Makita DLM480 Instruction Manual page 83

Cordless lawn mower
Hide thumbs Also See for DLM480:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте ја
машината пред да ја монтирате или отстраните
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги машината
и касетата за батеријата цврсто кога ја
монтирате или вадите касетата за батеријата.
Ако не ги држите цврсто машината и касетата
за батеријата, тие може да се лизнат од вашите
раце и да дојде до нивно оштетување, како и до
телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Осигурете се да го блокирате
капакот на батеријата пред употребата. Во спротивно,
калта, нечистотиите или водата може да предизвикаат
оштетување на производот или на батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја касетата
за батерија целосно додека црвениот индикатор
не се изгасне. Во спротивно, може ненадејно да
испадне од машината, предизвикувајќи ви повреда
вам или на некој друг околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
ВНИМАНИЕ:
Држете го цврсто капакот
за батеријата кога ја монтирате или вадите
касетата за батеријата.
НАПОМЕНА: Машината не работи само со една
касета за батерија.
За да ја монтирате батеријата;
1.
Повлечете го лостот за блокирање нагоре, а
потоа отворете го капакот за батеријата.
► Сл.15: 1. Капак на батеријата 2. Лост за
блокирање
2.
Порамнете ги јазичето од касетата за батерија
со отворот на машината, потоа турнете ја касетата
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
мало кликнување.
► Сл.16: 1. Касета за батерија
3.
Вметнете го клучот за блокирање во местото
покажано на сликата и турнете го до крај.
► Сл.17: 1. Клуч за блокирање
4.
Затворете го капакот на батеријата и туркајте
го додека не се стегне со рачката за блокирање.
За да ја отстраните касетата за батеријата;
1.
Повлечете го лостот за блокирање нагоре и
отворете го капакот за батеријата.
2.
Повлечете ја касетата за батеријата од
машината додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
3.
Извлечете го клучот за блокирање.
4.
Затворете го капакот на батеријата.
Систем за заштита на машината/
батеријата
Машината е опремена со систем за заштита на
машината/батеријата. Овој систем автоматски
го прекинува напојувањето на моторот за да
го продолжи работниот век на машината и на
батеријата. Машината автоматски ќе се исклучи
за време на работењето ако тој или батеријата се
најдат под еден од следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со батеријата се ракува на начин што
предизвикува повлекување нетипично висока
струја, машината автоматски се исклучува и
ламбичката за главно напојување трепка зелено.
Во таква ситуација, исклучете ја машината и
запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, вклучете ја машината за
да се рестартира.
Заштита од прегревање
Кога машината или батеријата се прегреани,
машината автоматски ќе запре и ламбичката за
главно напојување трепка црвено. Во овој случај,
оставете ги машината и батеријата да се оладат
пред повторно да ја вклучите.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата не е доволен,
машината автоматски ќе запре и ламбичката за
главно напојување трепка црвено. Во овој случај,
извадете ја батеријата од машината и наполнете
ги касетите за батерија или сменете ги со целосно
наполнети.
Заштита од други причини
Системот за заштита исто така е дизајниран и за
други причини што може да ја оштетат машината и
овозможува таа да запре автоматски. Преземете ги
сите следни чекори за да ги отстраните причините
кога машината е доведена до привремено запирање
или престанување на работата.
1.
Исклучете ја машината и потоа повторно
вклучете ја за да се рестартира.
2.
Наполнете ја батеријата(ите) или заменете ја/
ги со наполнета батерија(и).
3.
Оставете ги машината и батеријата(ите) да се
оладат.
Доколку не дојде до подобрување со враќање на
системот за заштита, контактирајте со локалниот
сервисен центар на Makita.
ЗАБЕЛЕШКА:
причина што не е опишана погоре, погледнете
го делот за решавање проблеми.
83 МАКЕДОНСКИ
Ако машината сопре поради

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents