Makita DUC101 Instruction Manual page 72

Cordless pruning saw
Hide thumbs Also See for DUC101:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
► Сл.3: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за
батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
За монтирање на касетата за батерија, порамнете
го јазичето на касетата за батерија со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја докрај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
звук. Ако можете да го видите црвениот индикатор
како што е прикажано на сликата, не е целосно
блокирана во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне. Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
► Сл.4: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот или батеријата се работи на начин
што предизвикува повлекување прекумерно висока
струја, алатот автоматски се исклучува. Во оваа
ситуација, исклучете го алатот и прекинете ја
апликацијата која предизвикала преоптоварување
на алатот. Потоа, вклучете го алатот за да го
рестартирате.
72 МАКЕДОНСКИ
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Duc150

Table of Contents