Makita DLM382 Instruction Manual page 57

Hide thumbs Also See for DLM382:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
23. Отпуштете го лостот на прекинувачот и
почекајте сечилото да запре со вртење пред
да преминете преку улица, патека, патишта
и какви било области покриени со чакал.
Исто така, извадете го клучот за блокирање
ако ја оставате косилката, се обидувате да
подигнете нешто или да отстраните нешто
од вашиот пат или заради каква било друга
причина што може да го одвлече вашето
внимание од работата што ја извршувате.
24. Ако косилката удри во надворешен предмет,
следете ги овие чекори:
- Запрете ја косилката, отпуштете ја рачката
на прекинувачот и почекајте додека
сечилото целосно не застане.
- Извадете ги клучот за блокирање и
касетата за батеријата.
- Внимателно проверете дали на косилката
има какви било оштетувања.
- Заменете го сечилото ако е оштетено
на каков било начин. Поправете ги сите
оштетувања пред одново да ја стартувате и
да продолжите да работите со косилката.
25. Не стартувајте ја косилката додека стоите
пред отворот за исфрлање.
26. Ако косилката почне да вибрира
абнормално (веднаш проверете)
- проверете дали има оштетувања,
- заменете ги или поправете ги сите
оштетени делови,
- проверете ги и прицврстете ги сите
олабавени делови.
27. Никогаш не насочувајте го исфрлениот
материјал кон некого. Избегнувајте
исфрлање на материјалот кон ѕид или
препрека. Материјалот може да се одбие
наназад кон операторот. Сопрете го сечилото
при поминување преку површини со чакал.
28. Не тегнете ја косилката наназад освен ако
не е апсолутно неопходно. Кога треба да ја
вратите косилката наназад од ограда или друга
слична пречка, погледнете надолу и зад вас
пред и за време на враќањето наназад.
29. Исклучете го моторот и почекајте додека
сечилото не сопре целосно пред да го
отстраните делот за трева. Внимавајте на
вртењето на сечилата по исклучувањето.
Одржување и чување
Заменувајте ги изабените и оштетените
1.
делови заради безбедност. Користете само
оригинални делови и додатоци за замена.
2.
Проверувајте ја и одржувајте ја косилката
редовно.
3.
Кога не се користи, складирајте ја косилката
надвор од дофат на деца.
4.
Одржувајте ги сите навртки и завртки
стегнати за да бидете сигурни дека
опремата е во безбедна работна состојба.
Често проверувајте дали корпата за трева е
5.
изабена или дотраена. За складирање, секогаш
погрижете се корпата за трева да е празна.
Заменете ја изабената корпа за трева со нова,
фабрички заменета, заради безбедност.
6.
Користете само оригинални сечила од
производителот назначени во ова упатство.
7.
Внимавајте при прилагодувањето на
косилката да спречите да дојде до
заглавување на прстите помеѓу сечилата што
се движат и фиксните делови на косилката.
8.
Не користете црево за прскање.
Избегнувајте вода да навлезе во моторот и
електричните поврзувања.
9.
Проверувајте на чести временски
интервали, дали завртката за монтирање на
сечилото е правилно стегната.
10. Секогаш оставајте ја косилката да се олади
пред да ја складирате.
11.
Кога ги сервисирате сечилата, имајте
предвид дека дури и ако алатот не е
приклучен во извор на електрична енергија,
сечилата сè уште може да се во движење.
12. Никогаш не отстранувајте ги и не менувајте
ги безбедносните уреди. Проверувајте
го нивното правилно функционирање
редовно. Никогаш не правете нешто што
би ја попречило наменетата функција на
безбедносниот уред или би ја намалило
заштитата што тој ја дава.
Користење и грижа за алатот на батерии
1.
Полнете само со полначот одреден од
страна на производителот. Полнач што
е соодветен за еден тип батерија може да
создаде ризик од пожар кога се користи со
друга батерија.
2.
Исклучиво користете ги електричните
алати со конкретно наменети батерии.
Користењето други батерии може да создаде
ризик од повреда или пожар.
3.
Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети,
како што се спојувалки, монети, клучеви,
шрафови или други мали метални предмети
што можат да послужат како врска од
еден на друг приклучок. Краткиот спој на
батериските приклучоци може да доведе до
изгореници или пожар.
4.
При случаи на злоупотреба, од батеријата
може да истече течност. Избегнувајте
контакт со неа. Ако дојде до ненамерен
контакт, измијте со вода. Ако течноста дојде
во допир со очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течноста што истекла од
батеријата може да предизвика иритација или
изгореници.
Не користете батерии или алат што се
5.
оштетени или менувани. Оштетените или
менуваните батерии може да прикажуваат
непредвидливо однесување што резултира со
оган, експлозија или опасност од повреда.
Не изложувајте ги батериите или алатот
6.
на оган или прекумерна температура.
Изложувањето на оган или температура над
130°C може да предизвика експлозија.
7.
Следете ги сите упатства за полнење
и не полнете ги батериите или алатот
надвор од температурниот опсег наведен
во упатството. Неправилното менување
или менувањето на температури надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата
и да ја зголеми опасноста од оган.
57 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dlm432

Table of Contents