Makita UM110D Instruction Manual page 70

Cordless
Hide thumbs Also See for UM110D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Чистење на алатот
Чистете го алатот, така што ќе ја бришете прашината
со сува крпа или крпа натопена во сапуница, па
исцедена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Одржување на сечилата
Пред работењето или еднаш на час за време на
работата, нанесете масло со ниска вискозност
(масло за машини или масло за подмачкување во
вид на спреј) на сечилата.
► Сл.50
► Сл.51
По работата, исчистете ја правта од двете страни
на сечилата со жичена четка, избришете ги со
крпа и потоа нанесете доволна количина масло со
ниска вискозност (масло за машини или масло за
подмачкување во вид на спреј) на сечилата.
► Сл.52
► Сл.53
ЗАБЕЛЕШКА:
Не мијте ги сечилата со вода.
Во спротивно, може да дојде до кородирање или
оштетување на алатот.
ЗАБЕЛЕШКА:
Нечистотијата и корозијата
предизвикуваат прекумерно триење на
сечилата и го намалуваат работното време на
полната батерија.
Чување
Дупчето за закачување на дното од алатот е погодно
за закачување на алатот на шајка или завртка на
ѕидот.
Прикачете го капакот за сечилото на сечилата за
стрижење за да не бидат изложени. Складирајте
го алатот надвор од дофат на деца. Складирајте
го алатот на место што не е изложено на влага или
дожд.
► Сл.54: 1. Отвор
► Сл.55: 1. Отвор
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Склоп на сечилото за стрижење (за употреба
на ножицата за трева)
Капак на сечилото за стрижење (за употреба на
ножицата за трева)
Примач на трева (за употреба на ножицата за
трева)
Додаток долга дршка (за употреба на ножицата
за трева)
Склоп на сечилото за стрижење (за употреба
на фрезата за жива ограда)
Капак на сечилото за стрижење (за употреба на
фрезата за жива ограда)
Примач на деланки (за употреба на фрезата за
жива ограда)
Кутија за чување
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
70 МАКЕДОНСКИ
Овој прибор или додатоци

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents