.
► Сл.11: 1. Шестаголна завртка 2. Оска
3. Плоската површина 4. Лопатка за
мешање
Кога ги монтирате лопатките за мешање на две
различни позиции, монтирајте ги и зацврстете ги
двете лопатки за мешање на рамниот дел од оската
со шестоаголните завртки така што иста површина
на лопатките за мешање да е позиционирана една
кон друга како што е прикажано на сликата.
► Сл.12: 1. Шестаголна завртка 2. Оска
3. Плоската површина 4. Лопатка за
мешање
НАПОМЕНА: Прашајте во вашиот сервисен
центар на Makita за тоа кои лопатки за мешање се
дозволени.
45 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ut002gUt001gz02

Table of Contents