Makita DVC261 Instruction Manual page 63

Cordless backpack vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for DVC261:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
4.
НИКОГАШ НЕ УПОТРЕБУВАЈТЕ ЈА
ПРАВОСМУКАЛКАТА ВО БЛИЗИНА НА
БЕНЗИН, ПЛИН, БОЈА, ЛЕПИЛА ИЛИ ДРУГИ
СИЛНОЕКСПЛОЗИВНИ СУПСТАНЦИИ.
Прекинувачот создава искри при неговото
ВКЛУЧУВАЊЕ и ИСКЛУЧУВАЊЕ. Истото
го прави и менувачот на моторот додека
работи. Може да настане опасна експлозија.
Оваа правосмукалка не е предвидена за
5.
смукање опасен прав.
Никогаш не користете ја правосмукалката за
6.
смукање токсични, канцерогени, запаливи или
други опасни материјали, како што се азбест,
арсен, бариум, берилиум, олово, пестициди
или други материјали опасни по здравјето.
Никогаш не користете ја правосмукалката на
7.
отворено додека врне дожд.
8.
За Финска, оваа машина не смее да се
користи надвор на ниски температури.
9.
Не користете ја во близина на топлински
извори (печки и сл.).
10. Не блокирајте ги отворите за ладење. Овие
отвори овозможуваат ладење на моторот.
Блокирањето треба внимателно да се
избегнува бидејќи во спротивно, моторот ќе
прегрее заради недостиг на вентилација.
11.
Одржувајте добра стабилност и рамнотежа
со нозете цело време.
12. Немојте да го превиткувате, влечете или да
газите врз цревото.
13. Исклучете ја правосмукалката веднаш ако
забележите намалување на можностите
или што било неправилно во текот на
работењето.
14. ИЗВАДЕТЕ ГИ БАТЕРИИТЕ. Кога не се користи,
пред сервисирање и при промена на додатоци.
15. Исчистете ја и сервисирајте ја
правосмукалката непосредно по секоја
употреба за да ја одржувате во добра
работна состојба.
16. ОДРЖУВАЈТЕ ЈА ПРАВОСМУКАЛКАТА
ГРИЖЛИВО. Одржувајте ја правосмукалката
чиста за подобра и посигурна изведба.
Следете ги упатствата за промена на
додатоци. Рачките нека бидат суви, чисти и
без масло и маснотии.
17. ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА ОШТЕТЕНИ
ДЕЛОВИ. Пред натамошната употреба на
правосмукалката, треба да се провери дали
има оштетен штитник или друг дел за да се
утврди дека ќе работи исправно и правилно
ќе ја извршува својата функција. Проверете
ги порамнувањето на подвижните делови,
прицврстеноста на подвижните делови,
трошењето на деловите, монтажата и која
било друга состојба што може да влијае
врз работењето. Оштетените штитник
или друг дел треба соодветно да се
поправат или да се заменат во овластен
сервисен центар, освен ако не е поинаку
наведено во ова упатство за користење.
Заменете ги неисправните прекинувачи во
овластен сервисен центар. Не користете ја
правосмукалката ако не може да се вклучи и
исклучи со прекинувачот.
18. РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ. При сервисирањето,
користете само идентични резервни делови
за замена.
19. СКЛАДИРАЈТЕ ЈА ПРАВОСМУКАЛКАТА
КОГА НЕ СЕ КОРИСТИ. Кога не се користи,
правосмукалката треба да се складира во
затворен простор.
20. Бидете внимателни со вашата
правосмукалка. Ако со неа се ракува грубо,
тоа може да предизвика кршење дури и на
најцврсто изградената правосмукалка.
21. Не обидувајте се да ја чистите
надворешноста или внатрешноста со
бензин, разредувач или хемиски средства
за чистење. Може да дојде до пукнатини и
промена на бојата.
22. Не користете ја правосмукалката во затворен
простор каде што има запаливи, експлозивни
и отровни испарувања од маслени бои,
разредувачи на боја, бензин, некои средства
против молци итн. или во области каде што
има присуство на запалив прав.
23. Не ракувајте со правосмукалката ако сте
под дејство на наркотични средства или
алкохол.
24. Како основно правило за безбедност,
користете заштитна маска или заштитни
очила со странични штитници.
25. Користете маска за заштита од прав кога
работите во правливи услови.
26. Оваа машина не е наменета за употреба
од лица, вклучувајќи деца, со намалени
физички, сетилни или психички
способности или од лица кои немаат
доволно искуство и знаење.
27. Децата треба да се надгледуваат за да
се уверите дека нема да си играат со
правосмукалката.
28. Никогаш не ракувајте со батеријата(иите) и
правосмукалката со влажни раце.
29. Бидете многу внимателни при чистење
скали.
30. Не користете ја правосмукалката како стол
или како работна маса. Машината може
да падне и тоа да резултира со телесна
повреда.
Користење и грижа за алатот на батерии
1.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
2.
Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда или пожар.
3.
Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
шрафови или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок. Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
63 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dvc261zx

Table of Contents