Makita DVC261 Instruction Manual page 67

Cordless backpack vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for DVC261:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Стега за црево
Стегата за црево може да се користи за држење на
цревото или наставката.
За да се прицврсти цревото на правосмукалката,
проврете ја стегата за црево низ отворот на самата
правосмукалка. Стегата за црево може да ја
прикачувате на обете страни.
► Сл.10: 1. Стега за црево 2. Отвор 3. Црево
За да се стави наставката на долниот ремен, проврете
ја стегата за црево низ јамката на долниот ремен.
► Сл.11: 1. Стега за црево 2. Наставка
Кука за црево
Кога ќе престанете со работа, куката и составот од
свиткана цевка може да се користат за закачување
на цевката на долниот ремен.
► Сл.12
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, секогаш проверувајте дали
е исклучен и батеријата е извадена.
Склопување на цревото
Вметнете го обрачот на цревото во правосмукалката
и завртете го надесно.
► Сл.13: 1. Обрач на цревото 2. Тело на
правосмукалката
Користење како правосмукалка
Прикачување состав од свиткана цевка
Опционален прибор
НАПОМЕНА: Не треба да ја изведувате оваа
постапка ако составот од свиткана цевка на
вашиот модел веќе е прикачен на цревото.
НАПОМЕНА: Има два типа состави од свиткана
цевка; едниот за продолжна цевка од типот
на лизгање, а другиот за продолжна цевка од
типот со прстен. Ако го подготвувате составот од
свиткана цевка, изберете го оној за саканиот тип
продолжна цевка.
Составот од свиткана цевка се користи за
поврзување на продолжната цевка или додатокот за
смукање со производов.
Ако сакате да го користите производов како
вакуумска правосмукалка, прикачете го составот од
свиткана цевка на цревото.
За да го прикачите, одвртете го предниот муф од
цревото и зацврстете ја ниплата на составот од
свитканата цевка на цревото.
За да го отстраните, олабавете ја ниплата на
составот од свиткана цевка од цревото.
► Сл.14: 1. Црево 2. Состав од свиткана цевка
3. Муф
Составување на додатокот и цевката
Опционален прибор
НАПОМЕНА: Типот на додатокот и цевката што се
вклучени во производот се разликува зависно од
земјата. Во некои земји, додатокот и цевката не се
вклучени.
1.
Свртете го и вметнете го додатокот на продолжната цевка.
► Сл.15: 1. Продолжна цевка 2. Наставка 3. Додаток во
облик на Т 4. Додаток во облик на Т (тенка)
НАПОМЕНА: Со вртење на додатокот додека го
вметнувате, тој може безбедно да се прикачи на
продолжната цевка.
НАПОМЕНА: За моделот со црево со ø38 мм
и преден муф 38, прикачете го доставениот
додаток на алуминиумската свиткана цевка/
алуминиумската права цевка.
2.
Следете ја постапката подолу, зависно од типот
на продолжна цевка:
НАПОМЕНА: Продолжната цевка од типот на
лизгање и од типот со прстен не се компатибилни
една со друга. Ако сакате да ја смените
продолжната цевка од типот на лизгање со онаа
од типот со прстен или обратно, сменете го и
составот од свиткана цевка.
НАПОМЕНА: Наставката може да се прикачи
директно на составот од свиткана цевка.
За продолжна цевка од типот на лизгање
Ставете го телото на вакуумската правосмукалка на рамо,
а потоа вметнете ја продолжната цевка во составот од
свиткана цевка додека не кликне. За да ја отстраните,
извадете ја продолжната цевка притискајќи го копчето.
► Сл.16: 1. Состав од свиткана цевка 2. Копче
3. Продолжна цевка од типот на лизгање
4. Наставка
Должината на цевката може да се нагодува.
Притискајќи го копчето за лизгање, нагодете ја
должината на цевката. Должината е фиксирана кога
ќе се отпушти копчето за лизгање.
► Сл.17: 1. Копче за лизгање
За продолжна цевка од типот со прстен
Ставете го телото на вакуумската правосмукалка на
рамо, а потоа завртете ја и вметнете ја продолжната
цевка во составот од свиткана цевка. За да ја
отстраните, завртете ја и извадете ја.
► Сл.18: 1. Состав од свиткана цевка 2. Продолжна
цевка од типот со прстен 3. Наставка
Должината на цевката може да се нагодува.
Олабавете го прстенот на цевката и нагодувајте
ја нејзината должина. Стегнете го прстенот кај
саканата должина.
► Сл.19: 1. Прстен
За алуминиумската свиткана цевка/
алуминиумската права цевка
(Само за моделот со црево со ø38 мм и преден муф 38)
Ставете го телото на вакуумската правосмукалка на рамо,
а потоа завртете ја и вметнете ја цевката во предниот
муф. За да ја отстраните, завртете ја и извадете ја.
► Сл.20: 1. Преден муф 38 2. Алуминиумска
свиткана цевка 3. Алуминиумска права
цевка 4. Додаток
67 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dvc261zx

Table of Contents