Download Print this page

AEG MH 5 E Original Instructions Manual page 49

Hide thumbs Also See for MH 5 E:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
да резултираат со губење на контролата над алатката, што
може да доведе до лична повреда.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Носете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштитни
очила. Носењето соодветна заштитна опрема, како што се
заштитна маска за прав, чевли што не се лизгаат, заштитен
шлем или заштита за слух, го намалува ризикот од повреда.
Пршината која се создава при користење на овој алат може да
биде штетна по здравјето. Не ја вдишувајте. Носете соодветна
заштитна маска.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да
го загрозат здравјето (на пр. азбест).
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш да
се исклучи апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно
додека употребуваното орудие е блокирано; притоа би можело
да дојде до повратен удар со висок момент на реакција.
Испитајте и отстранете ја причината за блокирањето на
употребеното орудие имајќи ги во предвид напомените за
безбедност.
Mожни причини би можеле да се:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• Кршење поради продирање на материјалот кој што се
обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Алатката има остри рабови и може да се загрее за време на
работата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од исеченици и изгореници
– при ракување со алатката
– при спуштање на уредот.
Носете заштитни ракавици кога ракувате со алатката.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека
е машината работи.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната
површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги
избегнете електричните, гасните и водоводни инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за
напон. Необезбедени парчиња кои што се обработуваат можат
да предизвикаат тешки повреди и оштетувања.
Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете го
кабелот од струјата.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
KH 5 E: Пневматскиот чекан може да биде употребуван
универзално за дупчење, клесање во камен и бетон.
MH 5 E: Чеканот може да се користи за клесање и демолирање.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
96
МАКЕДОНСКИ
ЕK-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Како производител, изјавуваме под целосна одговорност дека
„Техничките податоци" подолу го опишуваат производот со сите
релевантни одредби од регулативите 2011/65/ЕУ (RoHS),
2014/30/ЕЗ, 2006/42/ЕЗ и се усогласени со следниве
хармонизирани регулаторни документи:
EN 62841-1:2015+A11:2022
EN 62841-2-6:2020
EN IEC 55014-1:2021
EN IEC 55014-2:2021
EN 61000-3-2:2014
EN 61000-3-3:2013
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2022-11-26
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба
особено да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и
ограничете го времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето
на експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги панталони и цврсти
чевли.
• Вдишување токсични прашини.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Уредите кои се користат на многу различни локации вклучувајки
и отворен простор мора да бидат поврзани за струја преку
направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон
наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на
приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува на
безбедност од 2 класа.
Бидете сигурни дека машината е исклучена пред да ја вклучите
во струја.
Овој апарат претставува апарат за професионална употреба, кој
може незначително да ги пречекори ориентационите вредности
за струјни горни бранови при приклучување на јавната мрежа за
низок напон. Затоа пред приклучување на апаратот на јавна
мрежа за низок напон по потреба контактирајте со компанијата
што е одговорна за вашето напојување со електрична енергија.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Не користете премногу сила при дупчење или ковање.
Оставете ја ударната дупчалка да ја заврши работата за вас.
РАЗБИВАЊЕ ВО СТУД
Ако уредот за разбивање е зачуван подолг временски период
или на ниски температури, лубрикантот може да зацврсти и
уредот за разбивање на почетокот нема да може да разбива или
ефикасноста на разбивање може да биде премногу ниска. Ако
тоа се случи:
1. ставете длето во уредот за разбивање.
2. ставете го уредот за разбивање на преостанато парче
бетон.
3. притиснете и ослободете го прекинувачот на секои неколку
секунди.
По 15 секунди до 2 минути, уредот за разбивање започнува да
разбива нормално. Колку е постуден уредот за разбивање, толку
подолго треба да се загрева.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Важна забелешка! Доколку карбонските четкички се истрошени,
со цел истите да бидат заменети алатот треба да биде пратен
во постпродажниот центар. Ова ќе обезбеди долг употребен век
и највисоки перформанси.
Ако приклучниот мрежен вод е оштетен, тој мора да биде
заменет од служба за клиенти, бидејќи за тоа е потребен
посебен алат.
Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
AEG (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на
алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот
на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата
кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic Industries
GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Секогаш кога преземате активности врз
машината исклучете го кабелот од струјата.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Носете ракавици!
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Антивибрацискиот систем ги намалува
вибрациите на машината на рачката.
Не отстранувајте ја отпадната електрична и
електронска опрема како несортиран комунален
отпад.
Отпадната електрична и електронска опрема
мора да се собира посебно.
Отпадните извори на светлина треба да се
отстранат од опремата. Проверете кај вашиот
локален орган или продавач за совети за
рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи,
трговците на мало може да се обврзани
бесплатно да ја преземаат отпадната
електрична и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадната електрична и
електронска опрема помага да се намали
побарувачката на суровини.
Отпадната електрична и електронска опрема
содржи вредни материјали за рециклирање, кои
може негативно да влијаат на животната
средина и на здравјето на луѓето доколку не се
отстранат на еколошки компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку ги има.
Електрично орудие од заштитната категорија II.
Електрично орудие чијашто заштита од
електричен удар не зависи само од основната
изолација туку и од тоа дали ќе се применат
дополнителните заштитни мерки како што се
двоструките изолации или појачаната изолација.
Не постои никаква направа за приклучување на
некој заштитен вод.
n
Вртежи на празен од
0
Напон
V
Наизменична струја
Европска ознака за сообразност
Regulatory Compliance Mark (RCM). Производот
ги исполнува важечките прописи.
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
97

Advertisement

loading

This manual is also suitable for:

Kh 5 e