Makita JV002G Instruction Manual page 52

Hide thumbs Also See for JV002G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА: Држете го притиснат прекинувачот
за блокирање за да се префрлате меѓу трите
нивоа на осветлување.
НАПОМЕНА: Осветлувањето на ламбата не може
да се нагодува додека алатот се наоѓа во режим
на готовност. За да ја приспособите осветленоста,
исклучете го алатот, па повторно вклучете го.
НАПОМЕНА: Ламбата се осветлува со истото ниво
на осветлување како и последниот пат кога алатот
се користел.
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
Бирач за нагодување на брзината
► Сл.6: 1. Бирач за нагодување на брзината
Брзината на алатот може да се нагодува со вртење
на бирачот за нагодување на брзината. Највисоката
брзина е на 6, а најниската на 1.
Видете ја табелата за да ја изберете соодветната
брзина за материјалот што ќе се сече. Сепак,
соодветната брзина може да се менува во зависност
од видот или дебелината на материјалот. Општо,
поголемите брзини ви дозволуваат да го сечете
работниот материјал побрзо, но ќе се намали
работниот век на ножот на убодната пила.
Работен материјал
Дрво
Мек јаглероден челик
Нерѓосувачки челик
Алуминиум
Пластика
ЗАБЕЛЕШКА:
Бројченикот за нагодување на
брзината може да се сврти само до бројот 6 и
назад до бројот 1. Не форсирајте го надвор од
броевите 6 или 1, во спротивно функцијата за
нагодување на брзината може да престане да
работи.
Електронска функција
За полесно работење, алатот е опремен со
електронски функции.
Меко стартување
Функцијата за меко стартување го сведува почетниот
удар на минимум и овозможува алатот да се
стартува глатко.
Контрола на постојана брзина
Електронско контролирање на брзината за
постигнување постојана брзина. Може да се изврши
добра завршна обработка, бидејќи брзината на
вртење е постојана дури и при преоптовареност.
Број
4 - 6
3 - 6
3 - 4
3 - 6
1 - 4
Мека ротација без оптоварување
Кога бројченикот за нагодување на брзината е
поставен на „3" или повисоко, алатот автоматски
ја намалува брзината при неоптовареност
за намалување на вибрациите и едноставно
порамнување на ножот на убодната пила со
линијата за сечење. Штом алатот ќе почне со
сечење на работниот материјал, брзината на алатот
се намалува и ја достигнува претходно поставената
брзина.
НАПОМЕНА: Кога температурата е ниска,
функцијава може да не е достапна. Функцијата
исто така може да не е достапна, зависно од типот
на материјалот.
НАПОМЕНА: Оваа функција нема да работи
ако прекинувачот за стартување не се повлече
доволно за да се зголеми брзината, дури и ако
прстенот за нагодување на брзината е поставен на
„3" или повеќе.
НАПОМЕНА: Доколку брзината не се намали по
сечењето на работниот материјал, исклучете го
алатот и повторно вклучете го.
Оневозможување или овозможување
на функцијата за мека ротација без
оптоварување
За да ја оневозможите или овозможите функцијата
за мека ротација без оптоварување, следете ги
чекорите опишани подолу.
1.
Проверете дали алатот е исклучен.
2.
Поставете го бирачот за нагодување на
брзината на „1".
3.
Притиснете го прекинувачот за блокирање за
да се вклучи алатот.
4.
Свртете го бирачот за нагодување на брзината
на „6" и потоа поставете го назад на „1".
Ламбата трепнува двапати кога функцијата за мека
ротација без оптоварување е оневозможена или
овозможена. За повторно да ја овозможите или
оневозможите функцијата, повторно извршете ја
истата постапка.
НАПОМЕНА: Доколку функцијата за мека ротација
без оптоварување е оневозможена, ламбата
трепнува двапати кога алатот е вклучен.
НАПОМЕНА: Функцијата за мека ротација без
оптоварување исто така може да ја оневозможите
или овозможите со менување на бирачот за
нагодување на брзината од „6" - „1" - „6".
Електрична сопирачка
Алатот е опремен со електрична сопирачка. Ако
алатот постојано не успева брзо да запре по
отпуштање на прекинувачот за стартување, алатот
треба да се однесе на сервис во сервисен центар
на Makita.
52 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Jv002gz

Table of Contents