Makita DLM382 Instruction Manual page 56

Hide thumbs Also See for DLM382:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
5.
Секогаш носете заштитни очила за да ги
заштитите очите од повреда кога користите
електрични алати. Очилата мора да се
усогласени со ANSI Z87.1 во САД, EN 166 во
Европа или AS/NZS 1336 во Австралија/Нов
Зеланд. Во Австралија/Нов Зеланд исто така
постои законска обврска за носење штитник
за лице за да си го заштитите лицето.
Работодавачот е одговорен дали
операторите со алатот и другите лица
во непосредната работна околина носат
соодветна безбедносна заштитна опрема.
6.
Пред работата, проверете дали има
пукнатини или оштетувања на сечилото или
на неговите завртки. Веднаш заменете ги
сечилата или завртките ако имаат пукнатини
или оштетувања.
7.
Отстранете ги надворешните материи, како
што се камења, жици, шишиња, коски и
поголеми стапчиња од работната област пред
да започнете со косење за да спречите телесна
повреда или оштетување на косилката.
8.
Предметите заглавени во сечилото на
косилката за трева може да предизвикаат
тешки повреди кај луѓето. Тревникот треба
секогаш внимателно да се прегледа и да
се расчисти од сите предмети пред секое
започнување со косење.
9.
Внимавајте на дупки, бразди, грутки, камења
или други сокриени предмети. Нерамниот
терен може да предизвика незгода од лизгање и
паѓање. Високата трева може да крие пречки.
Работење
Не пресегајте предалеку. Одржувајте
1.
рамнотежа цело време. Секогаш внимавајте
како газите по стрмнини. Одете, никогаш не
трчајте.
2.
Сопрете ја косилката и извадете го клучот
за блокирање, потоа осигурете се дека сите
подвижни делови целосно запреле:
- секогаш кога ја оставате косилката,
- пред чистење затнати места или
одзатнување на резервоарот,
- пред извршување проверка, чистење или
изведување работи врз косилката,
- откако ќе удрите во некој предмет.
Проверете дали на косилката има
оштетувања и поправете ја пред одново да
ја стартувате и да ракувате со неа,
- кога косилката ќе започне да вибрира
ненормално.
3.
Никогаш не работете со косилката со
неисправни штитници или прегради, или
без да се поставени безбедносни уреди, на
пример, одбивачи и/или корпи за трева.
4.
Избегнувајте користење на косилката при
лоши временски услови, особено кога има
ризик од грмотевици.
5.
Носете заштита за очите и обувки со
дебел ѓон цело време додека работите со
косилката.
6.
Работете со косилката само дење или на
добро вештачко светло.
7.
Внимателно вклучете ја косилката во
согласност со упатствата, држејќи ги
стапалата подалеку од сечилото(ата).
8.
Внимавајте да не дојде до повреда
на стапалата и рацете од сечилата на
косилката.
Секогаш осигурувајте се дека отворите за
9.
вентилација се чисти.
10. На падини, косете напречно, никогаш
надолу или нагоре. Бидете многу
претпазливи кога менувате насока на
падини. Не косете многу стрмни падини.
11.
Бидете многу внимателни кога ја ставате во
рикверц или кога ја влечете косилката кон вас.
12. Сопрете го сечилото(ата) ако косилката
треба да се навали за превоз кога се
поминуваат површини што не се тревни
и кога ја пренесувате косилката до и од
подрачјето што треба да се коси.
13. Не навалувајте ја косилката кога го
вклучувате моторот, освен ако косилката
мора да се навали за да се стартува. Во овој
случај, не навалувајте ја повеќе отколку
што е апсолутно потребно и подигнете го
само оној дел што е подалеку од ракувачот.
Секогаш уверете се дека двете раце се
во работна позиција пред да ја вратите
косилката на земјата.
14. Не ставајте ги рацете или стапалата близу
или под вртливите делови. Бидете подалеку
од отворот за исфрлање во секое време.
15. Не транспортирајте ја косилката додека таа
е вклучена.
16. Избегнувајте да работите со косилката на
влажна трева.
17. Никогаш не работете со косилката на дожд.
18. Секогаш цврсто држете ја рачката.
19. Не фаќајте ги изложените сечила или
рабови за сечење кога ја кревате или
држите косилката.
20. Држете ги рацете и стапалата подалеку од
сечилата што вртат. Внимание - Сечилата
продолжуваат да вртат откако ќе се исклучи
косилката.
21. Ако забележите нешто необично, веднаш
запрете со работа. Исклучете ја косилката
и извадете го клучот за блокирање. Потоа,
проверете ја косилката.
22. Ако косилката има функција за нагодување
на висината, никогаш не обидувајте се да
ја нагодите висината на сечењето додека
косилката работи.
56 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dlm432

Table of Contents