Makita UM110D Instruction Manual page 62

Cordless
Hide thumbs Also See for UM110D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
6.
Моторот треба да се исклучи веднаш ако
опремата покажува какви било проблеми
или ненормални знаци.
7.
Исклучете ја и извадете ја касетата за
батерија кога правите пауза и кога ја
оставате опремата необезбедена, и ставете
ја на безбедна локација за да спречите
опасност по другите или оштетување на
опремата.
8.
Избегнувајте користење на машината при
лоши временски услови, особено кога има
ризик од грмотевици.
Лична заштитна опрема
1.
Носете заштита за очите и обувки со
дебел ѓон цело време додека работите со
машината.
Секогаш носете цврсти обувки и долги
2.
панталони додека работите со машината.
Стартување на опремата
1.
Осигурете се дека нема деца или други луѓе
во близина и, исто така, обрнете внимание
на какви било животни во близина на
работното место. Во спротивно, запрете со
користење на опремата.
2.
Пред употреба, секогаш проверувајте
дали опремата е безбедна за користење.
Проверете ја сигурноста на алатот за
сечење, на штитникот и на прекинувачот за
стартување/рачката за лесна и соодветна
работа. Проверете дали рачките се чисти и
суви и тестирајте го функционирањето на
прекинувачот за стартување/исклучување.
3.
Проверете дали има оштетени делови
пред натамошната употреба на опремата.
Штитникот или друг дел што е оштетен
треба внимателно да се провери за да
се утврди дали ќе работи исправно и
дали ќе ја изврши својата наменета
функција. Проверете ги порамнувањето на
подвижните делови, спојот на подвижните
делови, скршени делови, монтажа и сите
други состојби што може да влијаат врз
работата. Штитникот или друг дел што е
оштетен треба соодветно да се поправи или
замени од страна на наш овластен сервисен
центар, освен ако не е поинаку наведено во
ова упатство за користење.
Вклучете го моторот само кога рацете и
4.
стапалата се настрана од алатот за сечење.
5.
Пред стартувањето, осигурете се дека
алатот за сечење не е во допир со какви
било предмети.
Метод на работа
Користете ја опремата само во услови на
1.
добра осветленост и видливост. За време на
зимата, внимавајте на лизгави или влажни
подлоги, мраз и снег (ризик од лизгање).
Секогаш осигурете се дека безбедно газите
на стрмнините и одете, никогаш не трчајте.
2.
Внимавајте да не дојде до повреда на
стапалата и рацете од алатот за сечење.
3.
Никогаш не стојте на скала додека работите
со опремата.
4.
Никогаш не качувајте се на дрвја за да
изведувате сечење со опремата.
5.
Никогаш немојте да работите на нестабилни
површини.
6.
Отстранете ги песокот, камењата, шајките и
другите предмети што се наоѓаат во рамки
на работната област. Надворешните предмети
може да го оштетат алатот за сечење и може
да предизвикаат опасни повратни удари.
7.
Ако алатот за сечење удри во камења или
други тврди предмети, веднаш исклучете го
моторот и проверете го алатот за сечење.
Проверувајте дали има оштетувања на
8.
алатот за сечење на редовни, кратки
временски интервали (проверка за
пукнатини со потчукнување и одредување
според звукот).
Пред да започнете со сечење, алатот за
9.
сечење мора да достигне полна работна
брзина.
10. Алатот за сечење мора секогаш да биде
опремен со соодветен штитник. Никогаш
не работете со опремата со оштетени
штитници или без поставени штитници!
Сите заштитни елементи и штитници
11.
испорачани со опремата мора да се
користат за време на работата.
12. Секогаш вадете ја касетата за батерија од
опремата:
кога ја оставате опремата без ваше
присуство;
пред да пристапите кон деблокирање;
пред проверување, чистење или
изведување работи врз опремата;
откако ќе удрите во надворешен
предмет;
кога опремата ќе започне да вибрира
ненормално.
13. Секогаш осигурувајте се дека отворите за
вентилација се одржуваат чисти.
14. Средствата за сечење продолжуваат да
работат откако моторот ќе се исклучи.
15. Доколку сечилата престанат да се движат
поради заглавувањето туѓи предмети
помеѓу нив за време на работата, исклучете
го алатот и отстранете ја касетата за
батерија, а потоа отстранете ги туѓите
предмети користејќи алати како клешта.
Отстранувањето на туѓите предмети со раце
може да предизвика повреда од причина што
сечилата може да се поместат како реакција на
отстранување на туѓите предмети.
Алати за сечење
Употребете го само соодветниот алат за
сечење за работата што треба да се изведе.
Упатства за одржување
Состојбата на опремата, конкретно на
1.
заштитните уреди на алатот за сечење, мора
да се провери пред да се започне со работа.
2.
Исклучете го моторот и извадете ја касетата
за батерија пред да изведете одржување,
замена на алати за сечење или чистење на
опремата или алатот за сечење.
62 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents